Teachers - Наставници

I – (Подрачје) Знаења за наставниот предмет и за воспитно-образовниот систем (Основни професионални компетенции за сите наставници)

Теориските и практичните знаења на наставниците за предметот и дисциплините на кои ги поучуваат учениците и знаењата за вредностите и посветеноста на воспитно-образовниот систем на Република Македонија се појдовни компетенции кои треба да ги поседува секој наставник

Од наставникот се очекува добро да ја знае соджинската основа на предметот, да ја разбира неговата променлива структура, да ги пронаоѓа, поврзува и надополнува содржините со други наставни предмети. Тој, исто така, треба да ги знае и да ги користи најсоодветните начини за реализација на наставата по соодветниот предмет, преку што ќе го направи интересен и привлечен за учениците.

Со познавање и почитување на законските и стручно-нормативните акти наставникот обезбедува реализација на целите на воспитанието и образованието.

Потподрачје: Знаење за наставниот предмет

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И РАЗБИРАЊА ПРОФЕСИОНАЛНИ СПОСОБНОСТИ И ВЕШТИНИ
Ја познава предметната материја на која ги поучува учениците и знае како таа е поврзана со другите наставни предмети. Новите сознанија од наставниот предмет на соодветен начин ги вклучува во пучувањето.
Ги познава клучните поими во наставниот предмет и нивната поврзаност Фокусиран е на реализација на целите од наставниот предмет.
Ги следи новите сознанија од наставниот предмет. Ги обединува знаењата околу клучните поими во наставниот предмет.
Ги следи најновите техничко-технолошки достигнувања во струката[1]. Ги поврзува наставните содржини за постигнување на меѓупредметните цели во текот на сите воспитно-образовни активности.
Го сфаќа значењето на поврзаноста на стручното образование со потребите на пазарот на трудот1. Користи методи, техники и алатки за оспособување на учениците за себепретставување
Ја разбира поврзаноста меѓу наставните содржини и кариерниот развој на учениците Ги поврзува целите на наставата со најновите техничко-технолошки достигнувања во струката и потребите на пазарот на трудот1.
Ги познава наставниот план и програма и односите меѓу нивните компоненти (на пр., цели, содржини, дидактички насоки, поими, активности). Кај учениците предизвикува интерес кон наставниот предмет.
Ги познава основните методи за истражување во научната област на која припаѓа наставниот предмет. Кај учениците развива критички однос кон материјата од наставниот предмет и им помага да ја проценуваат од аспект на нејзината научна заснованост.

Примери на професионална практика

–       Ефективно ги организира наставните содржини во согласност со клучните поими и поставените цели.

–       Користи и ги упатува учениците да користат современи сознанија од наставниот предмет.

–       Ги вградува во наставата најновите сознанија од областа на техничко-технолошките достигнувања во струката1.

–       Во учењето и поучувањето вклучува активности за интегрирање на содржините и постигнување на меѓупредметните цели.

–       Им помага на учениците во изработка на кратка биографија, мотивациско писмо и однесување при интервју (за прием во организација, за работа итн.)

–       Во поучувањето и учењето користи методи кои ги упатуваат учениците да истражуваат, анализираат, проценуваат.

Потподрачје: Знаење за воспитно-образовниот систем

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И РАЗБИРАЊА ПРОФЕСИОНАЛНИ СПОСОБНОСТИ И ВЕШТИНИ
Го познава образовниот систем, особено потсистемот на образованието во кој работи, вклучувајќи ја и законската регулатива. Се раководи според општите принципи на системот на воспитание и образование
Ги познава програмските документи за потсистемот на образованието во кој работи.  
Ги разбира современите образовни тенденции  

 

Примери на професионална практика

–       Педагошката евиденција и документација ја води согласно законската регулатива.

[1] Овие компетенции се однесуваат само на наставниците по практична настава и стручно-теориски предмети во средните стручни училишта.

Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.