Professional associates - Стручни соработници

Самопроценка на компетенциите на стручниот соработник – СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК

Извршете самопроценка на нивото (степенот) на кое се развиени следните вештини кај вас (изберет 1,2,3 или 4)

1 – Воопшто не е развиена (неопходна е обука)

2 – Делумно е развиена (има потреба од обука)

3 – Добро е развиена (нема потреба од обука)

4– Многу добро е развиена (може да даде поддршка на другите)

 

I. РАБОТА СО УЧЕНИЦИ

 

1.1. Поддршка на учениците во учењето

  1. Користење различни методи и инструменти за испитување на подготвеноста за вклучување на учениците во соодветното ниво на образование.
  2. Подготвување документи (планови, процедури, насоки, препораки) за идентификување на образовните потреби на учениците и за обезбедување соодветна поддршка.
  3. Организирање и реализирање различни видови индивидуална и групна работа со учениците за прашања поврзани со учењето, успехот, системот на вредности.
  4. Прибирање податоци за причините за неуспех (испитувања, интервјуа, дискусии во фокус групи).
  5. Информирање на родителите, наставниците и учениците и давање соодветни препораки.
  6. Коористење различни методи и инструменти за идентификување на потребите од поддршка за учењето и самооценувањето.
  7. Планирање и давање непосредна поддршка на учениците во учењето.
  8. Идентификување на учениците со посебни образовни потреби.
  9. Соработка со колегите од инклузивниот тим во училиштето.
  10. Подготвување индивидуален образовен план за учениците со посебни образовни потреби.
  11. Воведување евиденција и нудење помош и поддршка за ученици кај кои неповолните социјални услови во кои живеат негативно се одразуваат врз успехот во учењето.
  12. Организирање и реализирање активности за поддршка на ученици од социјално ранливи категории.
  13. Иницирање поддршка и помош за учениците со потешкотии во учењето и слаб успех во соработка со: наставниците за дополнителна настава, со други ученици за менторска помош, со организации во локалната заедница за образовна поддршка на ученици од социјално ранливите групи, со центарот за социјална работа за унапредување на социјалната ситуација на ученикот, а со тоа и на можностите за учење.

1.2. Следење и поддршка на развојот на учениците

  1. Идентификување на причините за ниска самодоверба, самопочитување и организирање работилници за зголемување на самодовербата и самопочитувањето на учениците.
  2. Обезбедување поддршка за ученикот секогаш кога му е потребна (учениците се информирани за можностите за консултација).
  3. Користење различни видови стратегии и приоди во индивидуалната и групната комуникација со учениците.
  4. Помагање на учениците да се справат со кризни ситуации (болест, смрт, развод, семејно насилство и слично).
  5. Прибирање податоци за личниот и социјалниот развој на учениците (преку набљудување, интервјуирање, анкетирање, фокус групи).
  6. Прибирање информации за работата и однесувањето на учениците преку следење на наставата.
  7. Реализирање работилници и други активности со учениците за превенција на различни теми поврзани со физичкото и менталното здравје (на пр., зависности, диети, справување со стрес, справување со насилство, асоцијално однесување, справување со дискриминација, несакана бременост и сл.)
  8. Интервенирање при несоодветно однесување на учениците.
  9. Прибирање податоци за учениците и условите во коишто тие живеат, анализирање и укажување на можните влијанија врз учењето и однесувањето на учениците.
  10. Работење со паралелките и други форми на организација на учениците за да ги прифатат учениците од социјално ранливите категории.
  11. Испитување на социјалните услови на учениците.
  12. Изработување социјална карта на паралелката.
  13. Идентификување социјално ранливи ученици и помагање за вклучување во воспитно-образовниот процес.
  14. Идентификување и евидентирање ученици кои живеат во неповолни социјални услови (ученици од сиромашни семејства, семејства со проблем на невработеност, самохрани семејства, маргинализирани и дискриминирани семејства, семејства мигранти, дисфункционални семејства, ученици без родители и родителска грижа, ученици деликвенти, ученици од семејства со проблеми во домувањето и бројни други социјални проблеми).
  15. Применување методи на индивидуална и групна социјална работа, поддршка и помош на учениците со пречки во социјалниот развој кај кои неповолните социјални услови резултирале со проблеми во социјализацијата, или условиле појава на социјални проблеми (деликвенција, болести на зависност, проституција и сл.)
  16. Поттикнување на формирање групи на поддршка меѓу ученици со слични потешкотии и проблеми.
  17. Креирање и спроведување програми за превенција на социјални проблеми кај сите ученици.

1.3. Професионална и кариерна ориентација на учениците

  1. Испитување на информираноста и заинтересираноста на учениците за понатамошно образование или вработување.
  2. Информирање на учениците за можностите и перспективите на професиите и мрежата на средни училишта / високообразовни институции.
  3. Организирање презентации на средните училишта / високообразовните институции и стопанските субјекти.
  4. Индивидуално и групно советување на учениците и родителите за правилен избор на понатамошното образование или професија.

социјален работник2

II, РАБОТА СО НАСТАВНИЦИ

2.1. Поддршка на наставниците за планирање на воспитно-образовниот процес и самоевалуација

  1. Организирање и реализирање активности (предавања, работилници) за анализа на концепциските документи.
  2. Организирање и реализирање активности (предавања, работилници) за актуелните програми и приоди во наставата.
  3. Следење на наставата и за различни аспекти кои се набљудувани давање повратна информација (писмена или усна) на наставниците.
  4. Правење увид во квалитетот на планирањата за настава и консултации со наставниците за подобрување на истите
  5. Организирање и реализирање активности (работилници, индивидуални консултации) со наставниците за планирање на наставата.
  6. Помагање на наставниците да ги земат предвид индивидуалните карактеристики и потреби на развојните периоди при планирање и реализирање на наставата.
  7. Реализирање активности (работилници, презентации примери на добра практика, индивидуални консултации со наставници) за создавање стимулативна средина за учење.
  8. Набљудување на однесувањето на учениците од паралелката за време на наставата и одмор и давање повратна информација на наставникот за подобрување на социоемоционалната клима во училницата.
  9. Упатување на наставницит како резултатите од оценувањето да ги земаат предвид при идните планирања.
  10. Поддршка на наставниците за фер и објективно оценување.
  11. Упатување на начините за избор и користење различни извори на учење.
  12. Организирање и реализирање информативни средби за актуелни настани и иновации во наставата.
  13. Тимска работа во проекти.
  14. Реализирање работилници или давање индивидуална помош на наставниците за различни начини на прибирање податоци за социјалната ситуација на ученикот (услови за живеење, учење, можности за напредување).

2.2. Поддршка на наставниците за работа со учениците

  1. Давање специфични насоки за работа со одделни групи и поединечни ученици.
  2. Објаснување на наставникот за видот и специфичностите на тешкотиите идентификувани кај одреден ученик и упатување на приодите и начините за работа со него.
  3. Осмислување (со наставникот) постапки за подготовка и работа со паралелката во која има ученици од ранливи категории.
  4. Запознавање на наставниците со различни начини на кои учениците учат.
  5. Запознавање на наставниците со карактеристиките на новозапишаните ученици.
  6. Реализирање на работилници за стекнување комуникациски вештини.
  7. Советување на наставниците за комуникација со одделна група ученици.
  8. Следење на комуникацијата во училницата и давање повратна информација на наставникот.
  9. Помагање на наставникот да ги согледа причините за несоодветното однесување, предлагање стратегии за надминување и заедно со наставникот следење на ефектите од преземените активности.
  10. Спроведување советодавна и консултативна работа со наставниците за поефикасна работа со ученици во социјален ризик.

2.3. Поддршка на наставниците за работа со родителите

  1. Упатување на наставниците кон поефективна комуникација и соработка со родителите.
  2. Градење стратегија за соработка одделни групи родители или поединци.
  3. Реализирање советодавна и консултативна работа со наставниците за усвојување соодветен пристап кон родителите заради превенција на тешкотии во социјализацијата кои се јавуваат во семејства со социјален ризик.
  4. Спроведување советодавна и консултативна работа со наставниците за поефикасна работа родителите на учениците со социјални проблеми.
  5. Вклучување на наставниците во реализацијата на програми за социјална превенција со родителите.
  6. Посредување во справување со конфликти меѓу наставник и родител / група родители.

 

III, РАБОТА СО РОДИТЕЛИ

3.1. Индивидуални и групни советувања и консултации со родителите

  1. Помагање на родителите да препознаат како кризната ситуација во семејството е поврзана со учењето и развојот на учениците и советување како да реагираат во одредени ситуации.
  2. Споделување на информациите за учењето и однесувањето на ученикот на соодветен начин со родителите.
  3. Реализирање индивидуални групни консултации за поддршка на родителите (начин на комуникација, поддршка во учењето, мотивирање за учење и слично).
  4. Спроведување методи на индивидуална и групна социјална работа со родителите на учениците од семејства со социјален ризик, кои имаат потреба од дополнителна поддршка во учењето, и проблеми во социјализацијата.
  5. Поттикнување на формирање групи за самопомош маѓу родителите кои се соочуваат со слични социјални потешкотии.
  6. Помагање во остварување на социјалните права и бенефиции од системот на социјална заштита.
  7. Реализирање програми за социјална превенција за родители.
  8. Советување на родители и по потреба упатување до стручни служби од областа на социјалната заштита.
  9. Иницирање и раководење со советувалишта за родители или семејни центри за поддршка на родителите.
  10. Вршење стручен увид во домот на семејството на учениците кои пројавуваат првични знаци за социјални проблеми или веќе се соочуваат некој социјален проблем.

3.2. Едукација на родители

  1. Подготвување материјали за едукација на родителите (презентации, брошури, флаери, пишани материјали).
  2. Информирање на родителите за услугите што училиштето и стручните соработници ги нудат за поддршка на учениците.
  3. Идентификување на потребите на родителите за едукација поврзана со нивната родителска улога.
  4. Организирање едукативни средби и / или работилници со родители (на пр., развојни карактеристики на деца, карактеристики на учење, справување со разични однесувања на учениците, електронско насилство, мотивација за учење, развивање и јакнење на самодоверба и сл.).
  5. Организирање трибини за актуелни социјални теми.
  6. Организирање и вклучување родители во работилници за препознавање / надминување на социјалните ризици и нивното влијание врз развојот и учењето на децата.

3.3. Вклучување на родителите во животот и работата на училиштето

  1. Планирање и овозможување вклучување на родителите во одделни сегменти од воспитно-образовниот процес.
  2. Придонесување за обезбедување соработка на родителите преку нивно вклучување со свои претставници во различни работни и други тела и одбори во училиштето.
  3. Придонесување родителите од семејствата со социјален ризик да бидат соодветно вклучени во работата на училиштето.
  4. Обезбедување и континуирано унапредување на соработката меѓу семејствата на учениците и училиштето.

социјален работник1

IV. СОРАБОТКА СО ЗАЕДНИЦАТА

4.1. Соработка со локалната заедница

  1. Планирање, реализирање и следење на активностите меѓу училиштето и заедницата со кои се подобруваат постигањата на учениците (посети, реализација на наставни и воннаставни активности).
  2. Информирање на заедницата за потребите и постигањата на училиштето.
  3. Вклучување во организација и реализација на превентивни, хуманитарни и културни активности на локалната заедница.
  4. Соработување со локалната зедница при справување со кризни ситуации што го засегаат училиштето и локалната заедница (непогоди, епидемии, насилство, криминални појави и слично).
  5. Планирање, реализирање и следење на активности кои промовираат интеркултурно образование.
  6. Работење со локалната заедница за задоволување на социјално-заштитните потреби на социјално ранливите категории ученици и нивните семејства.
  7. Иницирање и воспоставување соработка, преговарање, застапување и активирање на заедницата, мобилизирање средства иницирање заеднички проекти за потребите на реализација на програмските активности со социјален карактер во училиштето.

4.2. Соработка со стручните институции и организации

  1. Консултирање институции при работа со одредена група ученици, наставници, родители и за сопствената работа и земање предвид на нивните препораки.
  2. Планирање и остварување соработка со училиштата од реонот и пошироко.
  3. Запознавање и упатување на учениците, наставниците и родителите во соодветни институции за решавање на одреден проблем.
  4. Соработка со општинската власт за обезбедување помош и поддршка за социјално ранливи ученици и вклучување на општинската администрација во поддршка на програмите кои ги реализира социјалниот работник во училиштето.
  5. Соработување со центарот за социјална работа за давање специјализирана и стручна помош на ученици и семејства со социјални проблеми.
  6. Соработување со социјални институции (домови за деца без родители и родителска грижа, домови за воспитно запуштени деца и др.)
  7. Соработување со верски и приватен сектор за обезбедување поддршка на програмските активности во училиштето за учениците од семејства со социјален ризик.
  8. Соработување со невладини организации кои реализираат социјални програми заради вклучување ученици во нив, и за вклучување на невладини организации во реализацијата на превентивните програми кои ги реализира социјалниот работник во училиштето.

 

V. ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И ПРОФЕСИОНАЛНА СОРАБОТКА

5.1. Личен професионален развој

  1. Внесување иновации во сопствената работа и вршење проценка на нивната ефикасност.
  2. Планирање и евидентирање на сопствениот професионален развој.
  3. Примена во практика на новините од струката.
  4. Соработка со колегите во професионалните здруженија, социјални мрежи и форуми.

5.2. Поддршка на професионалниот развој и соработка во училиштето

  1. Поддршка на тимот за професионален развој во училиштето.
  2. Реализирање на делови од програмата за воведување на приправникот во работата.
  3. Дисеминирање на стекнати знаења и вештини од посетувани обуки.
  4. Упатување на наставниците да користат различни ресурси за осовременување на наставниот процес.
  5. Соработување со професионалци и експерти заради подигање на професионалните знаења на наставниците.
  6. Подготвување инструменти, прибирање податоци, анализирање на потребите за професионален развој на наставниците.
  7. Идентификување и предлагање на теми за обука во училиштето.
  8. Помагање на наставниците да ги идентификуваат своите потреби и да подготват план за личен професионален развој.
  9. Реализирање разни форми на интерно стручно усовршување со наставниците (предавања, работилници и сл.).

 

VI. АНАЛИТИЧКО – ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА

6.1. Анализа и проценка на воспитно-образовната работа

  1. Подготвување инструменти (протоколи, евидентни листи, обрасци) за прибирање податоци.
  2. Споделување / презентирање добиени информации од проценката и анализата со / на вработените, родителите, заедницата, стручните органи и тела, надлежните институции.
  3. Правење, анализа и пишување извештаи за состојбите во различни области од воспитно-образовната работа.
  4. Правење прегледи, анализи (спордбени, трендови) и извештаи за успехот, поведението, редовноста, опфатот и напредувањето на учениците, социјалната состојба и потребите на учениците и сл.
  5. Пишување, извештаи, анализи, прегледи и други стручни материјали.

 

6.2. Истражување на воспитно-образовната работа

  1. Идентификување проблеми за чие решавање се потребни податоци добиени со истражување.
  2. Спроведување истражувања на прашања актуелни за училиштето.
  3. Статистичка обработка и анализа на податоците.
  4. Користење на сознанија од истражувањата за подобрување на практиките
  5. Следење и проучување на причините за проблематичното однесување, воспитната запуштеност, недисциплината и неуспехот на учениците, кои се условени од семејната и социјалната положба.
  6. Изготвување инструменти (прашалници, чек листи, и сл.) и упати до социјални институции.
  7. Спроведување акциски истражувања во социјалната работа.

социјален работник3

VII. УЧИЛИШНА СТРУКТУРА, ОРГАНИЗАЦИЈА И КЛИМА

7.1. Училишна структура и организација (планирање, следење на воспитно-образовната работа, педагошка евиденција и документација, евалуација

  1. Изработка и примена на инструменти за самоевалуација на училиштето.
  2. Покренување и образложување иницијативи за осовременување на воспитно-образовната работа.
  3. Подготвување развојна програма и годишна програма за работа на училиштето.
  4. Организирање на работата во училиштето (распоред, календар, распределба на учениците, планирање и програмирање и слично).
  5. Соработка со стручните органи и тела во училиштето.
  6. Водење евиденција за работата со учениците и родителите и нејзино чување на безбедно место.
  7. Водење евиденција за учениците кои се наоѓаат во состојба на социјална потреба (досие, анализи, специјалистички упати до институции).
  8. Водење документација од соработка со семејството и институциите за социјална заштита.

7.2. Училишна клима, безбедна средина и демократско учество

  1. Иницирање и реализирање активности за промоција на постигањата на вработените и учениците.
  2. Организирање на учениците во заеднички активности каде што до израз доаѓа меѓуврсничката соработка.
  3. Развивање програми кои се однесуваат на социјалната и образовната инклузија.
  4. Организирање хуманитарни акции за помош на ученици од социјално ранливи категории.
  5. Идентификување и превенирање на случаите на дискриминација и нерамноправност во училиштето и преземање соодветна акција.
  6. Сензибилизирање на наставниците и учениците за родова еднаквост.
  7. Преземање активности за отстранување на можните закани (предлагање системски мерки, превенирање, советување и сл.)
  8. Планирање и организирање активности за демократско учество на учениците во животот на училиштето.
  9. Соработка со ученичките организации и клубови.
  10. Вршење анализи и давање сугестии за користење различни можности за учество на учениците.
  11. Организирање дебати, дискусии и сл. на тема демократскот учество на учениците.
  12. Работење со поединци и групи ученици за надминување бариери за изразување мислење и учество.
  13. Обезбедување соодветно социјално вклучување на маргинализираните групи ученици во училишниот живот.
  14. Работење со семејства со социјален ризик за обезбедување вклученост на нивните деца во образовниот процес.
  15. Обезбедување податоци за социоекономските услови во семејствата на учениците и редовно ажурирање.
  16. Структуирање на паралелките и групите (воннаставни и други активности) врз основа на претходно утврдените податоци за социјалната состојба.

Извор: Прирачник за следење на работата и планирање на професионалниот развој на наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.