School - Училиште

Јакнење на мултиетничката соработка во општините

Проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“ почна да се реализира од 2012 година. Како организатор на овој проект се јавува МЦГО (Македонски центар за граѓанско образование), истиот финансиски е помогнат од „Детската  фондација Песталоци“, вклучени се и претставници од локалната самоуправа на општините од секторот за образование, а стручната поддршка е обезбедена од советниците на Бирото за развој на образованието. Во програмата партиципираат 18 основни училишта од 9 општини (Тетово, Битола, Струмица, Бутел, Струга, Куманово, Радовиш, Гостивар и Долнени), а од оваа година во програмата се вклучуваат уште 4 основни училишта. Целта на програмата е наставниците и учениците од целните училишта да практицираат меѓуетничка соработка како што е планирано во училишните годишни планови со поддршка од страна на Бирото за развој на образованието (БРО) и 9 единици на локалната самоуправа.

19686547_10209882656486315_789858642_o

19688338_10209882658686370_1873094669_o

19688615_10209882657166332_659925628_o 19727354_10209882663686495_736022750_o

19807960_10209882662086455_1441983453_o

19748003_10209882660366412_1325982137_o

19724015_10209882658806373_1690765366_o

19749331_10209882655006278_1715314206_o19749777_10209882658486365_1028193272_o

Од 30 јуни до 2 јули 2017 година во Охрид, хотел „Метропол“ се одржа Конференција на која активно учество зедоа сите чинители вклучени во проектот. На првиот ден од Конференцијата од страна на Бесник Рамадани (координатор на проектот) беше кажано дека реализацијата на проектот ќе трае до 2020 година. Досега (во изминатите 5 години) во истиот вклучени се 22 училишта од 9 општини со 10000 ученици и 500 родители, дадени се 80 грантови, реализирани се 2000 наставни часови со акцент на наставните предмети „Општество“ и „Граѓанско образование“ посетени од советниците на БРО, реализирани се повеќе работилници со фокус групи на ученици од одделенска и предметна настава, последните 2 години беа поттикнати и материјално поддржани училишните секции во училиштата кои учествуваат во проектот, 400 ученици учествувале на двонеделна интернационална размена во Троген Швајцарија. Претставници од БРО и единците на локалната самоуправа ги претставија сопствените искуства од вклученоста во проектот.

19686369_10209882653726246_1760720396_o19720123_10209882652686220_876798420_o19747804_10209882652446214_731403571_o19850841_10209882653006228_835262529_o19688378_10209882643645994_1575008800_o

19688340_10209882643805998_1938252279_o

19688473_10209882642285960_1051243030_o

19688490_10209882644046004_881646336_o

19718436_10209882645046029_746325794_o

19720158_10209882640645919_623808769_o

19720312_10209882647766097_513113485_o

19688539_10209882650126156_1941724030_o

19749763_10209882645406038_1093328545_o

Секое училиште вклучено во проектот (ОУ „Живко Брајковски“ – Бутел, ОУ „Кирил и Методиј“ – Тетово, ОУ „Гоце Делчев“ – Битола, ОУ „Маршал Тито“ – Струмица, ОУ „Браќа Миладиновци“ – Струга, ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар, ОУ „Никола Карев“ – Радовиш, ОУ „Толи Зордумис“ – Куманово, ОУ „Пере Тошев“ – Долнени, ОУ „Единство-Башкими-Бирлик“ – Гостивар, ОУ „Петар Здравковски Пенко“ – Бутел, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, ОУ „Маршал Тито“ – с. Муртино,ОУ „Братство Миѓени“ – Тетово, ОУ „Вера Циривири Трена“ – Долнени, ОУ „Мурат Лабуништи“ – Струга, ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш и ОУ „Кирил и Методиј“ – Куманово) имаше сопствена презентација на активности во изминатите  години во рамките на проектот. Исто така, во рамките на Конференцијата, училиштата поделени по општини, изготвуваа и Акциони планови кои подоцна ги презентираа. На крајот од Конференцијата беше констатирано дека активностите продолжуваат со ист интензитет, а главниот акцент на активностите кои следат ќе биде ставен на ревидирање на наставните програми за предметот „Граѓанско образование“ и имплементирање на резултатите кои ќе произлезат од оваа активност.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.