Professional associates - Стручни соработници

Самопроценка на компетенциите на стручниот соработник – БИБЛИОТЕКАР

Извршете самопроценка на нивото (степенот) на кое се развиени следните вештини кај вас (изберет 1,2,3 или 4)

1 – Воопшто не е развиена (неопходна е обука)

2 – Делумно е развиена (има потреба од обука)

3 – Добро е развиена (нема потреба од обука)

4– Многу добро е развиена (може да даде поддршка на другите)

 

I. РАБОТА СО УЧЕНИЦИ

1.1. Поддршка на учениците во учењето

1 Подготвување документи (планови, процедури, насоки, препораки) за идентификување на образовните потреби на учениците и за обезбедување соодветна поддршка.

  1. Препорачување соодветна литература за поддршка на учењето на наставните содржини или слободна литература.
  2. Следење на напредокот на учениците во користењето на информациите и давање соодветни насоки.
  3. Градење високи лични стандарди за успех и позитивен став кон читањето кај учениците.
  4. Поттикнување и поддржување на учениците да се пријавуваат на конкурси и натпревари.
  5. Прибирање податоци за културното потекло и навиките на учениците (вршење испитувања, интервјуа, дискусии во фокус групи) и земање предвид на податоците за нивната култура на читање и користењето на информации.
  6. Идентификување на потенцијални негативни фактори во учењето кај учениците и прибирање податоци за причините за неуспех.
  7. Излегување во пресрет на специфичните потреби при користење на библиотеката од страна на учениците со посебни образовни потреби.
  8. Користење различни инструменти за прибирање информации за интересите и стиловите на учење на учениците.
  9. Упатување на учениците за користење библиотечни материјали на различни јазици, за различни култури, етникуми, религии и сл.
  10. Информирање и упатување на учениците до потребната литература на различните наставни јазици.
  11. Реализирање креативни книжевни работилници за читање, пишување, истражување преку Интернет користење мултимедиа итн.
  12. Индивидуално или групно поучување на учениците како да користат различни ресурси за истражување.
  13. Упатување на учениците критички и аналитички да читаат и вреднуваат различни содржини и извори на информации.

1.2. Следење и поддршка на развојот на учениците

  1. Комуницирање со учениците на начин кој обезбедува поддршка и доверба со практикување механизми кои му овозможуваат на ученикот да добие поддршка од библиотекарот секогаш кога му е потребна.
  2. Користење различни видови стратегии и приоди во индивидуалната и групната комуникација со учениците.
  1. Советување и помагање на учениците како да читаат различни жанрови.
  2. Насочување на учениците да читаат со разбирање.
  3. Прибирање информации за работата и успесите на учениците како резултат на користењето на библиотечните материјали, преку следење на наставата.
  4. Идентификување на специфичните желби и интереси на учениците за читање и учество во воннаставни активности поврзани со библиотеката.
  5. Реализирање воннаставни активности за читање и пишување (натпревари, читачки клубови, средби со писатели, литературни читања драмски секции, клубови на млади писатели).
  6. Развивање на интересите и мотивирање на учениците за читање заради разонода и доживотно учење.
  7. Препорачување на учениците текстови за различна намена и дискутирање со нив за да изградат личен став.
  8. Прибирање податоци за ученици-активни читачи и нивните резултати во наставните и воннаставните активности.

1.3. Професионална и кариерна ориентација на учениците

1 Испитување на информираноста и заинтересираноста на учениците за понатамошно образование или вработување во дејноста библиотекарство.

2 Информирање на учениците за можностите и перспективите на професијата библиоткар.

3. Индивидуално и групно советување на учениците и родителите заинтересирани за дејноста библиотекарство и избор на професијата библиотекар.

Библиотекар-2

II. РАБОТА СО НАСТАВНИЦИ

2.1. Поддршка на наставниците за планирање на воспитно-образовниот процес и самоевалуација

1 Давање стручна поддршка на настазниците за користење различни извори на знаења (мултимедијални содржини, книги итн.).

2 Организирање и реализирање активности (работилници, индивидуални консултации) за актуелните програми и приоди во наставата.

3. Планирање (во соработка со наставниците) и учество во работата на секцијата библиотекар.

4.Советување на наставниците при изборот на соодветни материјали од библиотечниот фонд за користење во наставата.

5. Организирање и реализирање информативни средби со наставници за актуелни настани и иновации поврзани со библиотеката.

6. Учествување во тимови за работа на воннаставни проекти (посета на библиотеки, саеми на книги, литературни настани…).

2.2. Поддршка на наставниците за работа со учениците

1.Објаснување и демонстрирање начини на кои може да им се помогне на учениците во користење на книги и други печатени публикации во учењето и совладувањето на наставниот материјал.

  1. Поврзување на карактеристиките и афинитетите на учениците со соодветно избирање литература (во соработка со предметниот наставник).
  2. Советување на тимот за подготвување на ИОП при изборот на материјали за учење.
  3. Осмислување начини за развивање на посебните способности на надарените ученици и за мотивирање за учество на натпревари и конкурси со литературен карактер.
  4. Реализирање работилници (во соработка со наставниците) за стекнување и развивање на говорно комуникациските вештини кај учениците.

Библиотекар-3

III. РАБОТА СО РОДИТЕЛИ

3.1. Едукација на родители

  1. Информирање на родителите за услугите што училишната библиотека и библиотекарот ги нудат за поддршка на учениците.
  2. Приспособување на комуникацијата на различните карактеристики на родителите и материјали за едукација (презентации, брошури, флаери, пишани материјали).
  3. Индивидуално и групно советување на родителите за да направат соодветен избор на материјали за учење за нивните деца.
  4. Организирање едукативни средби и / или работилници со родители за нивно вклучување во активностите на библиотеката (на пр., збогатување на фондот на книги, едукативни материјали и едукативни игри….).

 

IV. СОРАБОТКА СО ЗАЕДНИЦАТА

4.1. Соработка со стручните институции и организации

  1. Воспоставување мрежа на соработка со надворешни организации и институции со дејност која е поврзана со библиотекарството, книгоиздателството, библиофилството и сл.
  2. Користење библиотечен материјал од различни видови библиотеки заради обезбедување на потребите на училиштето.
  3. Информирање на заедницата за библиотечниот фонд и постигањата на училиштето.
  4. Соработување со локалната заедница при справувањето со кризни ситуации што го засегаат училиштето (пожари, поплави, кражби и слично).
  5. Планирање, реализирање и следење на активности на училиштето и заедницата кои промовираат интеркултурно образование.
  6. Запознавање и упатување на учениците, наставниците и родителите во соодветни институции за задоволување на потреби од областа библиотекарство.

Библиотекар-1

V. ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ И ПРОФЕСИОНАЛНА СОРАБОТКА

5.1.Личен професионален развој

  1. Идентификување на потребите за личен професионален развој, користејќи ги стандардите и резултатите од саморефлексијата на сопствената работа.
  2. Планирање и евидентирање на сопствениот професионален развој (личен план, сертификати, обуки, белешки од саморефлексија и сл.).
  3. Внесување иновации во сопствената работа и вршење проценка на нивната ефикасност.
  4. Учествување во различни форми на стручно усовршување во и надвор од училиштето.
  5. Користење на стекнатите знаења преку стручно усовршување во унапредувањето на сопствената практика.
  6. Следење стручна литература и информации од областа библиотекарство, значајни за образованието и воспитувањето.
  7. Учествување во различни активности на професионалните здруженија, социјални мрежи и форуми со цел подобрување на својата работа.
  8. Однесување согласно етичкиот кодекс на професијата.

5.2. Поддршка на професионалниот развој и соработка во училиштето

  1. Соработување со сите чинители на воспитно-образовниот процес во училиштето при изработка и реализација на годишната програма за работа на библиотеката.
  2. Информирање и дисеминирање на стекнати знаења и вештини од посетувани обуки.
  3. Упатување на наставниците да користат библиотечни ресурси за осовременување на наставниот процес.
  4. Соработување со професионалци и експерти заради подигање на професионалните знаења на наставниците.
  5. Соработување со професионалци и експерти заради подигање на професионалните знаења на наставниците.
  6. Селектирање (во соработка со наставниците) на образовните ресурси подготвени од наставниците, нивно организирање, чување и презентирање.
  7. Предлагање теми за обука во училиштето.
  8. Реализирање разни форми на интерно стручно усовршување со наставниците (предавања, работилници и сл.).

Библиотекар-4

VI. УЧИЛИШНА СТРУКТУРА, ОРГАНИЗАЦИЈА И КЛИМА

6.1. Училишна структура, организација и училишна клима, безбедна средина и демократско учество

  1. Организирање на библиотеката да претставува центар за учење и размена на информации во училиштето.
  2. Презентирање на продукти од работата на учениците во библиотеката.
  3. Поврзување на развојни политики на училиштето со ресурси што се потребни за нивна имплементација. Работење на подготвување развојна програма и годишна програма за работа на училиштето.
  4. Избирање квалитетни материјали за реализација на соодветни содржини во наставата и воннаставните активности и предлагање на наставниците за користење.
  5. Користење различни начини за подигање на интересот на учениците, вработените и родителите за користење на библиотеката.
  6. Обучување на учениците и вработените да користат мултимедијални продукти и онлајн библиотечни услуги.
  7. Подготвување насоки и други материјали за различни видови корисници за користење на мултимедијални продукти.
  8. Организирање настани поврзани со работењето на библиотеката што го рефлектираат училишниот план и програма и специфичностите на заедницата.
  9. Придонесување на организација во училиштето (календар, планирање воннаставни и вонучилишни активности и слично).
  10. Воведување евиденција за работа со учениците и родителите и чување на безбедно место.
  11. Користење ИКТ за креирање, зачувување, наоѓање, споделување и организирање информации и за комуникација.
  12. Промовирање сензитивност за прифаќање на различностите.
  13. Организирање на библиотеката да биде лесно достапна за корисниците.
  14. Обезбедување пристап до библиотечниот материјал по електронски пат.
  15. Унапредување на работата на библиотеката врз основа на сознанија од ефектите на претходната работа.
  16. Стручна обработка – каталогизација , класификација и подредување на книжниот фонд.
  17. Користење на компјутерскиот систем (COBBISS и сл.).
  18. Приспособување на безбедносниот систем согласно условите во училиштето.
  19. Промовирање на почитувањето на авторските права и правилно цитирање.
  20. Обезбедување почитување на кодексот на однесување во библиотеката.
  21. Помагање на тимот што ја подготвува годишната програма за работа, со вметнување материјали предложени од наставниот кадар.

6.2. Училишна клима, безбедна средина и демократско учество

  1. Иницирање и реализирање активности за промоција на постигањата на вработените и учениците.
  2. Организирање на учениците во заеднички активности каде што до израз доаѓа меѓуврсничката соработка.
  3. Развивање програми кои се однесуваат на социјалната и образовната инклузија.
  4. Организирање хуманитарни акции за помош на ученици од социјално ранливи категории.
  5. Идентификување и превенирање на случаите на дискриминација и нерамноправност во училиштето и преземање соодветна акција.
  6. Сензибилизирање на наставниците и учениците за родова еднаквост.
  7. Преземање активности за отстранување на можните закани (предлагање системски мерки, превенирање, советување и сл.).
  8. Планирање и организирање активности за демократско учество на учениците во животот на училиштето.
  9. Соработка со ученичките организации и клубови.
  10. Правење анализи и давање сугестии за користење на различни можности за учество на учениците.
  11. Организирање дебати, дискусии и сл. на тема демократското учество на учениците.
  12. Работење со поединци и групи ученици за надминување бариери за изразување мислење и учество
  13. Организирање и реализирање на социјални активности во училиштето.
  14. Давање советодавна помош во ситуации на закани или загрозување на здравјето или безбедноста на учениците.

Извор: Прирачник за следење на работата и планирање на професионалниот развој на наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.