Teachers - Наставници

II – (Подрачје) Поучување и учење (Основни професионални компетенции за наставници)

Компетенциите за поучување и учење се јадрото на наставничките компетенции. Она по што се памети добриот наставник е начинот на кој тој ја реализира наставата. Оној наставник кој умее да ја направи наставата интересна, да ги вклучи активно учениците во процесот на учење, да постави високи очекувања пред своите ученици и да ги мотивира да одговорат на тие очекувања, да истражуваат и да ги изнесуваат своите претпоставки, мислења и видувања, оној наставник кој прифаќа и поттикнува различни начини на решавање проблеми, кој очекува учениците да извлекуваат заклучоци и да ја согледаат практичната примена на знаењата, е наставник кој развива интерес кон предметот што го предава и ги подготвува своите ученици за живот.

Добриот наставник секогаш има сознанија за когнитивниот, социоемоционалниот и психомоторниот развој на своите ученици. Овие сознанија ги користи за да ја планира и приспособи наставата на нивните потреби, да го заштити нивното психичко и физичко здравје и да им овозможи оптимален развој. За таа цел постојано соработува со родителите на учениците, при што информирањето е двонасочно, со што се гради доверба и партнерски однос.

Следењето на учениците е процес кој треба постојано да се одвива и да биде проследен со соодветна повратна информација, процес кој треба да е во функција на подобрување и на поучувањето и на учењето. Познавајќи ги потребите на ученикот, наставникот ќе може да му помогне на секој ученик – и на оној кој потешко напредува и на оној кој побрзо чекори низ процесот на учење. Поттикнувајќи ги учениците да учествуваат на демократски начин во животот на училиштето, наставникот ќе овозможи стекнување на вредности и ставови, а не само на знаења кај учениците.

Поуќување-2.jpg

Потподрачје: Планирање и подготовка на наставата

Професионални знаења и разбирања Професионални способности и вештини
Ги знае компонентите за успешно планирање на наставата. Го планира поучувањето и учењето според пропишаните програми и стандарди и според потребите на учениците.
Познава различни видови планирања на наставата. Планира настава што ќе се реализира кај работодавач1
  Избира и подготвува активности, наставни средства, работни материјали и инструменти за следење на учениците во согласност со планираните цели.
  Планира врз основа на рефлексијата на сопствената работа и повратна информација од учениците.

 

Примена на професионалната практика

–       Изготвува планирања на различни нивоа (годишни планирања, тематски, дневни, итн.).

–       Планира јасни, достижни и цели кои се предизвик за учениците.

–       Ги планира очекуваните исходи од активностите.

–       Ги планира формите, методите и стратегиите на поучување.

–       Ги планира наставните средства и работните материјали потребни за реализација на наставните содржини, вклучувајќи ја и ИКТ.

–       Создава база на податоци од работодавачи со кои може да соработува1.

–       Определува цели од наставната програма што може да се реализираат кај работодавач1.

–       Усогласува цели и активности на наставата со потребите на работодавачот1.

–       Планира корелација и интеграција со други наставни предмети и содржини со другите наставници.

–       Во планирањето ги зема предвид расположливото време и ресурсите.

–       Во планирањето ги зема предвид спецификите на локалната средина.

–       Ги планира методите, постапките и инструментите за утврдување на претходните знаења на учениците и за следење на нивните постигнувања.

–       Ги планира активностите на наставникот и на учениците.

–       Прави рефлексија која содржи согледување во однос на постигнатоста на целите, потешкотиите на кои се наишло и насоки за подобрување при наредното планирање.

Поучување-3.jpg

Потподрачје: Реализација на наставата

Професионални знаења и разбирања Професионални способности и вештини
Познава современи стратегии за реализација на наставата. Процесот на настава и учење го фокусира на ученикот.
Ги познава методичките приоди специфични за наставниот предмет. Користи современи приоди и методи кои се во согласност со целите на наставата, потребите и можностите на учениците.
Ја познава образовната технологија специфична за предметот. Применува современи средства и помагала.
Има основни методички познавања за меѓупредметните содржини. Ги активира учениците со добро осмислени прашања кои поттикнуваат повисоки мисловни процеси.
  Создава и одржува отворена и стимулативна средина која поттикнува истражување, учење и независност.
  Ги развива кај учениците вештините за повисоко ниво на мислење и решавање проблеми.
  Системски ги воведува учениците во научната дисциплина.
  Ја поврзува предметната содржина со други предмети и содржини и со нивна практична примена во секојдневниот живот ги прави содржините релевантни за учење.
  Ги следи трендовите за различни професии и соодветно ги применува податоците во процесот на образование за кариера.
  Ја прави наставата интересна и поттикнува интерес кај учениците за учење на наставниот предмет.
  Поучувањето и учењето ги приспособува на ситуацијата и контекстот.
  Поучувањето и учењето ги приспособува на производниот или услужниот процес кај работодавачот кај кој се изведува практичната обука на ученикот1.
  Гради кај учениците високи лични стандарди за успех, позитивен став кон учењето и надвор од наставата и развива вештини за доживотно учење.
  Планира и реализира дополнителни активности со кои се зајакнува и проширува стекнатото знаење (домашна работа, посети, екскурзии, соработка, проекти итн.).

 

Примена на професионалната практика

–       Ги запознава учениците со очекувани исходи.

–       Ги утврдува претходните знаења и искуства на учениците.

–       Дава јасни упатства на сите ученици[1] и ги упатува на трансфер на знаења.

–       Ги подготвува учениците за реализирање и евидентирање на резултатите од практичната обука кај работодавачите1.

–       Има подготвено материјали за работа и нагледни средства според планираното и истите ги применува.

–       Јасно, разбирливо и недвосмислено ги презентира клучните информации.

–       Сите ученици ги вклучува во реализацијата на активностите.

–       Применува современи и различни приоди, форми и методи.

–       Се снаоѓа во нови и непредвидени ситуации и ги става во контекст на наставата.

–       Дел од содржините ги реализира преку истражувачки и проектни активности.

–       Применува ИКТ во наставата.

–       Прифаќа и поттикнува различни начини на решавање проблеми и презентирање содржини.

–       Им помага на учениците да прават синтеза на знаењата, да ги поврзуваат претходните знаења со новите и да ја согледаат практичната примена на истите.

–       Се вклучува во планирање и реализација на интегрирани меѓупредметни активности.

–       Ги поттикнува и насочува учениците на истражувачка работа.

–       Ги поттикнува и насочува учениците за следење, анализирање и примена на информации во врска со различните професии и продолжување на образованието.

 

 Потподрачје: Оценувње на учениците

Професионални знаења и разбирања Професионални способности и вештини
Знае дека примарна цел на оценувањето е унапредување на постигањата на учениците. Има високи очекувања за развојот и постигањата на учениците.
Знае современи и различни методи за следење и оценување и нивните можности и ограничувања. Системски го следи напредувањето на учениците, ги бележи сознанијата и им дава квалитетна[2] повратна информација.
Ги познава пропишаните стандарди за постигања и за формативно и сумативно оценување. Избира и применува стратегии за оценување соодветни на целите.
  Ги вклучува учениците во оценувањето и создава позитивна клима за да може да ги покаже своите постигања.
  Формира валидни и објективни сумативни оценки, ги презентира и образложува.
  Ги анализира и интерпретира податоците од оценувањето и ги користи за планирање на понатамошното учење на учениците.
  Ги информира родителите[3] за напредокот на нивното дете, редовно и квалитетно.
  Постигањата на образовните цели за учениците ги мери преку формативно и сумативно оценување.
  Дијагностичкото и формативното оценување го прави навремено и соодветно.
  Ги почитува стандардите за оценување на ниво на држава.
  Ги анализира и ги зема предвид резултатите од следењето и оценувањето на ученикот од страна на стручниот и друг кадар при изведувањето практична обука кај работодавачот1.

 

Примена на професионалната практика

–       Избира, изработува и соодветно користи различни инструменти за оценување (на пр., задачи, тестови, чеклисти, алалитички листи, анегдотски белешки).

–       Има добро организирана збирка на докази за напредувањето на секој ученик која ја користи за информирање на учениците и родителите за напредокот на ученикот и за планирањето на учењето и поучувањето.

–       Ги дијагностицира претходните знаења и слабите и силните страни во учењето на учениците и им дава соодветни насоки за понатамошно учење.

–       Дава позитивна и конструктивна повратна информација која ги поттикнува учениците да работат и кај нив развива чувство дека може да напредуваат.

–       Разговара со учениците за нивниот напредок, ги оспособува за самооценување и планирање на сопственото учење.

–       При сумативно и формативно оценување поаѓа од целите на наставниот предмет и оценките ги формира врз основа на повеќекратни мерења со соодветни методи и инструменти.

–       Ги почитува стандардите за оценување на ниво на држава и редовно ги евидентира постигањата на учениците.

–       Ги образложува оценките и изготвува јасни и информативни извештаи за постигањата на учениците што им ги доставува на родителите.

–       Изготвува извештаи за постигањата на ниво на паралелка / наставен предмет и сознанијата ги користи за подобрување на наставата и учењето.

–       Во оценката ги вклучува резултатите од следењето и оценувањето на ученикот од страна на стручниот и друг кадар што учествува при изведувањето практична обука кај работодавачот1

 

 Потподрачје: Познавање на учениците и излегување во пресрет на нивните потреби

Професионални знаења и разбирања Професионални способности и вештини
Ги знае развојните карактеристики на учениците. Ги познава учениците и условите во коишто тие живеат и постапува доверливо со податоците со кои располага.
Ги познава индивидуалните разлики, интересите и претходните искуства на учениците. Ги идентификува слабите и силните страни на секој ученик и го развива неговиот потенцијал.
Ги знае актуелните трендови на живеење и потребите на младите. Предвидува можни начини на реакција на ученикот и на соодветен начин се справува со нив.
Во тек е со новите научни сознанија за учењето и развојот на учениците. Начините на работа ги приспособува на развојните карактеристики и стилови и стратегии на учење на учениците
  Се грижи за севкупниот развој на ученикот, вклучително и неговиот кариерен развој.
  Ги води учениците низ процесот на учење, придонесува за позитивно однесување.
  Ги мотивира учениците за активно користење на слободното време.
  Ги сослушува и почитува ставовите, мислењата и интересите на учениците.
  Им помага на учениците да станат свесни за процесот за сопствено учење и ги оспособува учениците за самостојно учење и истражување.

Поучување-1

Примена на професионалната практика

–       Го следи когнитивниот, социоемоционалниот и психометрискиот развој на своите ученици.

–       Има податоци за секој ученик и ги евидентира сите промени.

–       Ги чува на безбедно место податоците за своите ученици и во врска со нив споделува информации само со родителите на ученикот или со стручните соработници во училиштето.

–       Прави индивидуализација и диференцијација во поучувањето базирана врз познавањето на потребите на учениците.

–       Организира и реализира дополнителна и додатна настава.

–       Ги поттикнува, подготвува и организира учениците да учествуваат во разни активности (натпревари, конкурси, изложби приредби, проектни активност итн.).

–       Користи едукативни активности кои го поттикнуваат конгнитивниот, афективниот и психомоторниот развој на учениците.

–       Овозможува демократска партиципација на учениците во животот на училиштето.

1 Овие компетенции се однесуваат само на наставниците по практична настава и стручно-теориски предмети во средните стручни училишта.

[2] Под сите ученици се подразбираат учениците со различни способности, како и учениците од различно социоекономско потекло.

[3] Редовна, јасна и навремена.

[4] Под родител се подразбира и законски застапник, старател.

 Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.