Teachers - Наставници

СЛЕДЕЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ

Следењето на професионалниот развој на наставникот е од исклучително значење за самиот него. Од тие причини секој наставник треба да си изготви план за сопствен професионален развој, а сите активности во врска со него треба да бидат евидентирани и документирани во неговото професионално досие.

            Училиштето во кое работи наставникот и Бирото за развој на образованието се најрелевантните институции кои квалитетно и во континуитет може да го следат професионалниот развој на наставниците. Секако, тука голем допринос може да дадат и другите институции како што се: Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар, Центарот за средно стручно образование итн.

            Училиштето во кое работи наставникот задолжително треба да го следи и остварува планот за стручно усовршување на наставниците кое усовршување треба да се заснова на најразлични облици, а кој план треба задолжително да се наоѓа во секоја Годишна програма на училиштето.

17-1

            Секое училиште, за секој негов наставник, во професионалното досие треба да ги евидентира сите активности поврзани со професионалниот развој на наставникот.

            Училиштето треба да води евиденција за секој наставник, како неговиот професионален развој влија во работењето со учениците и какви постигнувања и резултати се бележат кај учениците.

            Училиштето задолжително треба да врши анализа за секој наставник на неговите добиени резултати од училишната самоевалуација, која секое училиште задолжително треба да ја врши, како и анализа на резултатите од извршената интегрална евалвавија која ја спроведува Државниот просветен инспекторат.

            Училиштето исто така врши и континуирано следење на учениците и нивните родители за нивното искажано задоволство, или незадоволство во однос на работењето од наставникот/наставниците, а кое работење е директно поврзано со професионалниот развој на наставниците.

            Училиштето треба да ги следи потребите поврзани со унапредување на воспитно-образовниот процес во училиштето, и врз  основа на тие потреби треба да ги унапреди компетенциите на секој наставник согласно потребите кои се јавуваат во самото училиште.

            Во согласност со потребите и унапредувањето на компетенциите за реализирање на еден квалитетен воспитно-образовен процес, секое училиште треба да води грижа да обезбеди професионално усовршување за секој наставник од училиштето.

            Сите овие работи кои досега беа спомнати треба да се водат и чуваат во професионалното досие на наставникот.

            Бирото за развој на образованието како стручна установа за цел има развој на воспитанието и образованието во Република Македонија. Во однос на професионалниот развој на наставниците, покрај самото училиште, Бирото ја има најважната улога. Улогата на Бирото, покрај другото, е да врши анализа и контрола на одобрените и акредитирани обуки и програми кои се во насока на професионалниот развој на наставниот, стручниот и раководниот кадар од училиштата. Таа анализа и контрола е во насока да се утврди колку таа обука, односно програма ќе влијае во зголемување и подобрување на професионалните компетенции на наставниот, стручниот и раководниот кадар од училиштата. Бирото предлага и презема мерки и активности кои се во насока на континуиран професионален развој на наставниците. Го анализира, контролира и подобрува самиот систем врз кој е заснован професионалниот развој на наставниците. Оваа обврска на Бирото, околу грижата за професионален развој на наставниот, стручниот и образовниот кадар му е доделена и законски. Покрај другото, Бирото го следи и самото одвивање, односно реализација на програмите и обуките поврзани со професионалниот развој на наставниците, а подоцна ги вреднува и ефектите од реализираните програми и обуки преку посета на наставни часови во училиштата, односно посета и увид на стручното работење на стручниот и раководниот кадар во училиштето во делот на развој и унапредување на воспитно-образовната дејност.

Ofsted Chief Inspector visits school

Бирото преку посета во училиштата на целокупниот кадар поврзан со воспитно-образовниот процес им дава стручна и инструктивна помош преку советување. Советодавно-стручната работа во училиштето ги опфаќа следните аспекти:[1]

  • планирањето на наставата;
  • организацијата на наставата;
  • посета на наставен час;
  • разговор со наставниците (директорот и стручната служба);
  • давање повратна информација за посетата.

По завршувањето на советодавната посета се поднесува извештај за реализација на посетата.

Главната улога во овие активности ја има Секторот за професионален развој во соработка со Секторот за развој на образовниот систем и развој на стандарди, наставни планови и програми. За оваа намена изготвено е посебно Упатство за реализација на овие активности во кое упатство е посочен начинот на спроведување на советодавно-стручната работа во училиштето.

Во самото упатство се дадени насоки за „Следење на час“ и „Следење на организацијата на планирањето на наставата“. Преку насоките за „Следење на час“, советникот од Бирото го согледува и анализира:

  • планирањето и подготовката за реализација на наставата;
  • подготовка и планирање на часот;
  • содржина на предавањето – начини и стратегии;
  • комуникација;
  • стимулативноста на средината и користењето на наставните помагала;
  • организацијата во училницата и раководењето;
  • однесување и реакции на учениците.

Преку следење на организацијата и планирањето на наставата, советникот ја согледува опременоста на училиштето и врши интервју со директорот, односно заменик директорот на училиштето и педагогот, односно психологот.

            И за двете следења изготвени се посебни инструменти.

            Советниците од Бирото преку следењето на наставните часови и следењето на организираноста и планирањето на наставата во училиштето може да согледаат колку училишето ефективно работи и колку се ефикасни и компетенти наставниците, стручните соработници и раководниот кадар во самото училиште. Врз основа на ваквата советодавно-стручна посета се изготвува извештај, во кој меѓу другото може да се посочат и конкретни забелешки поврзани со професионалниот развој во училиштето. Тоа значи дека советниците од Бирото може да посочат и конкретни програми и обуки кои се неопходни за зголемување на компетенциите на училишниот кадар кој е поврзан со воспитно-образовната дејност во посетеното училиште.

[1] Биро за развој на образованието, Упатство за реализација на советодавна и стручна работа и  давање инструктивна помош на наставниците и на воспитно образовните установи (основни и средни училишта), 2010 год.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.