Teachers - Наставници

МЕНТОРСКИОТ ПРИСТАП ВО ФУНКЦИЈА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИКОТ ПРИПРАВНИК

Менторството е моќна развојна алатка. Претставува ефективен начин да им се помогне на вработените да достигнат одреден прогрес во нивната кариера. Тоа претставува еден вид на партнерство помеѓу две лица, менторот и менторираниот, коишто обично работат во иста организација, во нашиов случај во училиште. Ваквото партнерство се базира на заедничка доверба и почит.

Менторот е водач кој поседува повеќе знаење во одредена област и му помага на наставникот приправник или на друг наставник со помало искуство односно познавање од областа да ја пронајде вистинската насока кој ќе му помогне да развие соодветни можности за неговиот понатамошен професионален развој. Менторот обично е поискусен наставник од училиштето кој несебично го пренесува своето знаење и го подучува новиот вработен, односно колегата со помало искуство во одредена областа. Тој му помага на менторираниот наставник да стекне поголема самодоверба во работењето. Менторството претставува начин за зголемување на свесноста за работењето кај менторираниот наставник, преземање одговорност за извршените работни задачи. Покрај насоките коишто ги добива менторираниот наставник за начинот на спроведување и реализирање на работните задачи, менторството му дава можност да размислува и за неговиот понатамошен професионален развој.

15-1

Интересот за програмите за менторство сè повеќе се зголемува кај наставниците. Менторирањето на работното место нуди различни предности, од кои како позначајни се издвојуваат важноста за самото училиште во создавањето на стручни и професионални наставници и ползата за  менторираните да имаат корист од учењето и сознанијата коишто ќе ги добијат за своето работно место на еден многу поефективен начин.

Со програмата за менторирање постои можност секој наставник да ја научи работата која ќе ја работи или ја работи од некој што е поискусен. За да се постигне квалитетот во извршувањето на работните задачи, кој е неопходен, новите вработени се поврзуваат со искусни вработени и имаат можност да согледаат кои вештини им се потребни да ги развијат за соодветно реализирање на работните задачи, односно одредени наставници кои имаат помало искуство и знаење во дадена област од своите поискусни колеги за таа област добиваат насоки и помош како да бидат подобри во делот на работа каде бележат одредени пропусти. Најважното во програмата за менторирање е што новите вработени во било кое време можат да ги прашаат своите ментори за се што е поврзано со работата и одговорот и потребната поддршка да ги добијат на самото работно место. Со програмата за менторирање, менторираните наставници побрзо и поквалитетно ги совладуваат работните задачи.

15

Постоењето на менторство во училиштето претставува можност кај вработените да се развиваат соодветни вештини кои се потребни за самото работно место. И тоа: следење на наставниците колку брзо и ефикасно ги совладуваат работните задачи, како  усвојуваат и развиваат одредени вештини кои се од големо значење за успешно функционирање на училиштето, препознавање при менторирањето кај наставниците одреден талент или афинитет. Токму овие вештини може да претставуваат конкурентска предност  во облик на човечки капитал којшто го поседува едно училиште во однос на другите училишта.

Наставната поддршка опфаќа различни извори поврзани со целите и содржините на наставниот процес (наставни програми, методолошка и стручна литература и сл.), како и давање практични совети засновани на истражувања и многугодишно богато професионално искуство (како да се управува и користи времето, различни наставни стратегии, стратегии за проценка на знаењата на учениците, идеи за воспоставување организациска практика, планирање, подготовка за настава и сл.).

            Институционалната поддршка ги опфаќа информациите кои се однесуваат на различни процедури во училиштето (процедури поврзани со успешното работење на наставниците, организација на излети и екскурзии, дополнителна и додатна настава, учество во активности поврзани со професионалниот развој, обезбедување соодветна литература, должност поврзана со активностите во училиштето пред и по завршување на наставата, отсуства и сл.).

Кога улогата на менторот во училиштето не била формално доделувана, наставниците приправници, многу тешко се осудувале да побараат помош, плашејќи се да не ги сметаат за некопетентни. Искусните наставници се воздржувале да понудат помош со цел да не помислат новите наставници дека им се наметнуваат. Ваквата хаотична ситуација предизвикала голема изолација за наставникот приправник.

Наставниците почетници тешко може да предвидуваат и планираат врз основа на скромното искуство со кое располагаат. Немаат доволно референтни сознанија врз основа на кои би можеле да го предвидат понатамошниот развој на учениците во некоја област. Не поседуваат претходни искуства врз кои би можеле да предвидат што ќе се случува во текот на училишната година.

            Наставник приправник е оној кој учи како да ја изведува наставата, а истовремено, како и сите наставници, учи од сопственото изведување на наставата. Градењето визија за професијата е кумулативно и развојно.

За да напредува наставникот почетник треба да ги развие своите капацитети, информациите кои ги добива од страна на менторот треба да ги применува и прилагодува на сопствената пракса. На ваков начин тој им дава нова смисла на информациите и искуствата со што се оспособува да применува, усовршува и создава алтернативни стратегии кои се засноваат на потребите на ученикот, барањата на програмата и стандардите на наставничката професија.

15-3

Стандардите кои следуваат ги опфаќаат разбирањата, вештините и знаењата кои наставникот приравник треба да ги поседува на крај од приправничкиот стаж.

  • Наставникот ги разбира главните концепти и структурата на предметот кој го предава и може самостојно да креира осмислени ситуации за изведување на воспитно-образовниот процес. Тој ја познава наставната програма по предметот кој го предава и го разбира пристапот и самостојното изготвување на планирањата кои се целни.
  • Тој ги познава принципите и го разбира воспитно-образовниот процес насочен кон ученикот и знае како децата учат и се развиваат. Може да создаде услови за учење кои го поддржуваат интелектуалниот, социјалниот и личниот развој на ученикот.
  • Во реализацијата на воспитно-образовниот процес наставникот знае како да им пристапи на учениците според стилот на учење кој го преферираат тие. Знае да креира ситуација за учење и прилагодување на различните стилови.
  • Во реализацијата на воспитно-образовниот процес, наставникот ги разбира и користи разновидните стратегии како би го поттикнал интелектуалниот развој на ученикот и неговите постигнувања.
  • Наставникот ги користи познавањата за мотивација на учениците (група, поединец) и создава средина за учење која ја поддржува позитивната социјална интеракција, преку активно вклучување и самомотивација.
  • Во својата работа наставникот го користи познавањето на вербалната и невербалната комуникација, со цел да го поддржи активното учество во дискусиите и интеракцијата во училницата.
  • Наставникот знае да се служи со наставниот план и програма, при што наставникот го планира воспитно-образовниот процес врз основа на познавањата кои ги има од предметот кој го предава, учениците, локалната заедница и образовните цели на наставниот план и програм.
  • Во работењето наставникот познава и применува различни форми и стратегии за оценување на постигнувањата на учениците, со цел да овозможи соодветна поддршка, повратна информација и обезбеди соодветен и постојан интелектуален, социјален и физички развој.
  • Наставникот треба да го рефлектира практичното знаење преку кое постојано го проценува своето влијание врз изборот и активностите на другите (ученици, родители, колеги); активно истражува прилики за професионален развој и учествува во реализирањето на истите.
  • Во секојдневното работење наставникот одржува и поттикнува добри односи со колегите, родителите и останатите институции во потесното и пошироко опкружување, со цел поддршка на учењето и напредувањето на своите ученици.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.