Teachers - Наставници

III – (Подрачје) Создавање стимулативна средина за учење (Основни професионални компетенции за наставници)

Средината во која детето престојува и учи има силно влијание врз неговиот севкупен развој. Наставникот е тој кој што треба да се грижи средината во која престојуваат неговите ученици да биде безбедна. Затоа треба да ги знае можните закани по физичката и психичката безбедност на учениците, начините на кои треба да реагира за да овозможи безбедна средина, како и правилата што треба да ги воспостави заедно со своите ученици со цел побезбедно да се користат средствата и материјалите за настава, вклучувајќи ја и ИКТ. На овој начин, покрај тоа што учениците се заштитени кај нив се поттикнува самостојноста преку тоа што тие учат како и самите да се заштитуваат, како одговорно да се однесуваат кон материјалите за работа, како да носат правила за однесување и како истите да ги почитуваат. Стимулативна средина се обезбедува ако наставникот ги знае потенцијалните можности на различните средства за учење, овозможува нивна достапност и ги користи за да ги стимулира учениците да истражуваат и да учат, при тоа создава атмосфера во која се комуницира со почит, се соработува и се работи тимски, ненасилно се разрешуваат конфликти, се почитуваат различностите, ставовите и мислењата на сите и се поттикнува позитивно и одговорно однесување.

Потподрачје: Создавање безбедна и стимулативна средина за учениците

Професионални знаења и разбирања Професионални способности и вештини
Разбира на кој начин средината го поттикнува и овозможува учењето. Организира стимулативна средина за учење (пр., охрабрува различно мислење, има позитивен однос кон грешките и сл.)
Ги знае потенцијалите и можностите на различни средства за учење, вклучувајќи ја ИКТ. Го организира просторот за учење во согласност со видот на активностите и интересите на учениците.
Ја познава дејноста, организацијата, технологијата и опремата кај работодавачите1. Обезбедува користење разни извори, материјали и средства во процесот на учење, вклучувајќи и безбедно користење на ИКТ.
Ги знае мерките за безбедност и заштита при работа1. Идентификува соодветни машини, уреди и алати за практична обука на учениците и обезбедува нивно соодветно и безбедно користење1.
Знае  за можните закани по физичката и психичката безбедност на учениците. На учениците им пружа помош во адаптирањето на училишната средина, соодветно на возраста.
Познава различни начини за справување со кризни ситуации во училиштето. Заедно со своите ученици учествува во разни училишни и вонучилишни активности.
Знае механизми за справување со случаи на насилство и дискриминација врз која било основа. Користи соодветни стратегии за кризна интервенција во училиштето.
  Користи соодветни начини за справување со насилството и дискриминацијата.

 

Примена на професионалната практика

–       Просторот е организиран според нормативот за простор и опрема.

–       Изготвува материјали и користи разновидни извори за учење кои ги стимулираат учениците да истражуваат и учат.

–       Го приспособува просторот во училницата да одговара на индивидуалните потреби и потребите на целата група.

–       Воспоставува правила за безбедна употреба на материјалите и средствата за работа, вклучувајќи ја и ИКТ.

–       Овозможува средствата и материјалите за работа да бидат лесно достапни за сите ученици, особено за децата со попреченост.

–       Ги подготвува учениците за безбедно однесување на работното место на кое се обучуваат согласно стандардите за безбедност и заштита при работа1.

–       Ги распоредува учениците на соодветни работни места согласно целите на практичната обука1.

–       Во училишниот простор изложува трудови на учениците.

–       Овозможува да се воспостават и обезбедува почитување на правилата за однесување во училницата и училиштето.

–       Обезбедува учениците да ги почитуваат правилата на комуникација на работодавачите1.

–       Промовира вредности кои се однесуваат на личната безбедност и безбедноста на другите.

 

Потподрачје: Создавање позитивна училишна клима

Професионални знаења и разбирања Професионални способности и вештини
Ги познава карактеристиките и начините за создавање позитивна клима за учење. Создава позитивна работна клима во училницата во согласност со потребите на сите ученици.
Познава стратегии за менаџмент во училница. Ја почитува личноста на ученикот, ја поттикнува и развива неговата самодоверба и самопочитување.
Разбира дека комуникацијата е моќно средство во учењето Заедно со учениците воспоставува правила на однесување во училницата и служи како модел за нивно почитување.
Поседува знаења за техники и стилови на комуникација. Користи вештини за разрешување конфликти и ги развива истите кај учениците.
Ги познава правилата на комуникација кај работодавачот1. Создава услови што поттикнуваат чувство за припадност, заемно почитување и придонес кон училишната заедница.
Разбира дека климата во паралелката најмногу зависи од наставникот. Поттикнува и подржува тимска работа кај учениците.
Тој е модел за етичност и чесност. Користи соодветна техника или стил на комуникација во зависност од учениците и ситуацијата.
  Користи комуникациски стратегии за почитување на културните и родовите разлики кои можат да влијаат врз климата во училницата.
  Комуникацијата со учениците ја заснова врз почит и внимание, промовирајќи ги позитивните вредности, ставови и однесувања кои ги очекува и од своите ученици.
  Користи современи средства за комуникација (е-пошта,социјални мрежи, блогови и сл.)

 

Примена на професионалната практика

–       На учениците им се обраќа по име и со почит.

–       Покажува емпатија и поддржување на вредностите кај нучениците.

–       Ги охрабрува учениците да земат учество во активностите, да ги споделуваат своите искуства, очекувања и емоции и да веруваат дека може да постигнат повеќе.

–       Во училницата истакнува правила за однесување и инсистира на нивно почитување.

–       Ги идентификува конфликтните ситуации (отворени и скриени).

–       Им помага на учениците праведно да ги разрешуваат конфликтите.

–       Ги организира учениците во заеднички активности каде што до израз доаѓа меѓуврсничката соработка.

–       Ги користи советите од стручните соработници (педагог, психолог, социолог и дефектолог) секогаш кога треба да му се помогне на ученик.

–       Во комуникацијата го приспособува јазикот во зависност од контекстот, ситуацијата и личноста на ученикот.

–       Поставува прашања, ги поттикнува учениците да поставуваат прашања и ја стимулира дискусијата.

–       Поттикнува разговори за разбирање на културолошките и родовите разлики.

–       Планира и применува различни медиуми и алатки за комуникација, вклучувајќи и аудиовизуелни помагала и компјутери. Поттикнува (и презентира) кај учениците соодветни модели на говорење, пишување и изразување во различни медиуми.

 

1 Овие компетенции се однесуваат само на наставниците по практична настава и стручно-теориски предмети во средните стручни училишта.

 Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.