Professional associates - Стручни соработници

УЛОГАТА НА УЧИЛИШНАТА СТРУЧНА СЛУЖБА ВО ПРОФЕСИОНАЛНОТО УСОВРШУВАЊЕ СЕБЕСИ И НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО

Вработените во училишната стручна служба се битен фактор во целокупниот воспитно-образовен процес. Од нив и нивната дејност во голема мерка зависи севкупното работење на училиштето и тоа во сите области на негово делување. Од тие причини училишниот педагог и психолог се сметаат како едни од клучните носители и чинители на промените поврзани со воспитно-образовната дејност во училиштето. За постигнување на општ успех, односно неуспех во работењето на училиштето во голема мерка имаат заслуга и училишниот педагог и психолог. Од тие причини за време на своето работење вработените во стручната служба треба континуирано да подлежат на различни стручни усовршувања каде пред сė ќе доминираат обуки и надоградувања поврзани со акциски истражувања. Но, исто така тие треба да бидат и носители, односно поттикнувачи на професионалниот развој на наставниците во училиштето.

Целоживотното учење на училишниот педагог и психолог се во функција на нивен професионален развој, а на тој начин и севкупно успешно функционирање на училиштето. Од голема важност е и создавање на програма за целоживотно учење на училишниот педагог и психолог која треба да биде стручно составена и орјентационо насочена преку развојните планови на училиштето, а подоцна и практично реализирана.

Едно од позначајните подрачја на делување на училишниот педагог и психолог, со исклучително голема важност, е соработката и партнерскиот однос со родителите на учениците. Училишниот педагог и психолог се во состојба директно да работат со родителите на учениците и воедно да упатуваат и посредуваат во работењето на останатиот училишен кадар во работењето и градењето на односи со родителите на учениците. Во посредното и непосредното работење со родителите, училишниот педагог и психолог треба да бидат стручно оспособени, а тоа подразбира континуирано следење на актуелните потреби и оние потреби кои ќе доаѓаат во иднина за успешна соработка со семејствата, односно родителите на учениците.

hdr_live_counseling_290

Со носењето на „Програма за советување родители на ученици во основните училишта“, училишната стручна служба треба да подлежи на дополнителни обуки насочени кон однос и соработка со родители. Ова произлегува од таму што ова советување со родители содржи повеќе активности. Предвидено е да се оствари Прва средба во која се вклучени следните активности: претставување на учесниците во советувањето и запознавање со правилата на работа; опишување на проблемот или на несоодветното однесување на учениците; разгледување можности за надминување на проблемот и менување на однесувањето и резимирање. По првата средба следува и втора средба со следните активности: преглед на првата средба, разгледување на важноста на придонесот на родителите, запознавање со стилови на родителство. Интересно е да се каже дека преку овие советувања на родителите се врши еден вид обука, односно подобрување на нивниот севкупен однос кон и со нивните деца. На тие средби на родителите им се предочува за: авторитарното родителство, попустливото родителство, незаинтересираното родителство, демократското родителство и ефектите кои произлегуваат од нив. Исто така на родителите им се даваат и препораки за поуспешна комуникација на релација родител – дете. Препораките кои се даваат на родителите за поуспешна комуникација со нивните деца содржат што се препорачува, а што не се препорачува во нивните разговори и истовремено се дадени примери.

Од кажаното досега произлегува дека училишната стручна служба треба да биде главниот двигадел на целокупниот училишен професионален развој, а исто така треба да се грижи и секој поединец од училиштето да подлежи на континуиран професионален развој.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.