Teachers - Наставници

VI – (Подрачје) Професионален развој и професионална соработка (Основни професионални компетенции за наставници)

Компетентниот наставник постојано е во тек со новините во наставничката професија, умее да ја анализира сопствената работа и да ги открива слабите страни и врз основа на ова да го планира својот професионален развој. Познава и користи различни форми на стручно усовршување при што самиот презема иницијатива за вклучување во нив. Исто така, отворен е за соработка со колегите во и надвор од училиштето, учи од нив и ги споделува своите знаења. Наставникот којшто се грижи за својата професија го познава и почитува кодексот на професијата и придонесува за унапредување на средината во која работи и реномето на наставничката професија во општеството.

Потподрачје: Професионален развој

Професионални знаења и разбирања Професионални способности и вештини
Ја разбира комплексноста на наставничката професија како и одговорноста што таа ја носи. Континуирано ја унапредува сопствената педагошка практика врз основа на следењето на промените и новините во системот на образованието, врз основа на рефлексија и самоевалуација.
Ги познава компетенциите за наставниците. Ја унапредува својата работа користејќи знаења стекнати преку стручно усовршување (формално, неформално, информално).
Ги знае ефективните модели и можности за професионален развој и напредување во наставничката професија. Ги идентификува сопствените образовни потреби и го планира својот професионален развој.
Информиран е за стручните настани во образованието. Развива и применува рефлективни вештини за анализирање и подобрување на сопствената практика.
Ги дополнува и надградува знаењата и вештините со континуирана едукација. Ги унапредува професионалните знаења и вештини преку непосредна обука кај работодавач1.
Знае како да изработи личен план за професионален развој и да развие сопствена филозофија за професијата. Поттикнува и реализира заедничко истражување и учење за подобрување на наставните практики.
  Следи стручна литература од наставниот предмет и друга педагошко-психолошка литература.

 

Примена на професионалната практика

–       Ги имплементира промените и новините во системот на образование.

–       Зема учество во стручен дијалог и перманентно се доусовршува во прилог на личниот и професионалниот развој.

–       Размислува, проценува, бара повратни информации (од колегите, родителите, учениците) и води белешки за својата педагошка работа.

–       Го планира, води евиденција и поседува докази за сопствениот професионален развој.

–       Учествува во различни форми на стручно усовршување во и надвор од училиштето.

–       Реализира акциони истражувања за подобрување на професионалната практика.

–       Има личен план за професионален развој и истиот го реализира.

–       Применува знаења и вештини стекнати на посетени обуки.

–       Врши проценка на ефектите од обуките1.

 

 

Потподрачје : Професионална соработка

Професионални знаења и разбирања Професионални способности и вештини
Го знае кодексот за комуникација со колегите и ја разбира важноста од соработка со нив. Активно промовира колегијални односи и соработува со колегите.

 

Информиран е за професионалните здруженија на наставници. Ја почитува професионалната етика и одговорно се однесува кон задолженијата и кон колегите.
  Членува во професионални здруженија на наставници.
  Соработува со стручните работници и лица во и надвор од училиштето.

 

Примена на професионалната практика

–       Предлага теми за обука во училиштето и учествува во нив.

–       Учествува во работата на стручните активи.

–       Навремено и квалитетно ги извршува работните задачи.

–       Учествува во различни активности на професионалните здруженија, социјални мрежи, форуми со цел да ја подобри својата работа.

–       Споделува наставни материјали со колегите.

–       Споделува искуства и користи совети за подобрување на својата работа.

–       Пренесува искуства од учество на обуки кај работодавач на наставници од училиштето и / или други средни училишта1.

–       Користи електронска комуникација за професионална соработка.

–       Одржува и посетува отворени часови.

1 Овие компетенции се однесуваат само на наставниците по практична настава и стручно-теориски предмети во средните стручни училишта.

Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.