Teachers - Наставници

IV – (Подрачје) Социјална и образовна инклузија (Основни професионални компетенции за наставници)

Потребата секој наставник да поседува компетенции и образовна инклузија произлегува од определбата на општеството да обезбедат еднакви можности за сите ученици. Тие се однесуваат на способноста, умеењата иставовите на наставниците за работа во средина која се состои од различности. Притоа, акцентот е ставен врз потребата од знаења на наставниците во однос на дидактичко-методичките решенија и практики, законските решенија и конвенции, потенцијалите и ограничувањата на поединците и групите во учењето и развојот. Посебно значајни се способноста и вештините на наставниците да ги идентификуваат специфичните потреби, интереси, можности и способности на учениците, да планираат вклучување и работа со сите ученици имајќи ги предвид различните потреби и можности, да применуваат соодветни стратегии за инклузија на учениците со специфични образовни потреби и да промовираат заемно почитување и демократски вредности во општеството.

Професионални знаења и разбирања Професионални способности и вештини
Познавање различни концепти и модели за инклузивно образование. Учествува во процесот на идентификација на специфичните образовни потреби заедно сос тручната служба и користи различни методи за диференцијација и индивидуализација на наставата.
Ги разбира социјалните и културните фактори и како тие влијаат на образованиео и како образованието придонесува за социјална кохезија. Учествува во тимови за изработка на индивидуални образовни планови.
Ги знае различните видови ученици на кои им е потребна дополнителна поддршка во образованието: посебни образовни потреби, тешкотии во учењето и недостатоци од социо економски причини. Користи стратегии кои промовираат почитување на разликите и демократски вредности.
Ги знае конвенциите за правата на децата и за антидискриминација. Работи во училишни инклузивни тимови.
  Дава подеднакви можности секое дете и семејство да учествуваат во наставните и воннаставните активности, без разлика на психофизичките способности, полот, етничкото потекло, културата, мајчиниот јазик, религијата, семејната структура, социјалниот и економскиот статус.
  Ги подготвува учениците да ги прифатат децата од ранливите групи и децата со посебни образовни потреби.

Инклузија-1

 

Примена на професионалната практика

–       Изработува индивидуални образовни планови.

–       Ја планира наставата за цело одделение со почитување на индивидуалните разлики меѓу учениците.

–       При поучувањето користи инклузивни стратегии за учење и поучување.

–       Го следи и проценува постигањето и развојот на ученикот согласно индивидуалните цели.

–       Вклучен е во инклузивните активности во училиштето.

–       Изработува план за работа и соработува со семејствата на децата на кои им е потребна дополнителна поддршка во образованието1.

–       Заедно со учениците изработува наставни средства за инклузивна работа.

–       Ја адаптира училницата според индивидуалните потреби на учениците.

–       Ги вклучува семејствата и учениците во заеднички активности за почитување на различностите и интелкултурна интеграција.

–       Учествува во професионалната ориентација на учениците со посебни образовни потреби.

–       Континуирано соработува со стручните работници во училиштето за надминување на причините за ексклузија.

–       Реализира дополнителна и додатна настава.

–       Работи индивидуално со учениците на кои им е потребна помош.

 

1 Под ученици на кои им е потребна дополнителна поддршка во образованието се се подразбираат потребите кои произлегуваат од разликите во психофизичките способности, етничкото потекло, културата, мајчиниот јазик, религијата, социјалниот и економскиот статус.

 

Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.