Teachers - Наставници

III – (Подрачје) Создавање стимулативна средина за учење (Наставник – ментор) (Професинални стандарди за наставник-ментор)

Наставникот – ментор има визија за тоа каква треба да биде училницата (кабинетот) која ќе биде соодветно место за учење на наставниот предмет што го предава. За таа цел тој долгорочно работи на обезбедување на потребните наставни средства од кои голем дел ги има изработено сам или со своите ученици или обезбедено преку донации. Тој со учениците и колегите обезбедува и чува наставни материјали што можат повеќекратно да се употребат со што во текот на долг временски период има обезбедено наставата по неговиот предмет да се одвива како во „вистинска научна лабараторија“ или во уметнички кабинет. Во таа насока тој на соодветен начин го има обезбедено користењето на ИКТ во наставата, секогаш кога тоа е најсоодветен начин за реализација на наставата. Прави колекција на дигитални содржини по сопствениот предмет, а и самиот развива такви содржини. Учениците ги упатува на безбедното користење на техничките помагала, како и електронските средства за комуникација и се грижи за воспоставените правила доследно да се почитуваат.

            Наставникот – ментор има вештини и искуство да придонесе целото училиште да биде работна средина во која се учи и во којашто сите се чувствуваат добро и безбедно. Тој со другите вработени работи тимски на подобрување на комуникацијата во училиштето, заемната информираност за настаните од важност за учениците, вработените, родителите и пошироката заедница. Овој наставник има идеи и покренува иницијативи за подобрување на училишната клима, превенција од насилство и разрешување на конфликтите не само во текот на наставата, туку и во севкупниот живот на училиштето. Со тоа тој придонесува за доследно позитивно и одговорно однесување на сите.

Потподрачје: Безбедна и стимулативна средина за учење

КОМПЕТЕНЦИЈА
1.    Креативно користи ИКТ во наставата.
2.    Изготвува и поседува богати збирки на наставни материјали и извори на учење што им се на располагање на учениците.
3.    Развива стратегии за создавање безбедна средина за учење.

 

Примери на професионална практика

–       Креира и користи дигитални содржини за учење и ги споделува со колегите.

–       Изготвува и поседува богати збирки на наставни материјали и извори на учење што им се на располагање на учениците.

–       Креира нови работни места за практична обука  на учениците во училишните работилници, во училишните компании и кај работодавачите1.

–       Менаџира со училишна компанија1.

–       Работи во тимови за подобрување на безбедноста во училиштето.

–       Осмислува и спроведува активности со учениците и родителите за намалување на насилството.

–       Осмислува мерки за безбедна средина за практична обука на учениците.

 

Потподрачје: Создавање позитивна училишна клима

КОМПЕТЕНЦИЈА
4.    Придонесува за создавање позитивна училишна клима и комуникација.

 

Примери на професионална практика

–       Покренува и одржува различни медиуми за комуникација во училиштето и со средината (социјални мрежи, огласни табли, информатори, брошури, училиштен весник, итн.)
–       Презема активности за превенирање и надминување на конфликтни ситуации.

 

1 Овие компетенции се однесуваат само на наставниците по практична настава и стручно-теориски предмети во средните стручни училишта.

Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.