Teachers - Наставници

VI – (Подрачје) Професионален развој и професионална соработка (Наставник – ментор) (Професинални стандарди за наставник-ментор)

Наставникот – ментор повеќе од другите наставници е посветен на сопствениот и професионалниот развој на сите во училиштето. Постојано е во тек со новините во наставата и пошироко во образованието, ги знае различните можности за професионален развој,  сопствен и на колегите, и ги споделува со нив. Самоиницијативно користи различни форми на стручно усовршување и се вклучува во стручно усовршување не само на теми тесно сврзани со наставата, туку и за поширока образовна проблематика. Новостекнатите сознанија ги споделува на ниво на училиште преку формални обуки и преку неформални дискусии. Има добри вештини за работа со возрасни и затоа често има улога на обучувач во училиштето.

            Во училиштето придонесува за добра проценка на потребите од професионален развој и за нивно планирање, така што сите ќе имаат придобивки од тоа. Особено промовира рефлексивна практика, како преку сопствен пример, така и преку изготвување инструменти и различни видови колегијална помош. Тој е препознаен од другите наставници како колега кому секогаш можеш да му се обратиш за совет и помош, како на пример, посета на часови кај колеги или отварање на својата училница за колегите. Зарди стручноста и високиот професионален кредибилитет се вклучува во тимови за проценка на работата на колегите заради стекнување сертификати, промовирање или идентификување на потребите за професионален развој.

            Учествува во изготвување норми и материјали за етичност на наставниците во училиштето, ги почитува и ги промовира со што придонесува за реномето на училиштето и на наставничката професија.

Потподрачје: Професионален развој

КОМПЕТЕНЦИЈА
1.    Перманентно професионално се усовршува преку учество во различни форми на формално и неформално учење во функција на образовниот процес.
2.    Развива и применува училишни стратегии за професионален развој.

 

Примери на професионална практика

–       Прави пишан осврт за сопствениот развој и сопствената професионална практика.

–       Изготвува инструменти за рефлексија и самоевалуација.

–       Учествува на акредитирани обуки за менторски вештини.

–       Поседува сертификати и/или други видови докази.

–       Изготвува интерен план за советување, обуки, отворени часови.

–       Член е на училишниот тим за професионален развој.

 

Потподрачје: Професионална соработка

КОМПЕТЕНЦИЈА
3.    Придонесува за професионален развој на колегите.
4.    Промовира и практикува модели на етичко однесување во сите видови на професионална комуникација (со учениците, колегите и пошироката заедница).

 

Примери на професионална практика

–       Споделува искуства и дисеминира сознанија од семинари, конференции, обуки и сл. со колегите.

–       Ги информира и поттикнува колегите за користење на можностите за учење надвор од училиштето.

–       Учествува во комисии за избор и унапредување на кадри.

–       Организира и реализира интерни обуки во училиштето.

–       Раководи со тимови во училиштето што работат на унапредување на воспитно – образовната работа во училиштето.

–       Изготвува материјали за етичко однесување во училиштето.

Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.