Teachers - Наставници

Социјална и образовна инклузија (Наставник – советник)

Наставникот – советник е познат како лидер на инклузивноста во училиштето, но и во пошироката заедница Тој знае и користи различни приоди за идентификување и задоволување на образовните потреби и различни групи ученици и особено е чувствителен за потребите за ранливите групи ученици. Со колегите гради стратегии и реализира активности сите ученици, на за нив соодветен начин, да бидат вклучени во активности за учење и во слободните ученички активности, како и во активности во заедницата што училиштето ги реализира. Особено се ангажира на менувањето на ставовите на средината кон маргинализираните групи ученици покажувајќи начини како тие можат да бидат вклучени во заедницата.

Своите знаења, искуство и посветеност ги користи и преку вклучување во активности за подобрување на образовните политики и практики на регионално и национално ниво.

Потподрачје: Социјална и образовна инклузија

КОМПЕТЕНЦИЈА
1.    Придонесува за инклузија на учениците во пошироката заедница.

Примери на професионална практика

– Презема активности на ниво на училиштето и пошироката заедница за ефективно надминување и елиминуирање на материјалите, ситуациите и активностите кои не промовираат еднаквост.

– Предлага и презема активности за активно вклучување на учениците во животот и работата на локалната заедница без разлика на нивните способности, потекло и социоекономската состојба.

– Учествува во изработка на документи за подобрување на инклузивното образование на централно и локално ниво.

– Работи на надминување на предрасудите за вклучување на учениците со посебни образовни потреби во практичната обука кај работодавачите1.

 

1 Овие компетенции се однесуваат само на наставниците по практична настава и стручно-теориски предмети во средните стручни училишта.

Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.