Teachers - Наставници

Созадавање стимулативна средина за учење (Професионални стандарди за наставник – советник)

Наставникот – советник има обезбедено неговата училница да биде пример за соодветна работна средина, како од аспект на опременост, така и од аспект на мотивирачката клима за учење и работна атмосфера во текот на наставата. Истовремено, тој е посветен на тоа да придонесе целото училиште да претставува пример на училиште во кое сите се чувствуваат безбедно., пријатно и постојано имаат предизвици за учење. Се ангажира на едуцирање и вклучување на колегите, родителите и другите субјекти од заедницата во подобрување на условите за учење во училиштето и зголемување на безбедноста на учениците во училиштето и во локалната заедница. За таа цел покренува иницијативи и реализира активности за зголемување на физичката безбедност на учениците во училиштето и во заедницата, како и за градење на систем на вредности каде што насилното решавање на конфликти и толеранцијата ќе бидат доминантен начин на однесување. Наставникот – советник е лидер на поврзувањето на училиштата од средината во реализирањето заеднички активности, со што придонесува за подобрување на општата клима за соработка и заемно почитување.

Потподрачје: Создавање безбедна и стимулативна средина за учење

КОМПЕТЕНЦИЈА
1 Поттикнува активности за стимулативна и безбедна средина.

Примери на професионална практика

–       Организира работилници, средби за безбедна и стимулативна средина за учење.

–       Презема активности за подобрување на безбедноста во училиштето и непосредното опкружување.

–       Иницира, организира и спроведува заеднички активности за меѓуучилишна соработка на учениците и наставниците.

Потподрачје: Создавање позитивна училишна клима

КОМПЕТЕНЦИЈА
1.    Создава клима во училиштето и надвор од него која се карактеризира со отвореност, почит и соработка.

Примери на професионална практика

–       Покренува дискусии и иницијативи за осмислување стратегии за подигање на мотивацијата за работа кај учениците и наставниците.

Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.