Teachers - Наставници

V – (Подрачје) Комуникација и соработка со семејството и заедницата (наставник – ментор) (Професинални стандарди за наставник-ментор)

Наставникот – ментор е препознаен како наставник што има добри комуникациски вештини како во наставата така и во комуникацијата со пошироката општествена заедница. Тој наставните содржини ги презентира јасно, го држи вниманието на учениците, соодветно реагира, вербално и невербално, на ниво на однесување. Во комуникацијата има изградено клима на доверба и заемна почит со учениците, колегите, родителите и членовите на пошироката општествена заедница.

Наставникот – ментор е особено препознаен по вештините за комуникација со семејствата и пошироката општествена заедница. Тој знае начини како општествената заедница да ја вклучи во работата на училиштето и како училиштето да го вклучи во активностите  на пошироката општествена заедница.

Потподрачје Соработка со семејствата и локалната заедница

КОМПЕТЕНЦИЈА
1.    Ја подобрува соработката на училиштето со семејството и локалната заедница.

 

Примери на професионална практика

–       Го промовира училиштето преку различни медиуми и материјали.

–       Учествува во градењето стратегии за соработка со семејството и локалната зедница.

–       Воспоставува контакти за соработка на училиштето со организации за подобрување на учењето и благосостојба на учениците.

–       Ги информира колегите за приодите на училиштето за спроведување на новините во образованиот систем и начините на информирање на родителите за нив.

–       Реализира едукативни активности за улогата на родителите во учењето и развојот на нивното дете.

–       Ги идентификува потенцијалните семејства и организира нивно вклучување во активностите на училиштето.

Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.