Professional associates - Стручни соработници

Самопроценка на компетенциите на стручниот соработник – ПСИХОЛОГ

Извршете самопроценка на нивото (степенот) на кое се развиени следните вештини кај вас (изберет 1,2,3 или 4)

1 – Воопшто не е развиена (неопходна е обука)

2 – Делумно е развиена (има потреба од обука)

3 – Добро е развиена (нема потреба од обука)

4 – Многу добро е развиена (може да даде поддршка на другите)

I. РАБОТА СО УЧЕНИЦИ

1.1. Поддршка на учениците во учењето

  1. Користење различни методи и инструменти за испитување на подготвеноста за вклучување на учениците во соодветното ниво на образование.
  2. Подготвување документи (планови, процедури, насоки, препораки) за идентификување на образовните потреби на учениците и за обезбедување соодветна поддршка.
  3. Организирање и реализирање различни видови индивидуална и групна работа со учениците за прашања поврзани со учењето, успехот, системот на вредности.
  4. Прибирање податоци за причините за неуспех (испитувања, интервјуа, дискусии во фокус групи).
  5. Информирање на родителите, наставниците и учениците и давање соодветни препораки.
  6. Коористење различни методи и инструменти за идентификување на потребите од поддршка за учењето и самооценувањето.
  7. Планирање и давање непосредна поддршка на учениците во учењето.
  8. Идентификување на учениците со посебни образовни потреби.
  9. Соработка со колегите од инклузивниот тим во училиштето.
  10. Подготвување индивидуален образовен план за учениците со посебни образовни потреби.
  11. Проценување на конгнитивните потенцијали на учениците.
  12. Проценување на психосоцијалните причини за неуспехот во учењето.
  13. Проценување на подготвеноста на учениците за забрзано напредување.
  14. Реализирање работилници и индивидуални консултации за учење, и сл.
  15. Реализирање индивидуални и групни советодавни средби со учениците што се соочуваат со неуспех во учењето.
  16. Реализирање работилници кои се релевантни за подобрување на учењето на учениците (на пр., мотивација за учење, критичко мислење, креативно мислење, решавање проблеми и сл.).

1.2. Следење и поддршка на развојот на учениците

  1. Идентификување на причините за ниска самодоверба, самопочитување и организирање работилници за зголемување на самодовербата и самопочитувањето на учениците.
  2. Поддршка на ученикот секогаш кога му е потребна (учениците се информираат за можностите за консултација).
  3. Користење различни видови стратегии и приоди во индивидуалната и групната комуникација со учениците.
  4. Помагање на учениците да се справат со кризни ситуации (болест, смрт, развод, семејно насилство и слично).
  5. Прибирање податоци за личниот и социјалниот развој на учениците (преку набљудување, интервјуирање, анкетирање, фокус групи).
  6. Прибирање информации за работата и однесувањето на учениците преку следење на наставата.
  7. Реализирање работилници и други активности со учениците за превенција на различни теми поврзани со физичкото и менталното здравје (на пр., зависности, диети, справување со стрес, справување со насилство, асоцијално однесување, справување со дискриминација, несакана бременост и сл.)
  8. Интервенирање при несоодветно однесување на учениците.
  9. Развивање стратегија за поддршка на психичкиот развој на учениците, приспособена на специфичностите на самите ученици и училиштето.
  10. Користење тестови за проценка на личноста.
  11. Планирање, организирање и реализирање работилници за личен раст и развој (на пример: свест за себе, самодоверба, свест за правата и одговорностите, препознавање и справување со емоции, итн).
  12. Планирање, организирање и реализирање работилници за психосоцијални вештини (на пример: свест за себе, самодоверба, свест за правата и одговорностите, препознавање и справување со емоции, итн).
  13. Планирање, организирање и реализирање превентивни работилници.
  14. Идентификување и советување на учениците што користат психотропни супстанции и упатување каде да побараат соодветна помош, информирање на родителите и соодветните служби.

1.3. Професионална и кариерна ориентација на учениците

  1. Испитување на информираноста и заинтересираноста на учениците за понатамошно образование или вработување.
  2. Информирање на учениците за можностите и перспективите на професиите и мрежата на средни училишта / високообразовни институции.
  3. Организирање презентации на средните училишта / високообразовните институции и стопанските субјекти.
  4. Индивидуално и групно советување на учениците и родителите за правилен избор на понатамошното образование или професија.
  5. Користење тестови за професионални интереси.
  6. Користење тестови за општи и посебни способности.

psiholog

II. РАБОТА СО НАСТАВНИЦИ

2.1. Поддршка на наставниците за планирање на воспитно-образовниот процес и самоевалуација

  1. Организирање и реализирање активности (предавања, работилници) за анализа на концепциските документи.
  2. Организирање и реализирање активности (предавања, работилници) за актуелните програми и приоди во наставата.
  3. Следење на наставата и давање повратни информации (писмена или усна) на наставниците за различните аспекти кои се набљудувани.
  4. Правење увид во квалитетот на планирањата за настава и консултации со наставниците за подобрување на истите
  5. Организирање и реализирање активности (работилници, индивидуални консултации) со наставниците за планирање на наставата.
  6. Помагање на наставниците да ги земат предвид индивидуалните карактеристики и потреби на развојните периоди при планирање и реализирање на наставата.
  7. Реализирање активности (работилници, презентации примери на добра практика, индивидуални консултации со наставници) за создавање стимулативна средина за учење.
  8. Набљудување на однесувањето на учениците од паралелката за време на наставата и одмор и давање повратна информација на наставникот за подобрување на социоемоционалната клима во училницата.
  9. Упатување на наставницит како резултатите од оценувањето да ги земаат предвид при идните планирања.
  10. Поддршка на наставниците за фер и објективно оценување.
  11. Упатување на начините за избор и користење различни извори на учење.
  12. Организирање и реализирање информативни средби за актуелни настани и иновации во наставата.
  13. Тимска работа во проекти.
  14. Давање стручна помош во подготовка и реализација на интерактивна настава.
  15. Информирање на наставниците за различни видови екстерни и интерни тестирања (цели, видови задачи, начин на спроведување).
  16. Давање насоки за документирање на постигањата на учениците (групни или индивидуални консултации).
  17. Реализирањ работилници за квалитетно оценување.
  18. Давање насоки за избор на соодветни методи и за изработување и користење на инструменти за оценување на постигањата на учениците.
  19. Давање насоки (индивидуални или групни консултации) за подобрување на тестовите врз основа на психометриска анализа.

2.2. Поддршка на наставниците за работа со учениците

  1. Давање специфични насоки за работа со одделни групи и поединечни ученици.
  2. Поддршка на наставникот за работа со ученици во зависност од видот и специфичните потешкотии на конкретен ученик.
  3. Осмислување постапки за подготовка и работа со паралелката во која има ученици од ранливи категории.
  4. Запознавање на наставниците со различни начини на кои учениците учат.
  5. Запознавање на наставниците со карактеристиките на новозапишаните ученици.
  6. Реализирање на работилници за стекнување комуникациски вештини.
  7. Советување на наставниците за комуникација со одделна група ученици.
  8. Следење на комуникацијата во училницата и давање повратна информација на наставникот.
  9. Помагање на наставникот да ги согледа причините за несоодветното однесување, предлагање стратегии за надминување и заедно со наставникот следење на ефектите од преземените активности.
  10. Советување на наставниците како да ги детектираат надарените ученици.
  11. Предлагање или заедно со наставникот осмислување начини за поттикнување на посебните способности на надарените ученици.
  12. Објаснување и демонстрирање начини на кои може да им се помогне на учениците за користење различни приоди во учењето.

2.3. Поддршка на наставниците за работа со родителите

  1. Упатување на наставниците кон поефективна комуникација и соработка со родителите.
  2. Градење стратегија за соработка одделни групи родители или поединци.

 

III. РАБОТА СО РОДИТЕЛИ

3.1. Индивидуални и групни советувања и консултации со родителите

  1. Помагање на родителите да препознаат како кризната ситуација во семејството е поврзана со учењето и развојот на учениците и советување како да реагираат во одредени ситуации.
  2. Споделување на информациите за учењето и однесувањето на ученикот на соодветен начин со родителите.
  3. Реализирање индивидуални групни консултации за поддршка на родителите (начин на комуникација, поддршка во учењето, мотивирање за учење и слично).
  4. Информирање на родителите на децата со посебни образовни потреби за нивните права, обврски и бенефиции кои можат да ги добијат и упатување до релевантни институции за помош.
  5. Реализирање индивидуални консултации со родителите за поддршка на децата со посебни образовни потреби.
  6. Организирање и спроведување групни и индивидуални советувања со родителите чии деца се соочуваат со неуспех во учењето, нередовно посетување на наставата и несоодветно однесување.

3.2. Едукација на родители

  1. Подготвување материјали за едукација на родителите (презентации, брошури, флаери, пишани материјали).
  2. Информирање на родителите за услугите што училиштето и стручните соработници ги нудат за поддршка на учениците.
  3. Идентификување на потребите на родителите за едукација поврзана со нивната родителска улога.
  4. Организирање едукативни средби и / или работилници со родители (на пр., развојни карактеристики на деца, карактеристики на учење, справување со различни однесувања на учениците, електронско насилство, мотивација за учење, развивање и јакнење на самодоверба и сл.).

3.3. Вклучување на родителите во животот и работата на училиштето

  1. Планирање и овозможување вклучување на родителите во одделни сегменти од воспитно-образовниот процес.
  2. Преземање (со родителите) превентивни мерки за спречување на негативното влијание на средината врз младите и за надминување на изразени тешкотии и сл.

психолог3

IV, СОРАБОТКА СО ЗАЕДНИЦАТА

4.1. Соработка со локалната заедница

  1. Планирање, реализирање и следење на активностите меѓу училиштето и заедницата со кои се подобруваат постигањата на учениците (посети, реализација на наставни и воннаставни активности).
  2. Информирање на заедницата за потребите и постигањата на училиштето.
  3. Вклучување во организацијата и реализацијата на превентивни, хуманитарни и културни активности на локалната заедница.
  4. Соработување со локалната зедница при справување со кризни ситуации што го засегаат училиштето и локалната заедница (непогоди, епидемии, насилство, криминални појави и слично).
  5. Планирање, реализирање и следење на активности кои промовираат интеркултурно образование.

4.2. Соработка со стручните институции и организации

  1. Консултирање институции при работа со одредена група ученици, наставници, родители и за сопствената работа и земање предвид на нивните препораки.
  2. Планирање и остварување соработка со училиштата од реонот и пошироко.
  3. Запознавање и упатување на учениците, наставниците и родителите во соодветни институции за решавање на одреден проблем.

 

V. ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И ПРОФЕСИОНАЛНА СОРАБОТКА

5.1. Личен професионален развој

  1. Внесување иновации во сопствената работа и вршење проценка на нивната ефикасност.
  2. Планирање и евидентирање на сопствениот професионален развој.
  3. Примена во практика на новините од струката.
  4. Соработка со колегите во професионалните здруженија, социјални мрежи и форуми.

5.2. Поддршка на професионалниот развој и соработка во училиштето

  1. Поддршка на тимот за професионален развој во училиштето.
  2. Реализирање на делови од програмата за воведување на приправникот во работата.
  3. Дисеминирање на стекнати знаења и вештини од посетувани обуки.
  4. Упатување на наставниците да користат различни ресурси за осовременување на наставниот процес.
  5. Соработување со професионалци и експерти заради подигање на професионалните знаења на наставниците.
  6. Подготвување инструменти, прибирање податоци, анализирање на потребите за професионален развој на наставниците.
  7. Идентификување и предлагање на теми за обука во училиштето.
  8. Помагање на наставниците да ги идентификуваат своите потреби и да подготват план за личен професионален развој.
  9. Реализирање разни форми на интерно стручно усовршување со наставниците (предавања, работилници и сл.)
  10. Водење документација за професионален развој на наставниците.
  11. Подготвување менторски програми.

 

VI. АНАЛИТИЧКО – ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА

6.1.Анализа и проценка на воспитно-образовната работа

  1. Подготвување инструменти (протоколи, евидентни листи, обрасци) за прибирање податоци.
  2. Споделување / презентирање добиени информации од проценката и анализата со / на вработените, родителите, заедницата, стручните органи и тела, надлежните институции.
  3. Подготвување, анализа и извештаи за состојбите во различни области од воспитно-образовната работа.
  4. Пишување, извештаи, анализи, прегледи и други стручни материјали.
  5. Мерење на психолошките карактеристики на учениците за истражување на поврзаноста со учењето и однесувањето на учениците.
  6. Идентификување, предлагање, спроведување и / или учествување и интерпретирање на сознанијата од акциските истражувања и предлагање соодветни програми / активности.

6.2. Истражување на воспитно-образовната работа

  1. Идентификување проблеми за чие решавање се потребни податоци добиени со истражување.
  2. Спроведување истражувања на прашања актуелни за училиштето.
  3. Правење статистичка обработка и анализа на податоците.
  4. Давање предлози и сугестии за подобрување на практиката врз основа на сознанијата од истражувањата.

психолог2

VII. УЧИЛИШНА СТРУКТУРА, ОРГАНИЗАЦИЈА И КЛИМА

7.1. Училишна структура и организација (планирање, следење на воспитно-образовната работа, педагошка евиденција и документација, евалуација

  1. Изработка и примена на инструменти за самоевалуација на училиштето.
  2. Покренување и образложување иницијативи за осовременување на воспитно-образовната работа.
  3. Подготвување развојна програма и годишна програма за работа на училиштето.
  4. Организирање на работата во училиштето (распоред, календар, распределба на учениците, планирање и програмирање и слично).
  5. Соработка со стручните органи и тела во училиштето.
  6. Водење евиденција за работата со учениците и родителите и нејзино чување на безбедно место.
  7. Избирање и користење психодијагностички инструменти кои се соодветни за работата во училиште.
  8. Следење наставни часови, анализирање на сознанијата и предлагање мерки релевантни за целото училиште.

7.2. Училишна клима, безбедна средина и демократско учество

  1. Иницирање и реализирање активности за промоција на постигањата на вработените и учениците.
  2. Организирање на учениците во заеднички активности каде што до израз доаѓа меѓуврсничката соработка.
  3. Развивање програми кои се однесуваат на социјалната и образовната инклузија.
  4. Организирање хуманитарни акции за помош на ученици од социјално ранливи категории.
  5. Идентификување и превенирање на случаите на дискриминација и нерамноправност во училиштето и преземање соодветна акција.
  6. Сензибилизирање на наставниците и учениците за родова еднаквост.
  7. Преземање активности за отстранување на можните закани (предлагање системски мерки, превенирање, советување и сл.)
  8. Планирање и организирање активности за демократско учество на учениците во животот на училиштето.
  9. Соработка со ученичките организации и клубови.
  10. Правење анализи и давање сугестии за користење на различни можности за учество на учениците.
  11. Организирање дебати, дискусии и сл. на тема демократскот учество на учениците.
  12. Работење со поединци и групи ученици за надминување бариери за изразување мислење и учество.
  13. Развивање превентивни програми (на пр., јакнење на самодовербата и самопочитување, превенција на непожелни видови однесување, учење социјални вештини, мотивација за учење и сл.) за сите ученици, особено оние од ранливите групи.
  14. Обезбедување соодветна советодавна помош и психосоцијална и емоционална поддршка во ситуации на закани или загрозување на здравјето или безбедноста на ученици.
  15. Упатување на начините и интервенирање во разрешување конфликтни ситуации.

Извор: Прирачник за следење на работата и планирање на професионалниот развој на наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.