Teachers - Наставници

ПРОФЕСИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ ВО ФУНКЦИЈА НА УЧИЛИШНИТЕ РЕФОРМИ

Во спроведувањето на реформите во сферата на воспитно-образовната дејност, од големо значење е професионалното усовршување на воспитно-образовниот кадар. Професионалното усовршување во голема мерка ќе им помогне спремно и успешно да се справат со сите новитети кои се воведуваат во воспитно-образовното работење. Воспитно-образовниот кадар доколку се спротивставува на воведувањето промени, а кои се поттикнати од новото време и целокупниот општествено-технолошки развој на општеството, и истовремено не е подготвен адекватно да се вклучи во профеионалното усовршување треба да знае дека неизбежно ќе се соочи со проблеми поврзани со реализација на предвидените воспитно-образовни цели и задачи, а со самото тоа ќе биде изложен на стрес и незадоволство што ќе има негативни последици по целокупниот воспитно-образовен процес. Тие последици ќе бидат манифестирани во процесот на нивното подучување на учениците, несоодветно излегување во пресрет на потребите на учениците, нарушен комуникациски процес на релација наставник-ученик, а со самото тоа и целокупно нарушена училишна атмосфера.

            Со оглед на тоа што реформите во образованието се постојан и неизбежен процес кој го налага новиот општествено-технолошки начин на живеење, од голема важност е да се согледаат и да се искористат искуствата од земјите на ЕУ и останатите светски развиени земји во однос на влијанието и успешноста во однос на облиците на стручно усовршување кои имале големо влијание во однос на развојот на современото учење и подучување.

            Појдовната основа во традиционалниот пристап на стручното усовршување на воспитно-образовниот кадар од училиштата тргнува од претпоставката дека е доволно наставниците да бидат информирани за новитетите во воспитно-образовната дејност, кои се осмислени, моделирани и испробани без тие да дадат соодветен придонес во истите. Наспроти ова од големо значење е активното вклучување на базата, односно воспитно-образовниот кадар во сите етапи од истражувањата наменети за воспоставување промени, тргнувајќи од тоа дека:

  • воспитанието е специфичен процес за кој многу тешко може однапред да се предвидат и пропишат соодветни решенија;
  • во воспитно-образовниот живот, сите суштествени промени треба да бидат поддржани од повеќетно наставници и за истите да има соодветна клима за спроведување во дело;
  • на воведувањето новитети во делот на континуиран професионален развој на воспитно-образовниот кадар треба да му претходи евалуација и конструктивна расправа во однос на добиените резултати;
  • за евалуација и презентација на постигнатите резултати од своето работење, пред сè се одговорни самите наставници.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.