Teachers - Наставници

IV – (Подрачје) Социјална и образовна инклузија (Наставник – ментор) (Професинални стандарди за наставник-ментор)

Наставникот ментор, покрај тоа што успешно ги вклучува во наставните и воннаставните активности сите ученици со коишто работи почитувајќи ги нивните различности, своите знаења, разбирања и вештини за инклузивно образование ги користи за развивање пристапи целото училиште да биде инклузивно. За таа цел тој се вклучува во истражувања и проекти чија цел е вклучување на одделни ранливи групи во училиштето, како и во активности насочени кон подобрување на инклузивноста на целото училиште.

Покрај тоа, наставникот – ментор на помалку искусните колеги им помага во развојот на индивидуалните образовни програми, изборот, изготвувањето и проценката на различни материјали за учење приспособени на посебните потреби на одделени ученици. Со нив и со пошироката заедница споделува успешни примери на инклузивна работа од сопственото искуство, ги промовира можностите и постигнувањата на учениците од различни ранливи групи и на тој начин придонесува за надминување на стереотипите и предрасудите кон одделни групи луѓе и за заемно почитување на сите, како и за развој на демократските вредности во општеството.

Потподрачје: Социјална и образовна инклузија

КОМПЕТЕНЦИЈА
1.    Развивање пристапи за градење на инклузивно училиште.

 

Примери на професионална практика

–       Работи на проекти и истражувања со и за децата со посебни образовни потреби, меѓуетничка интеграција и/или социоекономска инклузија во рамките на училиштето.

–       Им помага на колегите во изработката на индивидуалните образовни програми, материајли и пристап.

–       Член е на тимот за училишна инклузија во училиштето.

–       Покренува иницијативи и презема активности различностите да бидат препознаени на ниво на училиште и во пошироката заедница.

Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.