Teachers - Наставници

ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ ЗА НАСТАВНИК-СОВЕТНИК (Појдовни основи)

При изготвувањето на Професионалните стандарди за наставник – советник се поаѓаше од следниве определби:

Надградување на стандардите на Основните професионални компетенции за наставници и Професионалните стандарди за наставник – ментор. Наставникот – советник се одликува со тоа што како наставник – ментор покажал дека е лидер во квалитетот на непосредната работа на со учениците, но и лидер во унапредувањето на квалитетот на воспитно-образовната работа во целото училиште, во регионот, како и во унапредувањето и развојот на образованието во целост. Затоа опишаните компетенции за наставник – советник се додадени на постигнатите професионални компетенции за наставник – ментор и треба да се гледаат како кумулативни и комплементарни со нив.

Посветеност на доживотното учење и развој во наставничката професија. Наставникот советник треба да покаже дека е посветен на сопственото професионално надградување, дека придонесува за професионален развој на колегите во училиштето,  но и за професионален развој на колегите од другите училишта. Тој е рефлексивен практичар кој ја истражува својата работа и постојано стручно се усовршува за унапреување на непосредната воспитно-образовна работа во училницата и училиштето и за внесување новини во образованието пошироко. Со својот професионален ангажман тој придонесува за унапредување на наставничката професија и за нејзината афирмација.

Акцент на компетенции професионален ангажман за подобрување на наставата во регионот и на национално ниво. Стандардите за наставник – советник, покрај надградбата на професионалните компетенции за воспитно-образовната работа во училницата и во училиштето како целина, акцент ставаат на компетенциите за подобрување на воспитно-образовниот процес во регионот и на национално ниво. Наставникот – советник поседува знаења, разбирања, способности и вештини за градење и водење професионални заедници за учење на регионално или национално ниво со цел да се подобри наставата по соодветниот предмет или област, но и на воспитно-образовниот систем во целина.

Почитување на образовниот контекст во Република Македонија. Стандардите за наставник – советник го промовираат размислувањето дека истакнатите наставници во училиштата треба да се ангажираат во внесувањето иновации во воспитно-образовниот процес, во споделувањето на знаењата и искуствата со колегите, и да се вклучуваат во градењето визија за развој на училиштето, програмирањето на нејзината реализација и во промените во образованието и воспитанието на системско ниво1. Се имаа предвид и сознанијата дека во училиштата постојат посветени наставници кои се компетентни и се лидери на внесувањето на иновациите во училиштето, регионот или на национално ниво, ги споделуваат своите знаења и искуства со колегите, се ангажираат како обучувачи за различни стручни прашања на национално ниво и се вклучуваат во различни активности за унапредување на образованието.

1 Речиси 2/3 од училиштата сметаат дека наставниците што имаат звање треба да имаат и дополнителни ангажмани во училиштата. Извештај од испитувањата на мислењата на училиштата за стручното усовршување и напредување во звања на воспитно-образовниот кадар, МЦГО 2013 и Извештај од дискусиите во фокус групите за стручно усовршување и напредување во звања на воспитно-образовниот кадар, МЦГО 2013.

Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.