Teachers - Наставници

Како наставниците учат едни од други – хоризонтално учење

Професионалниот развој на наставниците на ниво на училиште подразбира учење на наставниците едни од други, или хоризонтално учење. Размената на искуства помеѓу наставниците на ниво на училиште или на ниво на училишта се одвива преку размена на искуства базирани на сопствената пракса при реализацијата на воспитно-образовниот процес или пак различен начин на организирани средби и состаноци. Многу истражувања поврзани со професионалниот развој на наставниците дале резултати дека наставниците во својата кариера најдобро професионално се развиваат преку хоризонталниот начин на учење.

            Тимското работење како форма на организирање дава најдобри резултати во професионалниот развој на наставниците во училиштето. Преку тимското работење се создаваат нови функционални идеи. Поединецот колку и да е стручен и ефикасен во однос на сите работни задачи поврзани со училишното работење, тој ќе има многу поголема потреба од време да го реализира она што го реализирал еден добро организиран училишен тим за одреден временски период.

Постојат повеќе активности преку кои се реализира хоризонталното учење во училиштето како начин за професионален развој на наставниците.

16-2

Училишните состаноци доколку бидат добро осмислени и реализирани, може да бидат продуктивни во професионалниот развој на наставниците. Покрај наставниците од училиштето на истите може да бидат поканети и наставници од други училишта од општината или училишта со кои се има добра соработка. На ваквите состаноци секако треба да бидат приоритетни темите поврзани со воспитно-образовниот процес

Акционите истражувања може да бидат од голема важност за професионалниот развој на наставниците. Истите треба да ги предводат искусни наставници докажани во својата професија или претставници од училишната стручна служба, а секако во истите треба да бидат активно вклучени и наставници со помало искуство.

            Со самото вработување на наставникот во училиштето, тој добива статус на наставник приправник. Училиштето на наставникот приправник му доделува ментор, колега по соодветниот предмет од истото училиште, односно друго училиште доколку во истото нема колега со подолг работен стаж кој го предава истиот предмет. Улогата на менторот е да го воведе наставникот приправник во практичната настава на материја по предметот која тој треба да ја реализира. Од менторскиот процес придобивката е двојна од причина што истиот им овозможува професионално да се развиваат и на менторот и на менторираниот.

            Во училиштето може да се формираат и таканаречени групи на интерес, односно кружоци. Нивната цел е да работат на заеднички цели преку кои сметаат дека може да дадат допринос за подобрување на воспитно-образовната дејност. Пример: група за спречување на насилното однесување во училиштето, група за организирање на манифестации од различен карактер, група за изготвување на инструменти за следење на напредокот на учениците и сл.

            Како важен елемент во професионалниот развој на наставниците е собирањето и разгледувањето на информации за професионалниот развој на наставниците во училиштето. Собирањето, а потоа и разгледувањето на добиените информации е во насока на обезбедување и разгледување на стручна литература за наставниците, создавање клима за професионална соработка со други училишта, следење светските владини и невладини здруженија и нивните стратегии насочени во сферата на воспитно-образовната дејност, собирање информации за актуелни и ефикасни акредитирани програми за стручно усовршување на наставниот кадар, обезбедување информации за семинари на кои може да учествуваат наставници каде стручно ќе се усовршуваат и сл.

16-1

            Организирањето и следењето на отворени часови е во насока за обезбедување и размена на искуства помеѓу самите наставници. Отворените часови може да се организираат првенствено за колегите кои предаваат исти или истородни предмети, а што не мора да е и пример. На ваквите часови може да учествува било кој колега од училиштето од причина што може да согледа различен пристап на реализација на часот преку примена на различни интерактивни методи, индивидуален и групен пристап кон учениците, средства за нивно следење и вреднување, користење на ИКТ итн.

            Давањето совети и поддршка на наставниците е составен дел од успешното функционирање на училиштето. Во давањето совети за успешна реализација на воспитно-образовната дејност учествуваат директорот на училиштето, училишната стручна служба, наставниците, давајќи меѓусебно менторска поддршка, а како битна институција чија една од основните дејности е и поддршка на училиштата во нивното успешно функционирање е Бирото за развој на образованието.

            Дисеминацијата на одреден материјал во училиштето од посетени стручни обуки од страна на наставниците кои учествувале на стручни обуки оргнизирани од други организации е од голема важност. Првенствено, треба да се создаде навика дека наставниците кои од училиштето се испратени на одредени стручни обуки, задолжително треба да извршат дисеминација на предадениот материјал на посетената стручна обука со цел и останатите наставници од училиштето да се стекнат со нови знаења и професионално да се усовршат. Се вели задолжително од причини што се бележат примери кога не се вршат дисеминации во училиштата иако тоа е посочено и задолжително.

            Воннаставните активности се од голема важност за професионалниот развој на наставниците, а посебно за развојот и стекнувањето на нови знаења кај учениците. Од тие причини нивното планирање и реализирање треба да биде посеопфатно и добро осмислено, а на крај и успешно реализирано.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.