Teachers - Наставници

ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ ЗА НАСТАВНИК-МЕНТОР (Појдовни основи)

При изготвувањето на Професионалните стандарди за наставник – ментор се поаѓаше од следниве определби:

Ндгрдување на стандардите врз Основните професионални компетенции за наставници – Наставникот – ментор се одликува со тоа што во текот на повеќегодишната наставна работа ги збогатил и усовршил основните професионални компетенции за наставник. Наставничката практика на наставникот – ментор е препознаена по високиот квалитет и по многу индикатори што значи чекор напред во постигнатите  професионални компетенции Затоа опишаните компетенции за наставник – ментор се надградба на професионалните компетенции и треба да се гледаат како кумулативни и комплементарни со нив.

Посветеноста на доживотното учење и развојот во наставничката професија – Наставникот – ментор треба да покаже дека е посветен на сопственото професионално надградување и дека придонесува за професионалниот развој на колегите во училиштето. Тој е рефлексивен практичар кој ја истражува својата практика и постојано стручно се усовршува за воспитно-образовната работа во училницата, но покажува и поширок интерес за новините во професијата и образованието воопшто.

Акцент на компетенции за професионален ангажман за подобрување на наставата на ниво на училиште – Стандардите за наставник – ментор, покрај надградбата и професионалните компетенции за воспитно-образовната работа со изразито висок квалитет во училницата, акцент ставаат на компетенциите на наставникот – за унапредување на воспитно-образовната работа во училиштето како целина. Наставникот-ментор поседува знаења, разбирања, способности, вештини за тоа како да се зголеми ефективноста на работата во училиштето во целина и посветен е на постигнување на целите на училиштето. Тој го потикнува учењето и напредокот на колегите, иницира дискусии и активности за ефектина настава и подобрување на резултатите на учениците.

Почитување на образовниот контекст во Република Македонија – Стандардите за наставник – ментор го промовираат размислувањето дека истакнатите наставници во училиштата треба да се носители на внесувањето иновации во училиштето и во размената на своите знаења и искуства со помалку искусните колеги, се вклучуваат во градењето визија за развој на училиштето и програмирањето на нејзината реализација1. Тие, исто така ги имаа предвид сознанијата дека во училиштата постојат посветени наставници коишто се компетентни и се лидери на внесување на иновациите во училиштето, ги споделуваат своите знаења и искуства со помалку искусните колеги, се ангажираат како училишни обучувачи за различни стручни прашања и се вклучуваат во градењето визија за развој на училиштето и програмирањето на нејзината реализација.

Речиси 2/3 од училиштата сметаат дека наставниците што имаат звање треба да имаат и дополнителни ангажмани во училиштата. Извештај од испитувањата на мислењата на училиштата за стручното усовршување и напредување во звања на воспитно-образовниот кадар, МЦГО 2013 и Извештај од дискусиите во фокус групите за стручно усовршување и напредување во звања на воспитно-образовниот кадар, МЦГО 2013.

Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.