Teachers - Наставници

Знаења за наставниот предмет и за воспитно-образовниот систем (Професионални стандарди за наставник – советник)

Теориските и практичните знаења на наставникот – советник за предметот и дисциплините на кои ги поучува учениците и знаењата за вредностите и поставеноста на воспитно-образовниот систем на Република Македонија треба да ги надминуваат знаењата и компетенциите на наставник – ментор.

Наставникот – советник поседува продлабочени знаења и разбирања за наставниот предмет, што му овозможува да ги вреднува и критички да ги оценува документите поврзани со наставниот предмет и со сродните области на национално ниво и да дава аргументирани предлози за нивното подобрување. Од него се очекува да умее да ги поврзе знаењата за наставниот предмет, методичките знаења и практичното искуство така што ќе ги преточи во квалитетен наставен материјал.

Во соработка со одговорното лице од факултетот ја следи работата на студентот во текот на реализацијата на практичната настава по соодветниот предмет, и врши формативна и сумативна евалуација на неговата / нејзината работа1.

Наставникот – советник ги познава актуелните состојби и промени во образованието, ги следи образовните трендови и умее тие знаења да ги искористи во иницијативи и активности за подобрување на воспитно-образовниот систем.

Потподрачје: Знаење за наставниот предмет

КОМПЕТЕНЦИЈА
1.    Изготвува наставни материјали и материјали за учење што се позитивно рецензирани.
2.    Поседува продлабочени знаења и разбирања за предметната област.
3.    Ги следи, анализира и подобрува програмските документи на национално ниво.

Примери на професионална практика

–       Автор е на рецензирани и објавени наставни материјали (на пр., работни тетратки, наставни средства и помагала, прирачници…) и материјали за учење.

–       Учествува во планирањето и програмирањето на практичната настава на студенти и врши нивно менторирање во соработка  со менторот – професор по соодветниот предмет.

–       Рецензент е на наставни материјали (учебници, работни тетратки, наставни средства и помагала) што се национално одобрени.

–       Член е на тимови за изготвување програмски документи по наставниот предмет.

–       Член е на тимови за изработка на концепциски и програмски документи од областа на стручното образование и обука2.

–       Раководи со тимови на регионално или национално ниво за анализа на програмските документи по наставниот предмет.

–       Изготвува инструменти за врднување на програмските документи.

–       Учествува во анализа на пазарот на трудот и предлага решенија за обезбедување на стручен кадар согласно потребите2.

Потподрачје: Знаење за воспитно-образовниот систем

КОМПЕТЕНЦИЈА
4.    Анализира и изработува концепциски и стратешки документи во образованието.

 

Примери на професионална практика

–       Член е на тимови за изготвување концепциски документи во образованието.

–       Автор / коавтор е на анализи и вреднувања на одделни аспекти на образовниот систем на национално ниво.

–       Учествува во работни групи за предлагање промени во педагошката евиденција и документација.

1 Следење на практична работа на студенти-идни наставници во одделенска настава како и евалуација на нивната работа ќе се врши според „Упатство за изведување практична настава на студенти од наставничките факултети“ – Скопке 2013 (изготвено од : Универзитетот Св. Кирил и Методија“ – Скопје, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот Св. „Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со: Министерството за образование и наука на Република Македонија, Бирото за развој на образованието, со поддршка од мисијата на ОБСЕ во Скопје).

2 Овие компетенции се однесуваат само на наставниците по практична настава и стручно-теориски предмети во средните стручни училишта.

Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.