Teachers - Наставници

Поучување и учење (Наставник – советник) (Професионални стандарди за наставник – советник)

Наставникот – советник е препознаен како квалитетен наставник не само во сопственото училиште, туку и во пошироката професионална заедница. Тој е познат по внесување и промовирање иновации во наставата, не само во училиштето во коешто работи, туку и меѓу колегите од другите училишта. Поседува знаења за истражување во областа на образованието што ги користи за унапредување на наставата во училиштето и им помага на колегите во училиштето и во регионот да ја унапредуваат практиката врз основа на докази за ефективноста на користените приоди, методи и техники. Реализира иновативни проекти давајќи им позитивен пример на останатите наставници за придобивките од сите. Особено внимание посветува на податоците добиени од различни интерни и екстерни оценувања, истите умее да ги анализира и искористи за подобрување на сопствената настава, како и за давање сугестии како да се подобри наставата во училиштето.

Наставникот – советник е еден од оние наставници кои водат грижа за развојот на целото училиште. Водач е на тимовите што ги анализираат состојбите во училиштето и работат на стратешкото планирање на неговиот развој. Тој дава пример како низ севкупната работа може да се придонесува за подобрување на поучувањето и учењето. Поставува високи стандарди за квалитетна настава и им помага на колегите да ги достигнат.

Потподрачје: Планирање и подготовка на наставата

КОМПЕТЕНЦИЈА
1.    Го води процесот на развојно планирање во училиштето.

Примери на професионална практика

–       Ги координира активностите за поврзување на изготвените стратешки и развојни планови.

–       Организира мониторинг и евалуација на реализацијата на програмата за развој на училиштето.

–       Подготвува извештај од евалуацијата на програмата за развој по одделени подрачја.

Потподрачје: Реализација на наставата

КОМПЕТЕНЦИЈА
2.    Креира, аплицира и спроведува иновативни проекти во соработка со други стручни национални и меѓународни институции.
3.    Промовира современи приоди во наставата пред пошироката професионална заедница.
4.    Им помага на колегите во креирање примери на добра практика и реализација на акциони истражувања.

Примери на професионална практика

–       Член е на тим што раководи иновативни проекти на национално ниво.

–       Објавува примери од сопствената наставна практика во стручни списанија или постирано на официјални (рецензирани) веб страници.

–       Држи обуки во училиштето за акциски истражувања, на колегите им дава совети во текот на нивното спроведување.

–       Учествува во градењето критериуми за примери на добра практика и во оценувањето примери од практиката на колегите.

Потподрачје: Оценување на учениците

КОМПЕТЕНЦИЈА
5.    Поседува стручни способности за изготвување инструменти, стандарди и извештаи за оценување на национално ниво.
6.    Ги подобрува училишните политики за оценување.
7.    Знае како да ја зголеми ефективноста на оценувањето, вклучувајќи и користење на статистички анализи.

Примери на професионална практика

–       Изготвува инструменти за оценување по предметот и ги подобрува врз основа на анализа на мерните карактеристики.

–       Им помага на колегите во подобрувањето на инструменти за оценување.

–       Работи во тимови за изготвување документи за оценување на национално ниво.

–       Активно учествува во  работата на тимот за градење училишна политика за оценување.

–       Учествува во тимови за развивање стандарди и стратегии за оценување на возрасните кои стекнуваат стручно образование по вонреден пат1.

–       Обучува претставници од работодавачи за проверка на постигањата на практичната оспособеност на учениците1.

–       Прави статистички анализи на постигањата на учениците по наставниот предмет во училиштето и ги поврзува со можните фактори и предлага мерки за подобрување на успехот.

1 Овие компетенции се однесуваат само на наставниците по практична настава и стручно-теориски предмети во средните стручни училишта.

Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.