Teachers - Наставници

КАТАЛОГ СО ОБУКИ ЗА СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Каталог во кој ќе бидат претставени обуки за професионален развој на наставниците според нивните потреби е од голема важност за еден квалитетен воспитно-образовен процес. Тој каталог не треба да биде статичен, напротив, треба да биде динамичени и истиот треба да трпи промени според потребите на наставниците, поточно, потребите поврзани со учениците за усвојување и примена на нови знаења. Исто така промените треба да бидат усогласени со образовните реформи и новини кои ќе се воведуваат во наставата.

            При изработката на концептуалната рамка на овој каталог, треба да се води сметка за одредени работи. Првенствено, во каталогот треба да се наведени конкретни информации во однос на обуките, дали се тоа: семинари, трибини, симпозимуми и сл. Како и кој модел на работа се применува при реализација на истиот. Доколку се сака да се има квалитетна обука, треба да се води сметка  реализаторите на истата да бидат компетентни и квалитетни стручњаци од областа. Уште подобро доколку обуката е конципирана и осмислена од самиот реализатор на обуката. Временската рамка на обуката треба да биде соодветна на планираниот материјал наменет за конкретната обука. Тоа би значело да биде предвидено доволно време истиот да се реализира, но не би требало да остане и премногу време за да обучувачот не знае како да го потполни истото. Од големо значење е да биде предвидено и следење на конкретна реализаија и примена на стекнатото знаење од обуката од релевантни стручни лица, најчесто тоа се советениците од БРО, за да не се сведе сè само на стекнување потврда или сертификат без притоа за истите да не биде прикажано конкретна примена на стекнатото знаење. Во каталогот посебно место треба да биде предвидено и обезбедено за програми насочени за проширување на знаењата, а потоа и практична примена на истите во воспитно-образовниот процес од областа на дидактиката, методиката, педагогијата и психологијата. Во каталогот треба да бидат содржани само програми каде претходно е проверен нивниот квалитет. Тоа би значело квалитетот на програмите да се провери од аспект на нивна функционална примена од страна на наставниците, а како ефект да се јави зголемен успех на учениците благодарејќи на таквата програма, програма која ќе се базира на претходно спроведени истражувања, точни и релевантни податоци и факти. Истражувањата поврзани со функционалноста на програмите за професионалниот развој на наставниците покажале дека подобро е преку каталог за обуки на наставниците да им се понудат помал број на програми чии квалитет ќе биде проверен и докажан, отколку во каталогот да бидат поместени голем број програми чии квалитет и функционалност не е докажана. Училиштата треба да се насочат кон обезбедување програми со висок квалитет на професионален развој на наставниците и притоа да ги дефинираат приоритетите поврзани со програмата за професионален развој на наставниците во однос на времето и средствата со кои располагаат. Исто така, битно е да може да ги препознаат главните одлики на квалитетната програма за професионален развој на наставниците, како и да обезбедат соодветна инфраструктура која ќе овозможи креирање на соодветни активности кои водат кон подобрување на постигнувањата на учениците.

EDU-PGCE-Banner

            Една програма да се најде во каталогот за професионален развој на наставниците пред сè треба да биде акредитирана од соодветна институција по однапред предвидени критериуми. Несомнено за тоа треба да имаме високо компетентни лица кои ја вршат таа акредитација. Тоа подразбира строга контрола на квалитетот на програмата во насока на тоа колку таа е соодветна и колку нуди квалитетен професионален развој на наставниците во нивното практично работење.

Во однос на спроведувањето на акредитираните обуки содржани во каталогот, сите истражувања покажале дека преку интерактивниот начин на работење за време на професионалниот развој на наставниците се постигнува најдобро унапредување на знаењата кај учениците. За таа намена најдобри се работилниците и интерактивните модули на работа кои се добро конципирани и научно проверени како ефикасни, затоа што може да се случи нивно изведување за првпат за време на обуката без претходна нивна функционална проверка.

Реализацијата на програмата најдобро е да се спроведе од: авторот на програмата, надворешен експерт (советник од БРО), или лица што конкретно ја истражуваат проблематиката сврзана со програмата. Тие ќе им помогнат на наставниците наученото конкретно да го спроведат во пракса за време на одржувањето на наставата. При изборот на програма за обука, најдобро е презентација да се реализира од самата акредитирана организација која ја спроведува обуката и лицата кои произлегуваат од неа, отколку презентацијата на обуките од каталогот да ги вршат наставници кои се креативни и иновативни во работата или пак лице од училишната стручна служба. Ова произлегува од таму што лицата од училиштето кои би ја вршеле презентацијата на обуките од каталогот, а се од училиштето, би можеле да бидат под влијание на одредена акредитирана организација која ним би можела да им понуди награда од различен вид, а сè со цел да биде избрана нивната програма за обука.

picture-20

Во однос на временската рамка за реализација на обуките, од спроведени истражувања кои се однесувале на програми кои се реализирале преку обуки, а каде на истражување подлежеле обуки кои се реализрале во траење од 5 па до 100 часа, како најефикасни се покажале оние со времетраење од 30 часа. Ефикасната обука поврзана со професионалниот развој на наставникот покрај временската рамка бара да биде добро организирана, со квалитетни материјални и човечки ресурси, со осмислени активности кои водат кон остварување на главната цел.

Следење и поддршка на реализирана програма подразбира давање поддршка и следење при конкретната реализација на изучениот материјал за време на обуката. Таа поддршка и следење треба да бидат добро осмислени со конкретни повратни информации и сугести во насока кон квалитетна примена на наученото

Во однос на реализацијата на наученото, на учесниците на обуката, односно наставниот кадар трба да им се дадат насоки како нештото најдобро да го реализираат, но истовремено треба наставниците да се поттикнат самите да бидат креативни и да осмислат свои начини за примена на наученото (форми, методи, стратегии на работа), тоа подразбира како самите да ги преосмислат и адаптираат на интересот, разбирањето, развојниот период на учениците кои ги воспитуваат и образуваат.

За време на одржувањето на програмските обуки, од големо значење е да се даваат примери сврзани со секојдневната пракса на наставниците, а со цел материјата која се предава на тој начин да им се приближи и да им стане појасна и применлива во нивната пракса.

Функционалноста на програмата за обука е од големо значење. Тоа подразбира проверка од страна на училиштето кое сака да подлежи на таа обука во насока на проверка на истата дали таа би одговарала и би била функционална во услови каде функционира тоа училиште, бројот на вработени и бројот на ученици, структурата на наставниот кадар гледано од повеќе аспекти и сл.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.