Teachers - Наставници

ПРЕПОРАКИ ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ И РЕГИОНАЛНИТЕ КРЕАТОРИ НА ОБРАЗОВНИТЕ ПОЛИТИКИ

Следниве препораки се упатуваат до оние кои се одговорни за креирање на политиките на национално или на регионално ниво:

  1. Наставничката професија треба да биде добро квалификувана.
  • Наставниците треба да се дипломци на високообразовна институција или еквивалентна на неа.
  • Оние кои предаваат во областа на иницијалното стручно образование треба да се висококвалификувани во нивната професионална област и да имаат соодветни наставни квалификации.
  • Програмите за образование на наставници треба да се испорачуваат во трите циклуси5 на високото образование, за да се осигура нивното место во европската високообразовна област и да се зголеми можноста за напредување и мобилност во рамки на професијата.
  • Треба да се промовира придонесот на практиката базирана на истражување и докази кон развивањето на ново знаење за образованието и обуката.

  1. На наставничката професија треба да се гледа како на континуитет, таа го опфаќа иницијалното образование за наставници и воведувањето континуиран професионален развој.
  • Потребни се кохерентни стратегии за доживотно учење со соодветни ресурси, коишто ги опфаќаат активностите за формален и неформален развој за обезбедување континуиран професионален развој за наставници. Овие активности, кои опфаќаат предметна и педагошка обука треба да се достапни во текот на целата кариера и соодветно признати.
  • Содржината на иницијалната програма за континуиран професионален развој треба да ја рефлектира важноста на интердисциплинарните и колаборативните приоди кон учењето.

  1. Треба да се поттикне мобилна наставничка професија.
  • Проектите за моблност на наставниците треба да се поттикнат и промовираат како интегрален дел на иницијалните програми и програмите за континуиран професионален развој.
  • Иницијалните програми за континуиран професионален развој треба да осигураат дека наставниците имаат познавање и искуство во однос на европската соработка, што ќе им овозможи да го вреднуваат и почитуваат културниот диверзитет и да ги едуцираат учениците да станат граѓани на ЕУ и да бидат глобално одговорни.
  • Во текот на иницијалното образование на наставниците и во програмите за континуиран професионален развој треба да бидат достапни и да се промовираат можности за изучување на европски јазици, вклучувајќи ја употребата на специјалистички вокабулар.
  • Треба да се даде приоритет на развивањето поголема доверба и транспарентност на квалификациите на наставникот во Европа, за да се овозможи заемно признавање и зголемена мобилност.

  1. Наставничката професија треба да работи во партнерство со другите засегнати страни.
  • Треба да се поттикнат партнерства меѓу институциите каде што ќе се вработуваат наставниците, индустријата, обезбедувачите на обука и високообразовните институции, за да се поддржи висококвалитетната обука и ефективната практика, и да се развијат мрежи на иновација на локално и регионално ниво.

http://www.see-educoop.net/education_in/pdf/workshop/tesee/dokumenti/mak-eu-common-principles.pdf (Заеднички европски принципи за компетенциите и за квалификациите на наставникот)

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.