Uncategorized

Самопроценка на компетенциите на стручниот соработник – ДЕФЕКТОЛОГ

Извршете самопроценка на нивото (степенот) на кое се развиени следните вештини кај вас (изберет 1,2,3 или 4)

1 – Воопшто не е развиена (неопходна е обука)

2 – Делумно е развиена (има потреба од обука)

3– Добро е развиена (нема потреба од обука)

4– Многу добро е развиена (може да даде поддршка на другите)

I. РАБОТА СО УЧЕНИЦИ

1.1. Поддршка на учениците во учењето

  1. Користење различни методи и инструменти за испитување на посдотвеноста за вклучување на учениците во соодветното ниво на образование.
  2. Давање помош на учениците со попреченост во прво одделение при адаптирањето на новата учелишна средина.
  3. Подготвување документи (планови, процедури, насоки, препораки) за идентификување на образовните потреби на учениците и за обезбедување соодветна поддршка.
  4. Организирање и реализирање различни видови индивидуална и групна работа со учениците со попреченост за прашања поврзани со учењето, успехот, комуникацијата и социјализацијата..
  5. Прибирање податоци за причините за неуспех (испитувања, интервјуа, дискусии во фокус групи).
  6. Информирање на родителите, наставниците и учениците за посебни образовни потреби и давање соодветни препораки.
  7. Коористење различни методи и инструменти за идентификување и проценување на специфичните потребите од поддршка за учењето и самооценувањето.
  8. Планирање и давање непосредна поддршка во учењето на учениците со попреченост.
  9. Користење асистивна технологија во работата со учениците и нејзино вклучување во ИОП.
  10. Опсервирање и идентификување на ученици со посебни образовни потреби.
  11. Соработка со колегите од инклузивниот тим во училиштето.
  12. Координирање на подготвувањето индивидуален образовен план.
  13. Приспособување на наставни содржини согласно потребите и можностите на учениците.

1.2. Следење и поддршка на развојот на учениците

  1. Пружање поддршка на учениците со попреченост секогаш кога има потреба (учениците се информирани за можностите за консултација).
  2. Користење различни видови стратегии и приоди во индивидуалната и групната комуникација со учениците.
  3. Следење на постигањата на учениците во учењето согласно поставените цели во индивидуалниот образовен план и учествување во ревизијата на истиот доколку има потреба.
  4. Утврдување на потребата од дополнителни сервиси за поддршка и координирање на вклучувањето на надворешни професионалци.
  5. Реализирање работилници и други активности со учениците на различни теми (развивање хуманост, солидарност справување со дискриминација, запознавање со правата на децата, вклучително и правата на лицата со попреченост, и сл.)
  6. Интервенирање при несоодветно однесување (агресија и самоагресија, непочитување на правилата на однесување во училиште) на учениците со ПОП.
  7. Информирање на учениците со посебни образовни потреби за воннаставните активности во училиштето.
  8. Идентификување на специфичните желби и интереси на учениците со посебни образовни потреби за учество во воннаставните активности.
  9. Реализација на дел од од воннаставните активности со учениците со посебни образовни потреби.

1.3. Професионална и кариерна ориентација на учениците

  1. Испитување на информираноста и заинтересираноста на учениците со ПОП за понатамошно образование или вработување.
  2. Информирање на учениците со ПОП за можностите и перспективите на професиите и мрежата на средни училишта / високообразовни институции.
  3. Индивидуално и групно советување на учениците со посебни образовни потреби за правилен избор на понатамошното образование или професија.

II. РАБОТА СО НАСТАВНИЦИ

2.1. Поддршка на наставниците за планирање на воспитно-образовниот процес и самоевалуација

  1. Организирање и реализирање активности (предавања, работилници) за анализа на концепциските документи.
  2. Организирање и реализирање активности (предавања, работилници) за актуелните програми и приоди во наставата за учениците со посебни образовни потреби.
  3. Следење на наставата и работата со ученици со ПОП и за различни аспекти кои се набљудувани давање повратна информација (писмена или усна) на наставниците.
  4. Правење увид во квалитетот на планирањата за настава и консултации со наставниците за подобрување на истите, со фокус на изработка на ИОП.
  5. Организирање и реализирање активности (работилници, индивидуални консултации) со наставниците за планирање на наставата со фокус на изработка на ИОП и користење на принципите на индивидуализација и диференцијација.
  6. Помагање на наставниците да ги земат предвид индивидуалните карактеристики и потреби на развојните периоди при планирање и реализирање на наставата.
  7. Реализирање активности (работилници, презентации примери на добра практика, индивидуални консултации со наставници) за создавање стимулативна средина за учење за учениците со ПОП.
  8. Организирање и реализирање информативни средби за актуелни настани и иновации во наставата за учениците со ПОП.
  9. Тимска работа во проекти.
  10. Пружање стручна помош во подготовка и реализација на интерактивна настава.
  11. Давање насоки (групни или индивидуални консултации) за документирање на постигањата на учениците со посебни образовни потреби.
  12. Давање стручна помош на наставниците при избор / изработка на инструменти, техники и методи за оценување на знаење за учениците со посебни образовни потреби.

2.2. Поддршка на наставниците за работа со учениците

  1. Давање стручна помош на наставниците преку индивидуални / групни средби и обуки за идентификување на учениците со посебни образовни потреби и стратегии за работа со нив.
  2. Поддршка на наставникот за работа со ученици во зависност од видот и специфичните потешкотии на конкретен ученик.
  3. Развивање формулари, преку кои наставниците прават функционална проценка на моменталното ниво на развој на учениците и го следат нивниот напредок.
  4. Давање поддршка на наставникот во идентификување и конкретизирање на целите и задачите кои треба да се постават во ИОП.
  5. Давање поддршка на наставникот во определување содржини кои ќе се обработуваат со ученикот со ПОП.
  6. Осмислување постапки за подготовка и работа со паралелката во која има ученици од ранливи категории.
  7. Запознавање на наставниците со различни начини на кои учат учениците со ПОП.
  8. Запознавање на наставниците со карактеристиките на новозапишаните ученици со тешкотии во развојот.
  9. Советување на наставниците за комуникација со одделна група ученици со ПОП.
  10. Следење на комуникацијата во училницата и давање повратна информација на наставникот.
  11. Помагање на наставникот да ги согледа причините за несоодветното однесување, предлагање стратегии за надминување и заедно со наставникот следење на ефектите од преземените активности.

2.3. Поддршка на наставниците за работа со родителите

  1. Упатување на наставниците кон поефективна комуникација и соработка со родителите на учениците со ПОП.
  2. Градење стратегија за соработка одделни групи родители или поединци.
  3. Предлагање содржини за родителски средби соодветни на определени години на образование, струки,ситуации.

Defektolog-1

III. РАБОТА СО РОДИТЕЛИ

3.1. Индивидуални и групни советувања и консултации со родителите

  1. Помагање на родителите да препознаат како кризната ситуација во семејството е поврзана со учењето и развојот на учениците и советување како да реагираат во одредени ситуации.
  2. Споделување на информациите за учењето и однесувањето на ученикот со ПОП на соодветен начин со родителите.
  3. Реализирање индивидуални групни консултации за поддршка на родителите на учениците со ПОП (начин на комуникација, поддршка во учењето, мотивирање за учење и слично).
  4. Информирање на родителите на децата со посебни образовни потреби за нивните права, обврски и бенефиции кои можат да ги добијат и упатување до релевантни институции за помош.
  5. Реализирање индивидуални консултации со родителите за поддршка на децата со посебни образовни потреби и давање инструкции за работа со нивните деца во домашни услови.

3.2. Едукација на родители

  1. Подготвување материјали за едукација на родителите (презентации, брошури, флаери, пишани материјали).
  2. Информирање на родителите за услугите што училиштето и стручните соработници ги нудат за поддршка на учениците со посебни образовни потреби.
  3. Идентификување на потребите на родителите за едукација поврзана со нивната родителска улога.
  4. Организирање едукативни средби и / или работилници со родители (на пр., развојни карактеристики на деца, карактеристики на учење, мотивација за учење, развивање и јакнење на самодоверба и сл.).

3.3. Вклучување на родителите во животот и работата на училиштето

  1. Планирање и овозможување вклучување на родителите во одделни сегменти од воспитно-образовниот процес (на пр., при изработка на индивидуален образовен план).

IV. СОРАБОТКА СО ЗАЕДНИЦАТА

4.1. Соработка со локалната заедница

  1. Планирање, реализирање и следење на активностите меѓу училиштето и заедницата со кои се подобруваат постигањата на учениците (посети, реализација на наставни и воннаставни активности).
  2. Информирање на заедницата за потребите и постигањата на училиштето.
  3. Организирање и реализирање превентивни, хуманитарни и културни активности на локалната заедница.
  4. Соработување со локалната зедница при справување со кризни ситуации што го засегаат училиштето и локалната заедница (непогоди, епидемии, насилство, криминални појави и слично).
  5. Планирање, реализирање и следење на активности кои промовираат интеркултурно образование.
  6. Планирање, организирање и следење на практичната настава на учениците со ПОП во средните стручни училишта.

4.2. Соработка со стручните институции и организации

  1. Консултирање институции при работа со учениците со посебни образовни потреби, наставници, родители и заземање предвид на нивните препораки.
  2. Планирање и остварување соработка со училиштата од реонот и пошироко заради обезбедување советодавна помош во однос на децата со посебни образовни потреби.
  3. Запознавање и упатување на учениците, наставниците и родителите во соодветни институции за решавање на одреден проблем.
  4. Соработување со здруженијиа на граѓани кои реализираат програми за деца и млади.
  5. Развивање / учествување во проекти за развој на инклузивната практика во училиштето, во соработка со здруженија на граѓани и владини институции.

V. ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И ПРОФЕСИОНАЛНА СОРАБОТКА

5.1. Личен професионален развој

  1. Внесување иновации во сопствената работа и вршење проценка на нивната ефикасност.
  2. Планирање и евидентирање на сопствениот професионален развој.
  3. Примена во практика на новините од струката.
  4. Соработка со колегите во професионалните здруженија, социјални мрежи и форуми.

5.2. Поддршка на професионалниот развој и соработка во училиштето

  1. Поддршка на тимот за професионален развој во училиштето.
  2. Реализирање на делови од програмата за воведување на приправникот во работата.
  3. Дисеминирање на стекнати знаења и вештини од посетувани обуки.
  4. Упатување на наставниците да користат различни ресурси за осовременување на наставниот процес.
  5. Соработување со професионалци и експерти заради подигање на професионалните знаења на наставниците.
  6. Подготвување инструменти, прибирање податоци, анализирање на потребите за професионален развој на наставниците.
  7. Идентификување и предлагање на теми за обука во училиштето.
  8. Помагање на наставниците да ги идентификуваат своите потреби и да подготват план за личен професионален развој.
  9. Реализирање разни форми на интерно стручно усовршување со наставниците (предавања, работилници и сл.)
  10. Подготвување менторски програми.

дефектолог-2

VI. АНАЛИТИЧКО – ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА

6.1. Анализа и проценка на воспитно-образовната работа

  1. Подготвување инструменти (протоколи, евидентни листи, обрасци) за прибирање податоци.
  2. Споделување / презентирање добиени информации од проценката и анализата со / на вработените, родителите, заедницата, стручните органи и тела, надлежните институции.
  3. Подготвување, анализа и извештаи за состојбите во различни области од воспитно-образовната работа.
  4. Пишување, извештаи, анализи, прегледи и други стручни материјали.
  5. Предлагање, учествување и интерпретирање на сознанијата од акциските истражувања.

6.2. Истражување на воспитно-образовната работа

  1. Идентификување проблеми за чие решавање се потребни податоци добиени со истражување.
  2. Спроведување истражувања на прашања актуелни за училиштето.
  3. Статистичка обработка и анализа на податоците.
  4. Давање предлози и сугестии за подобрување на практиката врз основа на сознанијата од истражувањата.

VII. УЧИЛИШНА СТРУКТУРА, ОРГАНИЗАЦИЈА И КЛИМА

7.1. Училишна структура и организација (планирање, следење на воспитно-образовната работа, педагошка евиденција и документација, евалуација)

  1. Изработка и примена на инструменти за самоевалуација на училиштето.
  2. Покренување и образложување иницијативи за осовременување на воспитно-образовната работа.
  3. Подготвување развојна програма и годишна програма за работа на училиштето.
  4. Организирање на работата во училиштето (распоред, календар, распределба на учениците, планирање и програмирање и слично).
  5. Соработка со стручните органи и тела во училиштето.
  6. Следење на начинот на водење евиденција и документација за учениците со посебни образовни потреби и предлагање мерки за подобрување.
  7. Градење инклузивна клима и култура за прифаќање на учениците со посебни образовни потреби.

7.2. Училишна клима, безбедна средина и демократско учество

  1. Иницирање и реализирање активности за промоција на постигањата на вработените и учениците со посебни образовни потреби.
  2. Организирање на учениците во заеднички активности каде што до израз доаѓа меѓуврсничката соработка.
  3. Развивање програми кои се однесуваат на социјалната и образовната инклузија.
  4. Организирање хуманитарни акции за помош на ученици од социјално ранливи категории.
  5. Идентификување и превенирање на случаите на дискриминација и нерамноправност во училиштето и преземање соодветна акција.
  6. Сензибилизирање на наставниците и учениците за родова еднаквост.
  7. Преземање активности за отстранување на можните закани (предлагање системски мерки, превенирање, советување и сл.).
  8. Планирање и организирање активности за демократско учество на учениците во животот на училиштето.
  9. Помагање на ученичките организации и клубови во работата и вклучување на учениците со попреченост.
  10. Информирање и советување на учениците со попреченост како да се вклучат во соодветни активности на ученичките заедници.
  11. Организирање и реализирање на социјални активности во училиштето.
  12. Помагање на ученичките заедници да ги прифатат учениците со попреченост.
  13. Давање советодавна помош во ситуации на закани или загрозување на здравјето или безбедноста на учениците.

Извор: Прирачник за следење на работата и планирање на професионалниот развој на наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.