Professional associates - Стручни соработници

Самопроценка на компетенциите на стручниот соработник – СОЦИОЛОГ

Извршете самопроценка на нивото (степенот) на кое се развиени следните вештини кај вас (изберет 1,2,3 или 4)

1 – Воопшто не е развиена (неопходна е обука)

2 – Делумно е развиена (има потреба од обука)

3 – Добро е развиена (нема потреба од обука)

4– Многу добро е развиена (може да даде поддршка на другите)

I. РАБОТА СО УЧЕНИЦИ

1.1. Поддршка на учениците во учењето

  1. Користење различни методи и инструменти за испитување на подготвеноста за вклучување на учениците во соодветното ниво на образование.
  2. Изготвување документи (планови, процедури, насоки, препораки) за идентификување на образовните потреби на учениците и за обезбедување соодветна поддршка.
  3. Организирање и реализирање различни видови индивидуална и групна работа со учениците за прашања поврзани со учењето, успехот, системот на вредности.
  4. Прибирање податоци за причините за неуспех (испитувања, интервјуа, дискусии во фокус групи).
  5. Информирање на родителите, наставниците и учениците и давање соодветни препораки.
  6. Коористење различни методи и инструменти за идентификување на потребите од поддршка за учењето и самооценувањето.
  7. Планирање и давање непосредна поддршка на учениците во учењето.
  8. Идентификување на учениците со посебни образовни потреби.
  9. Соработка со колегите од инклузивниот тим во училиштето.
  10. Подготвување индивидуален образовен план за учениците со посебни образовни потреби.
  11. Организирање различни форми за социјализација на учениците (на пр. воннаставни активности за дружење).
  12. Информирање на учениците за одделни појави од општествениот живот и упатување на вистинските информации и извори за нив.
  13. Следење, идентификување и работење со ученици кои имаат проблеми со планирање на слободното време, со приспособување и асоцијалност.
  14. Дизајнирање и реализирање програми за помош на учениците со асоцијално и девијантно однесување.

1.2. Следење и поддршка на развојот на учениците

  1. Идентификување на причините за ниска самодоверба, самопочитување и организирање работилници за зголемување на самодовербата и самопочитувањето на учениците.
  2. Обезбедување поддршка за ученикот секогаш кога му е потребна (учениците се информирани за можностите за консултација).
  3. Користење различни видови стратегии и приоди во индивидуалната и групната комуникација со учениците.
  4. Помагање на учениците да се справат со кризни ситуации (болест, смрт, развод, семејно насилство и слично).
  5. Прибирање податоци за личниот и социјалниот развој на учениците (преку набљудување, интервјуирање, анкетирање, фокус групи).
  6. Прибирање информации за работата и однесувањето на учениците преку следење на наставата.
  7. Реализирање работилници и други активности со учениците за превенција на различни теми поврзани со физичкото и менталното здравје (на пр., зависности, диети, справување со стрес, справување со насилство, асоцијално однесување, справување со дискриминација, несакана бременост и сл.)
  8. Интервенирање при несоодветно однесување на учениците.
  9. Помагање на учениците во планирањето и ефективно користење на слободното време.
  10. Организирање различни форми за социјализација на учениците (воннаставни активност за дружење).
  11. Информирање на учениците за воннаставни активности во и надвор од училиштето.
  12. Учествување и давање поддршка во идентификација на специфичните желби и интереси на учениците за реализација на слободните активности во и надвор од училиштето.
  13. Учествување во реализација на дел од воннаставните активности во и надвор од училиштето.

1.3. Професионална и кариерна ориентација на учениците

  1. Испитување на информираноста и заинтересираноста на учениците за понатамошно образование или вработување.
  2. Информирање на учениците за можностите и перспективите на професиите и мрежата на средни училишта / високообразовни институции.
  3. Организирање презентации на средните училишта / високообразовните институции и стопанските субјекти.
  4. Индивидуално и групно советување на учениците и родителите за правилен избор на понатамошното образование или професија.

Социоло-3

II. РАБОТА СО НАСТАВНИЦИ

2.1. Поддршка на наставниците за планирање на воспитно-образовниот процес и самоевалуација

  1. Организирање и реализирање активности (предавања, работилници) за анализа на концепциските документи.
  2. Организирање и реализирање активности (предавања, работилници) за актуелните програми и приоди во наставата.
  3. Следење на наставата и давање повратни информации (писмена или усна) на наставниците за различните аспекти кои се набљудувани.
  4. Правење увид во квалитетот на планирањата за настава и консултации со наставниците за подобрување на истите.
  5. Организирање и реализирање активности (работилници, индивидуални консултации) со наставниците за планирање на наставата.
  6. Помагање на наставниците да ги земат предвид индивидуалните карактеристики и потреби на развојните периоди при планирање и реализирање на наставата.
  7. Реализирање активности (работилници, презентации примери на добра практика, индивидуални консултации со наставници) за создавање стимулативна средина за учење.
  8. Набљудување на однесувањето на учениците од паралелката за време на наставата и одмор и давање повратна информација на наставникот за подобрување на социоемоционалната клима во училницата.
  9. Упатување на наставницит како резултатите од оценувањето да ги земаат предвид при идните планирања.
  10. Поддршка на наставниците за фер и објективно оценување.
  11. Упатување на начините за избор и користење различни извори на учење.
  12. Организирање и реализирање информативни средби за актуелни настани и иновации во наставата.
  13. Тимска работа во проекти.
  14. Изработување програми за воннаставни активности, општествени организации, соработка со родители.
  15. Организирање воннаставни активности.
  16. Изготвување инструменти за следење и вреднување на работата на воннаставните активности и на соработката со општествените заедници и со родителите.
  17. Реализирањ работилници или давање индивидуална помош на наставниците за различни начини на прибирање податоци за социјалната ситуација на ученикот (услови за живеење, учење, можности за напредување).

2.2. Поддршка на наставниците за работа со учениците

  1. Давање специфични насоки за работа со одделни групи и поединечни ученици.
  2. Поддршка на наставникот за работа со ученици во зависност од видот и специфичните потешкотии на конкретен ученик.
  3. Осмислување постапки за подготовка и работа со паралелката во која има ученици од ранливи категории.
  4. Запознавање на наставниците со различни начини на кои учениците учат.
  5. Запознавање на наставниците со карактеристиките на новозапишаните ученици.
  6. Реализирање на работилници за стекнување комуникациски вештини.
  7. Советување на наставниците за комуникација со одделна група ученици.
  8. Следење на комуникацијата во училницата и давање повратна информација на наставникот.
  9. Помагање на наставникот да ги согледа причините за несоодветното однесување, предлагање стратегии за надминување и заедно со наставникот следење на ефектите од преземените активности.

2.3. Поддршка на наставниците за работа со родителите

  1. Упатување на наставниците кон поефективна комуникација и соработка со родителите.
  2. Градење стратегија за соработка одделни групи родители или поединци.

III. РАБОТА СО РОДИТЕЛИ

3.1. Индивидуални и групни советувања и консултации со родителите

  1. Помагање на родителите да препознаат како кризната ситуација во семејството е поврзана со учењето и развојот на учениците и советување како да реагираат во одредени ситуации.
  2. Споделување на информациите за учењето и однесувањето на ученикот на соодветен начин со родителите.
  3. Реализирање индивидуални групни консултации за поддршка на родителите (начин на комуникација, поддршка во учењето, мотивирање за учење и слично).
  4. Следење и евидентирање на состојбите во семејствата на учениците што се ризични (неповолни) за нивниот развој.
  5. Советување на родителите за можните начини на решавање.
  6. Преземање со родителите превентивни мерки за спречување на негативното влијание.

3.2. Едукација на родители

  1. Подготвување материјали за едукација на родителите (презентации, брошури, флаери, пишани материјали).
  2. Информирање на родителите за услугите што училиштето и стручните соработници ги нудат за поддршка на учениците.
  3. Идентификување на потребите на родителите за едукација поврзана со нивната родителска улога.
  4. Организирање едукативни средби и / или работилници со родители (на пр., развојни карактеристики на деца, карактеристики на учење, справување со разични однесувања на учениците, електронско насилство, мотивација за учење, развивање и јакнење на самодоверба и сл.).

3.3. Вклучување на родителите во животот и работата на училиштето

  1. Планирање и овозможување вклучување на родителите во одделни сегменти од воспитно-образовниот процес.
  2. Преземање превентивни мерки за спречување на негативното влијание на средината врз младите и за надминување на изразни тешкотии и сл.

Социолог-2

IV. СОРАБОТКА СО ЗАЕДНИЦАТА

4.1. Соработка со локалната заедница

  1. Планирање, реализирање и следење на активностите меѓу училиштето и заедницата со кои се подобруваат постигањата на учениците (посети, реализација на наставни и воннаставни активности).
  2. Информирање на заедницата за потребите и постигањата на училиштето.
  3. Организирање и реализирање превентивни, хуманитарни и културни активности на локалната заедница.
  4. Соработување со локалната зедница при справување со кризни ситуации што го засегаат училиштето и локалната заедница (непогоди, епидемии, насилство, криминални појави и слично).
  5. Планирање, реализирање и следење на активности кои промовираат интеркултурно образование.
  6. Соработка со релевантни институции за спречување на девијантни појави во училиштето.
  7. Соработување со локална заедница за организирано користење на слободното време.

4.2. Соработка со стручните институции и организации

  1. Консултирање институции при работа со одредена група ученици, наставници, родители и за сопствената работа и земање предвид на нивните препораки.
  2. Планирање и остварување соработка со училиштата од реонот и пошироко.
  3. Запознавање и упатување на учениците, наставниците и родителите во соодветни институции за решавање на одреден проблем.
  4. Соработување со здруженија на граѓани кои реализираат програми за деца и млади.

Социолог

V. ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И ПРОФЕСИОНАЛНА СОРАБОТКА

5.1. Личен професионален развој

  1. Внесување иновации во сопствената работа и вршење проценка на нивната ефикасност.
  2. Планирање и евидентирање на сопствениот професионален развој.
  3. Примена во практика на новините од струката.
  4. Соработка со колегите во професионалните здруженија, социјални мрежи и форуми.

5.2. Поддршка на професионалниот развој и соработка во училиштето

  1. Поддршка на тимот за професионален развој во училиштето.
  2. Реализирање на делови од програмата за воведување на приправникот во работата.
  3. Дисеминирање на стекнати знаења и вештини од посетувани обуки.
  4. Упатување на наставниците да користат различни ресурси за осовременување на наставниот процес.
  5. Соработување со професионалци и експерти заради подигање на професионалните знаења на наставниците.
  6. Подготвување инструменти, прибирање податоци, анализирање на потребите за професионален развој на наставниците.
  7. Идентификување и предлагање на теми за обука во училиштето.
  8. Помагање на наставниците да ги идентификуваат своите потреби и да подготват план за личен професионален развој.
  9. Реализирање разни форми на интерно стручно усовршување со наставниците (предавања, работилници и сл.)
  10. Водење документација за професионален развој на наставниците.
  11. Подготвување менторски програми.

VI. АНАЛИТИЧКО – ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА

6.1. Анализа и проценка на воспитно-образовната работа

  1. Подготвување инструменти (протоколи, евидентни листи, обрасци) за прибирање податоци.
  2. Споделување / презентирање добиени информации од проценката и анализата со / на вработените, родителите, заедницата, стручните органи и тела, надлежните институции.
  3. Индивидуално или во соработка со колеги правење анализа и извештаи за состојбите во различни области од воспитно-образовната работа.
  4. Пишување, извештаи, анализи, прегледи и други стручни материјали.

6.2. Истражување на воспитно-образовната работа

  1. Идентификување проблеми за чие решавање се потребни податоци добиени со истражување.
  2. Спроведување истражувања на прашања актуелни за училиштето.
  3. Статистичка обработка и анализа на податоците.
  4. Давање предлози и сугестии за подобрување на практиката врз основа на сознанијата од истражувањата.

Социолог-1

VII. УЧИЛИШНА СТРУКТУРА, ОРГАНИЗАЦИЈА И КЛИМА

7.1. Училишна структура и организација (планирање, следење на воспитно-образовната работа, педагошка евиденција и документација, евалуација

  1. Изработка и примена на инструменти за самоевалуација на училиштето.
  2. Покренување и образложување иницијативи за осовременување на воспитно-образовната работа.
  3. Подготвување развојна програма и годишна програма за работа на училиштето.
  4. Организирање на работата во училиштето (распоред, календар, распределба на учениците, планирање и програмирање и слично).
  5. Соработка со стручните органи и тела во училиштето.
  6. Водење евиденција за работата со учениците и родителите и нејзино чување на безбедно место.

7.2. Училишна клима, безбедна средина и демократско учество

  1. Иницирање и реализирање активности за промоција на постигањата на вработените и учениците.
  2. Организирање на учениците во заеднички активности каде што до израз доаѓа меѓуврсничката соработка.
  3. Развивање програми кои се однесуваат на социјалната и образовната инклузија.
  4. Организирање хуманитарни акции за помош на ученици од социјално ранливи категории.
  5. Идентификување и превенирање на случаите на дискриминација и нерамноправност во училиштето и преземање соодветна акција.
  6. Сензибилизирање на наставниците и учениците за родова еднаквост.
  7. Преземање активности за отстранување на можните закани (предлагање системски мерки, превенирање, советување и сл.)
  8. Планирање и организирање активности за демократско учество на учениците во животот на училиштето.
  9. Соработка со ученичките организации и клубови.
  10. Правење анализи и давање сугестии за користење на различни можности за учество на учениците.
  11. Организирање дебати, дискусии и сл. на тема демократското учество на учениците.
  12. Работење со поединци и групи ученици за надминување бариери за изразување мислење и учество.
  13. Информирање и советување на учениците од социјално ранливите категории како да се вклучат во работата на на ученичките заедници.
  14. Помагање на ученичките заедници да водат грижа во нивната работа да бидат вклучени ученици што го претставуваат составот на учениците (етички, соцојален…)

Извор: Прирачник за следење на работата и планирање на професионалниот развој на наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.