Teachers - Наставници

I – (Подрачје) Знаења за наставниот предмет и за воспитно-образовниот систем (наставник – ментор) (Професинални стандарди за наставник-ментор)

Теориските и практичните знаења на наставниците – ментори за предметот и дисциплините на кои ги поучуваат учениците и знаењата за вредностите и посветеноста на воспитно-образовниот систем на Република Македонија треба да ги надминуваат знаењата и компетенциите на другите наставници.

Од наставникот – ментор се очекува да поседува продлабочени знаења и разбирања за содржинската основа на предметот, да умее критички да ги оценува документите поврзани со наставниот предмет и сродните области, тие знаења да ги споделува и дискутира со колегите и заедно со нив да ја унапредува наставата по предметот во целото училиште, како и да иницира интерес за прашања од наставата по соодветниот предмет во пошироката професионална заедница. Наставникот – ментор треба да знае и да ги користи начините за реализација на наставата по соодветниот предмет што ја прават наставата интересна и привлечна за учениците и ги мотивира продлабочено да го изучуваат. Од него се очекува да умее да поучува содржини од предметот што ги надминуваат рамките на редовните програми.

Наставникот – ментор треба да го познава поширокиот образовен контекст, актуелните промени во образованието и да умее тие знаења да ги искористи за осовременување на работата во училиштето.

Потподрачје: Знаење за наставниот предмет и за воспитно-образовниот систем

КОМПЕТЕНЦИЈА
1.    Поседува продлабочени знаења за наставниот предмет и за воспитно-образовниот систем.

2.    Критички оценува документи поврзани со наставниот предмет.

3.    Нуди и споделува знаења со свои колеги за прашања од неговата област.

4.    Развива и спроведува образовни политики во училиштето.

 

Примери на професионална практика

–       Ментор е на ученици на државни и/или меѓународни натпревари.

–       Ментор е на ученици на иновативни проекти.

–       Предавач е на школи за надарени, летни/зимски школи и сл. за продлабочување на знаењата за наставниот предмет.

–       Покренува образложени иницијативи за подобрување во наставата по предметот во училиштето.

–       Раководи со тимови/работни групи за анализа на програми по наставниот предмет.

–       Раководи со стручни тимови за дефинирање содржини во отворениот дел од наставните програми за образовните профили од струката1.

–       Објавува написи во стручни/научни списанија за научната област и за наставата во предметната област.

–      Изготвува образовни програми за работно оспособување на возрасните, согласно со искажаните потреби на пазарот на трудот1.

–       Изготвува дополнителни стручни материјали за колегите од наставната област.

–       Предавач е на семинари/работилници во училиштето за теми поврзани со реформите во образованието.

–       Член е на тимови/работни групи за изготвување постапки, процедури, правилници и програми на ниво на училиште.

 

1 Овие компетенции се однесуваат само на наставниците по практична настава и стручно-теориски предмети во средните стручни училишта.


Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.