Teachers - Наставници

II – (Подрачје) Поучување и учење (наставник ментор) (Професинални стандарди за наставник-ментор)

Компетенциите за поучување и учење се јадрото на наставничките компетенции. Она по што се памети добриот наставник е начинот на кој тој ја реализира наставата. Маставникот – ментор во тој поглед е „најдобар од најдобрите“. Тој изведува настава која и од наставниците и од учениците е препознаена по инвентивните приоди, која е интересна за учениците и заради што најголемиот број ученици го сакаат наставниот предмет. Кај учениците тој развива интерес за проширување на знаењата од наставната област, го поддржува нивниот воннаставен ангажман и им помага и овозможува да постигнуваат високи резултати не само во рамките на училиштето, туку и пошироко – на конкурси, натпревари, јавни настапи и сл.

Наставникот – ментор е еден од лидерите во внесувањето иновативни приоди во наставата. При тоа, тој ги користи стручните и научните сознанија и сопственото искуство. Настојува наставата да ја подобрува врз основа на податоци за нејзините добри и слаби страни. За таа цел тој ги користи податоците од разни видови екстерни оценувања, истражувања за ефективноста на одделни приоди во наставата што сам или со колегите ги спроведува во училиштето и рефлексија врз сопствената наставна работа. Своите знаења ги споделува со колегите и предлага како да се унапредува воспитно-образовната работа на ниво на училиште.

Наставникот – ментор е чувствителен за различните потреби на своите ученици без оглед дали се тие од когнитивна или социоемоционална природа и умее благовремено да ги идентификува и соодветно да одговори на нив. Тој покажува грижа за учениците не само во текот на наставата, туку и за време на севкупниот престој во училиштето, а често и надвор од тоа. За таа цел има воспоставено партнерски однос со родителите на учениците, колегите што им предаваат други предмети и со други релевантни личности и институции важни за актуелниот живот на неговите ученици. Самиот дава пример за демократска комуникација и ги поддржува учениците да учествуваат на демократски начин во животот на училиштето и во пошироката општествена зедница со што придонесува за градење на вредносниот систем кај учениците.

Ментор2-3

Подтподарчје: Планирање и подготовка на наставата

КОМПЕТЕНЦИЈА
1.    Ги анализира планирањата по наставниот предмет на ниво на училиште и предлага подобрувања.

2.    Креира развојни политики на училиштето.

 

Примери на професионална практика

–       Развива модели и дава сугестии за квалитетот на планирањето.

–       Член е на тим за изготвување на развојна програма.

–       Планира волонтерски активности со компетентни лица за подобрување на учењето.

–       Раководи со стручен тим што реализира заеднички проекти меѓу училиштето и работодавачите1.

 

Потподрачје: Реализација на наставата

КОМПЕТЕНЦИЈА
3.    Користи нови ефективни методи и приоди во наставата и во воннаставните активности.

4.    Креира и спроведува иновативни проекти на ниво на училиште.

 

Примери на професионална практика

–       Реализира нагледни часови и/или споделува снимени примери на сопствена добра практика на кои демонстрира нови ефективни методи во наставата.

–       Презентира сознанија од акциони истражувања за подобрување на наставата во училиштето.

–       Раководи стручен тим што реализира иновативен проект во училиштето.

–       Поседува сертификати за примена на стекнатите знаења/вештини од проектите во наставата.

–       Член е на тимови за сертификација на примена на иновативни приоди во наставата.

 

Потподрачје: Оценување на учениците

КОМПЕТЕНЦИЈА
5.    Ги користи резултатите и/или содржините од екстерните оценувања (национални и меѓународни) за подобрување на наставата. Креира развојни политики на училиштето.

6.    Развива критериуми и инструменти за оценување на ниво на училиште.

7.    Ги мотивира и подготвува учениците за постигнување високи резултати.

 

Примери на професионална практика

–       Прави споредбени анализи за задачите ( содржина способности што се мерат) од екстерните национални и/или меѓународни оценувања и наставните методи и оценување што се користи во училиштето.

–       Член е на тим за изготвување критериуми и инструменти за оценување на ниво на наставен предмет во училиштето.

–       Член е на тим за екстерна проверка на постигањата за наставните програми кои се оценуваат преку досие.

–       Развива инструменти за оценување на учениците кои се менторирани од страна менторите кај работодавачите1.

–       Менторира ученици од училиштето кои освојуваат некои од првите три места на регионални, државни и/или меѓународни натпревари.

–       Постигнува високи резултати со учениците потврдено со објективно интерно и екстерно тестирање, споредено со постигањата на учениците во слични/сродни училишта.

Ментор2-2.jpg

Потподрачје: Познавање на учениците и излегување во пресрет на нивните потреби

КОМПЕТЕНЦИЈА
8.    Користи диференциран приод во наставата и ги споделува со колегите.

 

Примери на професионална практика

–       Применува различни облици на диференцијација на наставата.

–       Прави анализа на ефектите од диференцираниот приод во сопствената настава и сознанијата ги споделува со колегите.

1 Овие компетенции се однесуваат само на наставниците по практична настава и стручно-теориски предмети во средните стручни училишта.

Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.