Teachers - Наставници

Професионален развој и професионална соработка (Наставник – советник)

Наставникот советник е пример на професионалец кој многу вложува во сопствениот стручен и научен развој. Како резултат на тоа тој се стекнува со дополнително формално образование, се вклучува во различни форми на неформално образовани, не само за предметната област, туку и за поширока образовна проблематика. Тој, исто така, ги презентира  своите професионални сознанија, гледишта и ставови во стручни и научни публикации и на собири и на тој начин придонесува за професионалниот развој на другите вработени во образованието. Има знаења, вештини и мотивиран е да придонесе за професионалниот развој на колегите, лидер е на активностите за планирање, реализирање и вреднување на професионалниот развој во училиштето, при што се вклучува и во активности за професионален развој на регионално и национално ниво.

Тој е рефлексивен практичар којшто умее да ја анализира, истражува и унапредува сопствената практика. Сака и умее да ги води колегите во унапредувањето на нивната пракита, иницијатор е и водител на колаборативни тимови за учење во регионот и на други професионални заедници за учење.

Има добри вештини за работа со возрасни и затоа често има улога на обучувач на обучувачи и ментори на наставници – приправници.

Потподрачје: Професионален развој

КОМПЕТЕНЦИЈА
1.    Развива и применува стратегии и документи за професионален развој на регионално и национално ниво.
2.    Перманентно стручно и научно се усовршува преку учество во различни форми на формално и неформално учење во предметната област или областа на образованието.

Примери на професионална практика

–       Член е во работни тела за изготвување документи за професионален развој од регионален и национален интерес.

–       Ги презентира стручните сознанија до кои дошол преку истражувања, во стручен печат или на стручни собири.

–       Учествува во работата на тело за проценка на професионалното и кариерното напредување на колегите во наставници – ментори.

–       Учествува во избор, адаптација изработка на инструменти за евалуација на наставници на ниво на училиште.

–       Поседува дипломи, сертификати и / или други видови докази.

–       Поседува дипломи за степен на научен развој (магистратура и докторат).

Потподрачје: Професионална соработка

КОМПЕТЕНЦИЈА
3.    Создава и води регионални тимови за учење и професионални мрежи за размена на искуства.
4.    Развива програми за професионален развој во училиштето.

Примери на професионална практика

–       Ги пренесува своите искуства и знаења на наставници од други училишта.

–       Реализира обуки од регионален и /или државен карактер.

–       Соработува со факултети и други стручни организации на истражувачки проекти.

–       Менторира наставници.

Извор: Основни професионални компетенции и стандарди за наставниците

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.