Teachers - Наставници

V – (Подрачје) Комуникација и соработка со семејството и заедницата (Основни професионални компетенции за наставници)

Комуникациските вештини се исклучително важни за секоја ефективна настава. Наставникот треба да има соодветни вербални и невербални комуникациски вештини, вклучувајќи артикулација, експресивност, тон на обраќање, соодветно држење и гестикулација.

Јаснотијата во презентациите, повратните информации, давањето насоки за учење и користењето соодветни комуникациски медиуми придонесуваат за создавањето ефективна и ефикасна клима за учење. Особено важна комуникациска вештина на наставникот е да умее да покаже емпатија во комуникацијата што му дава можност да гради клима на доверба и соработка со учениците и нивните семејства. На родителите треба да им обезбеди јасни, навремени и корисни информации кои ќе ги насочат кон поддршка на учењето на нивните деца и да ги мотивира за вклучување во училишните активности. Наставникот, исто така, треба да знае и да користи различни начини на формална комуникација со професионалната и општествената заедница.

Професионални знаења и разбирања Професионални способности и вештини
Го разбира значењето на семејството и локалната заедница за животот и работата на училиштето. Промовира доверба и разбирање за градење партнерства со локалната заедница и семејствата.
Знае начини за соработка со семејството и локалната заедница и можности за нивно учество во животот во училиштето. Развива ефективна соработка со семејствата и членовите на заедницата во работата на училиштето.
Го познава работното окружување за кое се образуваат учениците во струката1. Комуницира со семејствата на соодветен начин со почит и внимание.
Поседува комуникациски знаења и вештини. Комуницира со локалната средина, социјалните партнери и други релевантни институции во државата и во странство1.
  Соработува со работодавачи за реализирање практична обука1.

 

Примена на професионалната практика

–       Ги вклучува семејствата во планирање активности на паралелката на училиштето.

–       Ги вклучува семејствата и претставниците од локалната заедница во процесот на поучување.

–       Изготвува индивидуален календар на средбите со родители (планира родителски средби, индивидуални состаноци, приемни денови).

–       Идентификува можни ресурси за соработка со заедницата.

–       Соработува со институции и поединци од локалната заедница.

–       Ги поврзува училиштето и работодавачите заради организирање и реализирање различни видови обуки1.

–       Изготвува и предлага договори за реализација на практична обука кај работодавачи1.

–       Учествува во заеднички проекти со работодавачите.

–       Поттикнува и учествува во едукација на родители.

1 Овие компетенции се однесуваат само на наставниците по практична настава и стручно-теориски предмети во средните стручни училишта.

 Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.