Teachers - Наставници

ПРАШАЊА ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА ВО КОНТЕКСТ НА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЛИЧНИОТ ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИКОТ

Дадениве прашања се од голема помош за наставникот во неговото работење. Тие може да му бидат од голема помош во неговата самоевалуација. Преку нив тој ќе добие слика за тоа што сака да постигне во неговото професионално работење? Колку е совесен и свесен во/за она што го работи? Колку нештата ги работи, односно не ги работи на правилен начин?

  • Колку ми се познати законите и правилниците поврзани со воспитно-образовниот процес?
  • Дали доволно сум запознат со новите реформи поврзани со воспитно-образовното работење?
  • Дали секоја година изготвувам планирања за реализација на наставната програма која ја реализирам?
  • Колку користам помош од колегите при изготвувањењто на планирањата?
  • Колку ги позајмувам, односно користам планирања кои претходно ги изготвиле моите колеги?
  • Дали знам добро да ги развивам целите поврзани со наставниот процес?
  • Дали при изготвувањето на планирањата секогаш ги планирам и активностите на учениците?
  • Колку активностите кои ги планирам и реализирам се поврзани со потребите на учениците?
  • Колку активностите кои ги планирам и реализирам се поврзани со интересот на учениците?
  • Колку активностите кои ги планирам и реализирам се поврзани со развојните карактеристики и развојниот период на учениците?
  • Дали секогаш пред да започне учебната година, учениците ги запознавам со материјалот кој ќе го изучуваат?
  • Дали знам да се справам со дисциплината во паралелката?
  • Дали редовно држам дополнителна и додатна настава?
  • Дали воннаставните активности кои ги организирам се доволни?
  • Дали мојот авторитет го градам врз основа на мојата стручност или строгиот однос со учениците?
  • Дали сум редовен на состаноците на мојот наставнички актив?
  • Дали сакам професионално да напредувам и да се развивам?
  • Која е мојата редовност во однос на случувањата поврзани со професионалниот развој во моето училиште?
  • Колку ги посетувам семинарите и другите облици на професионален развој организирани надвор од моето училиште?
  • Колку пати сум бил реализатор на активности поврзани со професионалниот развој во моето училиште?
  • Дали се цени моето мислење во носењето на важни одлуки во моето училиште?
  • Колку добро ја познавам работата со компјутери?
  • Дали имам зацртано јасни приоритети и цели поврзани со мојот професионален и кариерен развој?
  • Колку сум задоволен од мојот однос манифестиран кон учениците?
  • Со какви одлики треба да се карактеризира ученикот кој треба како модел да им послужи на останатите ученици?
  • Дали ги поттикнувам учениците самстојно да се произнесуваат со сопствени заклучоци?
  • Дали ги поттикнувам учениците на самостојно размислување и меѓусебно дебатирање?
  • Во која мерка јавно вршам пофалби за добро завршената работа на ученикот?
  • Дали ги поттикнувам учениците критички да размислуваат?
  • Дали во училницата создавам пријатна атмосфера од која се задоволни и работно поттикнати учениците?
  • Дали задачите кои ги поставувам на секој ученик се во согласност со неговите можности за учење и совладување на наставниот материјал?
  • Каков треба да биде идеалниот ученик кој посакувате да го имате и кој конкретно би го истакнале да им послужи како пример на останатите ученици?
  • Кога одите на работа, во училиште, дали личните проблеми ги оставате надвор, пред училишниот двор, или ги земате со себе во училиште?
  • Колку сум задоволен со условите за работа кои ми ги нуди училиштето во кое работам?
  • Дали сум задоволен/на од мојата професија и дали сум направил/а правилен избор?
  • Додека го реализирате воспитно-образовниот процес дали сте замислени, насмеани или пак намуртени?
  • Дали сте свесни за сопстевниот тон на гласот додека предавате, каков е тој, дали премногу викате или пак тој е во границите на нормалното?
  • Дали сте свесни за вашите невербални пораки кои ги испраќате до учениците, каков впечаток оставате кај нив преку тие невербални пораки, дали сте имале можност да се гледате на видео, какво е вашето мислење за вашата сопствената невербална комуникација?
  • Дали добро го познавам училишниот и приватниот живот на учениците?
  • Дали доволно посветувам внимание на мотивацијата кај учениците?
  • На почетокот на учебната година дали вршите дијагностичко оценување на знаењата на учениците, со цел да утврдите со какви предзнаења тие располагаат за да знаете каква концепција да направите во врска со материјата која треба учениците да ја усвојат во текот на учебната година која следи?
  • Како реагирате кога ученик јавно ќе ви негодува за добиената оценка?
  • Кога оценувам дали водам сметка за индивидуалниот напредок кај учениците?
  • Дали вршам редовно информирање на учениците за нивниот напредог и остварени постигнувања?
  • Дали оценката која ја давам секогаш го отсликува реално постигнатиот успех, односно знаење на ученикот?
  • Дали секојдневно ја следам работата на учениците?
  • Дали моето оценување е доволно транспарентно и јавно?
  • Дали при оценувањето сакам да го слушнам и мислењето на ученикот кој е оценуван?
  • За време на реализацијата на наставните содржини, дали вршите меѓупредметно поврзување со наставни содржини од други предмети кои се сродни или блиски до предметот кој вие го предавате?
  • Дали сте во тек со наставната материја која вашите ученици ја учат по другите предмети?
  • Додека предавате, дали ве прекинуваат учениците со дополнителни прашања и како реагирате на тоа?
  • За време на вашето предавање кога ученик ќе ви постави нелогично прашање во врска со материјата која ја предавате, или пак кога ќе ви постави прашање на кое во моментот не можете да дадете одгвор како реагирате?
  • По што заклучувате дека учениците ве следат и се во тек за она што вие го предавате за време на часот?
  • Како знаете дека учениците ја разбираат материјата која вие ја предавате, кои се знаците кои ви укажуваат дека материјата не е добро разбрана од учениците и што превземате во однос на тоа?
  • Дали се трудите при реализација на некоја наставна содржина да донесете некое нагледно средство кое сте го изработиле или обезбедиле самостојно, без поддршка на училиштето, со цел да им ја доближите, односно поедноставите наставната содржина која ја реализирате на часот?
  • Дали секогаш на часот за реализација на наставната содржина како наставно помагало, покрај учебникот, користам и други извори?
  • Дали доволно изработувам и користам наставен помагала?
  • Во која мерка воведувам иновативни активности во моето практично работење?
  • Дали користам разнолики облици на работа?
  • Присетете се каков концепциски облик имаат прашањата кои најчесто им ги поставувате на учениците за да утврдите колку го владеат изучениот наставен материјал.
  • Дали практикувате за време на реализација на наставниот материјал да поканите гостин чија струка е тесно поврзана со наставната материја која ја реализирате?
  •  Дали се трудите учениците да ги вклучите како ваши асистенти при реализација на наставниот материјал?
  • Дали сте се обиделе да се спуштите на ниво на учениците и заеднички, рамноправно да решавате одредени проблемски ситуации?
  • Кое однесување го вреднувате како позитивно: снаодливост, креативноста на учениците, точното познавање на наставната материја, интелегентното однесување, дисциплината и послушноста и дали негативно ги вреднувате учениците заради недисциплинираното однесување или тој проблем го решавате поинаку?
  • Како наставник, сметате ли дека сте способни да го привлечете и одржите вниманието на учениците во врска со наставниот материјал, а исто така и дисциплината ако не постојат оценките како средство за нивно вреднување и како би го постигнале тоа?
  • Кога наставникот одговара (усно, писмено, практично) во врска со наставниот материјал дали веднаш му ја соопштувате оценката за дадениот одговор и дали му појаснувате што добро одговорил/направил, а што е тоа што не го одговорил/направил како треба?
  • Бурно ли реагирате на незнаењето од ученикот, на кој начин ја манифестирате лутината?
  • Со вашите ученици како се однесувате во улога на наставник, а како во улога на одделенски раководител и во што се состојат тие разлики?
  • Дали ги знаете критериумите преку кои се вреднува квалитетот на наставниот процес и како ќе знаете дека квалитетно ја реализирате воспитно-образовниот процес?
  • Сметате ли дека самиот наставник може да биде креатор на успешен воспитно-образовен процес или сметате дека во тоа значајна улога имаат и други фактори, кои се тие?
  • Според вас кој метод на работа е најтешко, а кој најлесно да се примени во реализацијата на воспитно-образовниот процес?
  • Методот на работење го определувате според развојниот период на учениците, наставниот материјал кој треба да се реализира/
  • Кој метод на работа најчесто го користите и според кој критериум сте оцениле, односно како знаете дека тој е најсоодветен за постигнување на најдобри резултати во работењето со учениците?
  • Дали во вашето работење како лице кое ја извршува наставничката професија, користите медиуми (телевизија, радио, различен печатен материјал, интернет) за да се информирате за новостите поврзани за вашата професија и дали тие новини ги воведувате за поуспешно реализирање на наставната програма предвидена за вашиот предмет?
  • Колку методите кои ги користам имаат интерактивен карактер?
  • Дали сум доволно оспособен/а за примена на новите методи и облици на работење?
  • Активноста на учениците, според вас, дали допринесува во градењето на ефикасен воспитно-образовен процес?
  • Врз основа на вашето досегашно искуство во воспитно-образовното работење може ли да ги истакнете слабостите од фронталниот начин на работа со учениците и врз основа на што го заклучувате тоа?
  • Дали знаете кој метод на работа го применуваат вашите ученици за да ја научат наставната материја од вашиот предмет?
  • Според вас, кој дел од вашето работење бара највеќе, односно посебна подготовка и ангажман (изготвувањето планирање со дневните активности,  подготовка на нагледните средства за реализација на часот,  мотивирањето на учениците за нивно активно учество, изготвувањето инструменти за проверка на постигнатото знаење на учениците, проверка колку учениците го совладале наставниот материјал, вреднувањето на учениците)?
  • Од наведените фази поврзани со реализацијата на наставниот материјал, според вас која е најтешка и дали овие фази ги спроведувате само рутински?
  • Со кои потешкотии се сретнувате во вашето работење кога сакате целокупниот воспитно-образовен процес да го направите поквалитетен, поефикасен, подостапен за учениците и кои институции и стручни поединци може да ви помогнат во надминувањето, односно справувањето со тие потешкотии?
  • Што мислите, вашето влијание врз учениците во градењето на нивната личност е поголемо како наставник или како личност?
  • Колку време ви е потребно да создадете реална и вистинска слика за ученикот поврзана за неговата заинтересираност и способност за совладување на наставниот материјал?
  • Дали имам редовни контакти со родителите на учениците поврзани со воспитанието и образованието на нивните деца?
  • Кое е вашето мислење за улогата на родителот од една страна и училиштето од друга страна во севкупниот воспитно-образовен процес на ученикот?
  • Каков е односот и соработката со останатите колеги од училиштето?
  • Каков е мојот однос и соработка со раководниот кадар во моето училиште?
  • Какви се моите односи во делот на соработка со училишната стручна служба?
  • Ј.Б.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.