Teachers - Наставници

ПРОФЕСИОНАЛНОТО ДОСИЕ НА НАСТАВНИКОТ ВО ФУНКЦИЈА НА НЕГОВИОТ ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Професионалното досие на наставникот според правилник за водење на истото има посебно пропишана форма и содржина. Професионалното досие се води во училиштето каде што наставникот изведува настава, односно каде е тој вработен. Доколку наставникот изведува настава во повеќе од едно училиште, професионално досие се води за него во неговото матично училиште.

Професионалното доси содржи 32 страници на хартија формат А4 на корицата на професионалното досие е напишано „Професионално досие на наставникот и стручниот соработник во основното училиште, односно, средното училиште‘‘, како и податоци за името на училиштето, местото и општината каде тоа се наоѓа и работи. На првата страница од професионалното досие треба да стојат податоци за: името на училиштето, местото каде се наоѓа тоа училиште, името на општината на која училиштето припаѓа, податоци на наставникот, име и презиме, работна позиција, наставниот предмет по кој ја реализира наставата, степен и вид на образование, колкаво е работното искуство во воспитно-образовната работа, звање на наставникот, место за потпис на директорот и печат на училиштето.

865c9082a7fcc05fe3712912e2dbc31f

Следните страници се поделени по подрачја кои содржат податоци поврзани со воспитно-образовниот процес на наставникот. Првите страници треба да содржат податоци за учеството на наставникот на обуки, тема на обуката на која учествувал наставникот, име на организаторот на обуката (обуки извршени од страна на Бирото за развој на образованието и акредитирани програми и понудувачи на обука), времетраење на обуката (во часови), датум кога се одржала обуката, и вид на издадениот сертификат – дали обуката е само посетувана или истата е завршрена со тоа што практично е применето наученото од истата под надзор на стручни лица. Во врска со истата треба да има и материјален доказ во прилог.

Следните страници содржат податоци за наставникот за учество како реализатор или кореализатор на семинари во училиштето организирани од други институции, тука пред сè се мисли на дисиминација на семинари/обуки/работилници кои наставникот ги следел, а потоа наученото го дисеминира во матичното училиште пред останатите колеги. Овој дел треба да содржи: тема на обуката, организатор на обуката, времетраењето изразено во часови, датумот на одржување на тие семинари, местото каде се реализира, бројот на учесници кои ја следат обуката и материјален доказ како прилог.

Податоците за објавени материјали и трудови од сферата на образованието се наоѓаат на следните страници во досието. На нив треба да стои: наслов на публикацијата, односно стручниот труд, име на издавачот, година на издавање, место на издавање и материјален доказ во прилог.

Следните податоци се поврзани со учеството на наставникот во развојни и акциски истражувања, меѓународни и домашни проекти, сопствени излагања на конференции и стручни советувања. На оваа страниците од професионалното досие треба да стои и: назив на истражувањето, односно проектот, конференцијата, која е улогата на наставникот во проектот, односно истражувањето, времетраење на изтражувањето или проектот, каде се има одржано конференцијата и материјални докази во прилог.

Следните страници содржат податоци од извршената самоевалвација и тоа: просечна оценка од самоевалвацијата, година кога е спроведена самоевалвацијата, материјални докази како прилог и забелешки.

На следните страници е претставена Интегралната евалвација, односно податоците поврзани со неа. Тие содржат: просечна оценка од интегралната евалвација, година кога се спровела интегралната евалвација, материјални докази како прилог и забелешки.

Следните страници во себе содржат оценка за наставникот од Националниот извештај за работа на наставниците и стручните соработници  поврзани со екстерното проверување, година кога е спроведено екстерното проверување, предметот по кој е спроведено екстерното проверување, материјални докази поврзани со истото, како и забелешки (со укинувањето на екстерната проверка овој дел треба да претарпи промени).

Информациите, односно податоците за датумот на посета на наставникот од страна на советник од Бирото за развој на образованието, целта на посетата, материјален доказ во прилог и забелешка се на следните страници од професионалното досие на наставникот.

На следните страници се претставени информации за стекнатите сертификати, признанија и дипломи, кои наставникот ги има стекнато и смета дека се од интерес со неговиот професионален развој и усовршување и смета дека е корисно да ги приложи, и тоа: предмет за издавање за сертификат, уверение (обука, натпревар и слично), име на организаторот, времетраење на часови на обуката, датум кога е издаден сертификатот или некој друг податока, како и матријален доказ во прилог.

Последните страници содржат податоци за: датумот на предавање, вид на прилогот, (сертификат, уверение и слично), потпис на наставникот, потпис на одговорното лице за досието.

Професионалното досие треба да се води во печатена форма. Тоа задолжително се води на македонски јазик со употреба на кирилско писмо. За останатите припадници од другите заедници кои воспитно-образовниот процес го изведуваат на својот мајчин јазик, професионалното досие задолжително се води на македонски јазик и кирилско писмо и јазикот и писмото на заедницата на која наставникот припаѓа.

За наставникот професионално досие отпочнува да се води со самото негово вработување и истото континуирано треба да се надополнува во текот на целиот негов работен век.

Професионалното досие го води училишниот стручен соработник, во меѓусебна соработка и договор со лицето за кое е наменето професионалното досие.

Професионалното досие во себе задолжително треба да содржи материјални докази кои служат како потврда на она што е претставено во професионалното досие. Во прилог на досието задолжително се дава фотокопија од материјалниот доказ, додека оргиналот се доставува само при вршењето на упис на податокот.

teacherfile

За сите податоци во професионалното досие на наставникот треба да има материјални докази. Материјалните докази се поврзани и во согласност со податоците, па така како најчести материјални докази се сертификати, потврди и уверенија. Копии од корица и подкорица на објавен стручен труд или содржината на списанието, односно публикацијата и копија од првата страница на списанието/публикацијата кеде е објавен трудот на наставникот. Потврди од организации и институции каде наставникот учествувал во проект, со копија од приложен објавен извештај од истражувањето, публикација или друг материјал каде може да се види името и улогата на наставникот, стручниот соработник во проектот, односно истражувањето, или решенија од организации и институции за формирање стручни тимови за истражувања и проекти во коишто може да се види името на наставникот во тимот. Кога наставникот учествувал на одредени стручни конференции и советувања како материјален доказ се приложуваат поканите од организаторот, како и копии од билтени, информатор, извештај од совтувањето, односно конференцијата каде може да се види називот на на стручниот труд и името на наставникот како автор на истиот. Како материјални докази се сметаат и податоци за наставникот од листата за самоевалвација спроведена во училиштето, со печат и потпис на директорот, податоци за наставникот од извештајот во врска со интегралната евалвација, а спроведена од страна на Државниот просветен инспекторат, податоци од Националниот извештај за работата на наставниците и стручните соработници, подготвен од Државниот испитен центар, податоци од извештајот за работата на наставникот од страна на Бирото за развој на образованието.

Доколку се случи наставникот да го промени училиштето во коешто го изведува воспитно-образовниот процес, му се изготвува ново професионално досие, а во прилог се остава претходното досие, со печат и потпис на директорот од училиштето. Доколку се потполни професионалното досие на наставникот, се отвора ново професионално досие, а постоечкото досие се става во прилог на новоотвореното.

Професионалното досие има клучна улога во кариерниот развој на наставникот. Првенствено, Училишната комисија за кариерен развој на наставниот кадар без професионалното досие не може да постапува, односно да го врши напредувањето на наставниците во звања. Училишната комисија напредувањето на наставниците треба да го врши врз база на Професионалното досие, односно според постигнатите резултати кои се бележат во професионалното досие и тоа: учество на наставникот на обуки, учество на наставникот во реализација на семинар во училиштето како кореализатор на семинар организиран од друга институција, издадени стручни трудови на наставникот од областа на образованието, учество на наставникот во акциски и развојни планирања, проекти, стручни советувања и конференции, резултати од спроведената училишна самоеавлуација, резултати од интегралната евалвација, посета на советник од Бирото за развој на образованието,  стекнати сертификати и дипломи.

Од кажаново може да се заклучи дека Професионалното досие претставува база на податоци, во кои се чуваат сите битни информации поврзани со работата на наставникот, а се исклучително важни и влијаат во професионалното и кариерното напредување на наставникот.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.