Teachers - Наставници

ИНИЦИЈАЛНО (ПОЈДОВНО) ОБРАЗОВАНИЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Потребите за современи промени во образованието на наставниците произлегуваат од потребата на новонастантите состојби поврзани со социјално-економските текови, технолошкиот, културниот и образовно-научниот развој, развојот на комуникациско-информатичката технологија и др. Неопходните промени кои треба да се случат во образованието на воспитно-образовниот кадар произлегуваат од новите разновидни и сложени улоги во новото, современо училиште и новите општествени текови. Актуелните состојби кај нас во сферата на обаразование на воспитно-образовниот кадар укажуваат на немање изедначеност во стручниот, педагошкиот, психолошкиот, а посебно во методичкиот дел на образување на новиот воспитно-образовен кадар, посебно во делот на временската рамка на неговото траење и изведување.

            Во овој дел посебно треба да се спомене дека треба да се воспостави усогласеност на моделот на образување на воспитно-образовен кадар, со оној модел кој е својствен за земјите од ЕУ и земјите кои предначат во светски рамки во однос на образувањето на квалитетен воспитно-образовен кадар.

Воспитно-образовниот процес претставува интерперсонален однос во кој се вклучени учење преку меѓусебен дијалог, корелација, развој на способностите на учениците, создавање и развивање на умствена критика, духовна и емоционална стабилност итн. Интеракциските односи во училиштата и надвор од нив, во голема мерка влијаат во обликувањето на интересот на младите, нивниот поттик и мотивација или пак занемарување и успорување на ефикасноста и квалитетот кој е поврзан со воспитно-образовниот процес, а со самото тоа доаѓа до определување на положбата на наставникот и ученикот. Во воспитно-образовното работење се препорачува на интерактивен однос на релација наставник-ученик, во кој однос главната улога треба да ја има ученикот, односно неговата зрела личност која продуцира креативност, толеранција и прифаќање на различностите, критичко мислење. За таа цел наставникот треба да почне да се оспособува, односно образува да создава вакви ученици уште во неговото базично образование, пред да биде вклучен во воспитно-образовната дејност.

Во нашата земја присутен е и еден негативен тренд последниве години, а тоа е да опаѓа интересот на студенти кои стручно ќе се образуваат да изведуваат настава поврзана со предметите од природните науки, овој тренд е посебно евидентен за предметите физика и математика. Во нашава земја постојат региони каде има дефицит од ваков наставен кадар, а  во агенциите за вработување нема ниту еден дипломиран наставник кој чека вработување за да ги реализира претходно споменатите предмети. Да се надеваме дека овој негативен тренд во скоро време ќе биде надминат и дека ќе се зголеми интересот за студирање на наставните насоки на факултетите за посочените предмети.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.