Teachers - Наставници

НАЈЧЕСТО ПРАКТИКУВАНИ АКТИВНОСТИ И ОБЛИЦИ НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Професионалниот развој на наставниците може да се спроведува во и надвор од училиштето. Кој начин и да се одбере, битно е профсесионалниот развој да биде континуиран, добро испланиран, применлив и функционален, а на крај преку него да се зголеми професионалниот ангажман и знаење на наставницита со цел кај учениците да се бележи напредување и успех во совладувањето на наставниот материјал содржан во наставните програми.

Училиштето во однос на професионалниот развој на наставниците треба да спроведува нагледни часови, кои подоцна ќе подлежат на дискусија и анализа. Училиштето треба да спроведува сопствени истражувања поврзани со воспитно-образовниот процес, проекти во кои главниот интерес ќе биде насочен кон воспитно-образовниот процес, најразлично усовршување на наставниот кадар насочено според потребите кои ги имаат наставниците за поуспешно изведување на воспитно-образовната дејност.

images (1)

За професионалниот развој на наставниците посебно се грижи и Министерството за образование и наука и другите релевантни институции кои функционираат во негов состав, од кои најзначајна улога во професионалниот развој на наставниците има Бирото за развој на образованието. Обуките и програмите се спроведуваат преку: изготвени програмски обуки, стручни студиски патувања, стручни собири, разни видови на организирани работилници, обуки и сл.

Посебна улога во професионалниот развој на наставниот кадар имаат и високообразовните институции. Овие институции вршат обуки на наставниците преку посебно акредитирани програми, а често се случува и други институции, посебно од невладиниот сектор, да ги користат услугите на професорите кои предаваат на високообразовните институции за спроведување на активности поврзани со професионалниот развој на наставниците. Еден од примерите кога високообразовните институции спроведуваа обуки за професионален развој на наставниот кадар со свои акредитирани обуки беше проектот кој го финансираше Светска банка „Проект за модернизација на образованието“, каде што поголемиот број провајдери кои ја спроведуваа обуката беа високообразовни институции.

Облиците на континуираниот професионален развој на наставниците се најразлични. Првенствено тука треба да се споменат оние кои ги организира и спроведува Бирото за развој на образованието. Овие обуки и програми се тесно поврзани со успешната реализација на наставните програми за сите наставни предмети. Исто така, обуките се базираат и врз претходно извршени истражувања од страна на Бирото за развој на образованието и врз база на тие истражувања, се организираат обуки преку кои треба да се надминат детектираните слабости во воспитно-образовниот процес. Бирото за развој на образованието е стручна институција која оценува и одобрува одредени обуки да се спроведуваат по училиштата, доколку училиштата оценат дека нивниот наставен кадар има потреба од такви обуки. Акредитацијата на таквата програма трае две години.

Професионалниот развој на наставниците може да се остварува преку стручни собири. Под стручни собири се подразбираат: конференции, симпозиуми, тркалезни маси, конгреси, советодавни состаноци, трибини.

konferencija

Конференцијата како облик преку кој се реализира професионален развој на наставниците подразбира собир на кој е опфатена за разработка една општа поголема тема. Таа започнува преку воведно пленарно излагање, потоа учесниците се делат во помали групи кои работат на одредени поттеми и на крај сите активности се сумираат и се зазема еден заеднички заклучок, односно став.

 Симпозиумот претставува таков облик на спроведување активности каде наставниците се произнесуваат со свои излагања во однос на одредена тема, потоа таа се обработува и опсервира од повеќе агли.

Тркалезната маса започнува со кратко излагање во однос на темата, а потоа следува дебата помеѓу наставниците на дадената тема и изнајдување можни решенија за надминување на проблемот, односно актуелната состојба.

 Конгресот како организационен облик претставува голем собир на наставници кој започнува со пленарна седница, а понатамошните активности се одвиваат на тој начин што учесниците се делат на помали групи при што разработуваат и дискутираат во однос на различни теми. Истиот завршува со носење на заеднички заклучоци и препораки.

Собирот е сличен по организацијата како и конгресот. На него се собираат повеќе наставници, обично се организира на некој значаен датум поврзан со образовната дејност. Ваквиот собир најчесто претставува традицонален собир, истиот започнува со пленарно излагање на организаторот на собирот. Работата се одвива во помали групи и се дискутира за поединечни теми.

Советодавните состаноци се организираат со цел да се разработи тема за која треба да се донесе одредена одлука преку меѓусебни изнесувања на искуства, предлози, анализи и консултации помеѓу наставниците и останатите поканети релевантни стручни лица.

Трибината како организациски облик за цел има учесниците да се запознаат со одредена тема. Таа започнува со воведно излагање, а потоа следат стручни излагања во однос на темата и расправа по истата.

Летните и зимските школи се организираат првенствено за учениците, но на овие собири меѓусебна соработка преку размена на искуства и знаења имаат и наставниците. И овој вид на школи, слободно може да се вбројат во професионалниот развој на наставниот кадар.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.