School - Училиште

ПЛАН ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА НИВО НА УЧИЛИШТЕ И ЛИЧЕН ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИКОТ

Изготвувањето план за професионален развој на ниво на училиште, а подоцна изготвување план за личен професионален развој за секој наставник е посебно важен, доколку училиштето сака да прерасне во важна и респектирана образовна заедница која делува во локалната средина, па и пошироко во регионот, а секако и во државата.

            Изготвувањето на овие планови треба да се базира на претходно добиени информации за професионалноста и стручноста на наставниците во училиштето. Како едни од најдобрите појдовни извори врз кои треба да се креира изготвувањето на училишниот, а подоцна и индивидуалниот план за професионален развој се: училишната самоевалуација, интегралната евалуација, советодавно-стручните посети и стручните увиди реализирани од страна на советниците на Бирото за развој на образованието.

            Планот за професионален развој на ниво на училиште првенствено треба да ги содржи целите. Тие треба да бидат јасно дефинирани, со тоа што ќе биде објаснето што се сака да се постигне преку истите. Потоа, во врска со секоја цел треба да бидат претставени и детално опишни активностите преку кои ќе се постигнат предвидените цели. Во однос на секоја цел треба да биде јасно предвидена целната група која ќе учествува во реализирањето на предвидената активност, временската рамка за реализација на активноста, одговорното лице за спроведување на планираната активност и на крај треба да стојат индикаторите.

businessmen-604311_960_720

            Планот за личен професионален развој треба да си го изработи засебно секој наставник. Во тој план треба да биде наведено како  истиот е изработен, односно да наставникот да наведе како дошол до целите поврзани со личниот професионален развој, кои цели треба да ги оствари. При дефинирањето на целите за личен професионален развој, наставникот може, односно треба да ги користи добиените информации од: спроведената училишна самоевалуација, интегралната евалуација, добиените повратни информации за неговото работење од советодавно-стручната посета или стручен увид од страна на советник на Бирото за развој на образованието. Наставникот може да користи и други инструменти преку кои ќе направи сопствено самооценување на неговиот професионален и стручен развиток. Откако наставникот ќе ги детектира личните потреби за професионален развој, треба да си ги постави целите, а потоа и активностите преку кои ќе ги постигне зацртаните цели со што ќе дојде до задоволување на конкретните потреби на наставникот за личниот професионален развој. При дефинирањето на целите за личен професионален развој предвид да се има дека тие треба да бидат насочени кон учениците, да бидат јасни и конкретни, мерливи, реални и остварливи, сместени во временска рамка и ограничени. На крај, по реализацијата на личниот план за професионален развој, треба да се увиди што е реализирано, а што не е реализирано во врска со него; на кој начин и со која динамика се одвивале планираните активности; што е добро сработено и што може да се примени во иднина како позитивно искуство; кои се проблемите и непредвидените работи во врска со реализацијата на планот, и на крај што е променето во текот на реализацијата на планот. Планот за личен професионален развој на наставникот ќе се смета дека е успешно спроведен доколку се остварат 2/3 од планираните цели и активности.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.