School - Училиште

Цитати и изреки за образованието (Toni Buzan – 4)

Toni Buzan (Tony Buzan 1942- ) е водечки експерт за функционирањето на мозокот и учењето. Дипломирал 1964 година на факултетот British Columbia во областа на психологијата, англискиот јазик и математиката. Како творец на Умните Мапи станал светски стручњак во областа на менталната писменост. На таа тема Tony Buzan напишал (и бил коавтор) на повеќе од 100 бестселери, а неговите книги се преведени на 50 светски јазици. Tony Buzan е стручњак во областана процесното размислување, креативност, иновација, продуктивност, тој е авторитет во подрачјето – принципи на учење.

Цитати на Toni Buzan

  • Најважна животна вештина е да научиш како да учиш.
  • Ако целосно го користиме нашето помнење, отклучуваме еден огромен резервоар на човечки потенцијал кој никогаш не бил употребен.
  • Дали сте знаеле дека користите само околу 1% од својот мозок? Добрата работа е дека мапирањето на умот може да помогне да пристапите кон останатите 99%.
  • Умната мапа ќе го промени вашиот живот.
  • Гледано историски светот е ментално неписмен.
  • Дури и добро образуваните и писмените поединци се ограничени со фактот дека користат само мал дел од биолошките алатки за размислување.
  • Нормалното, линеарно фаќање пишани белешки ќе ве донесат во состојба на полу-хипнотичен транс, додека умственото мапирање во голема мерка ја подобрува вашата лева и десна страна на мозокот и неговите когнитивни способности.
  • Ја познаваме абецедата, пермутацијата и комбинацијата на буквите во традиционалната писменост. Ги познаваме броевите и нивните пермутации и комбинации. Ист е и начинот на запознавањето со биолошките и концепциските елементи на нашиот мозок и неговите навидум бесконечни пермутации и комбинации на менталната писменост.
  • Стариот линеарен начин на размислување (и читање од лево на десно, од врвот кон дното) прави голем проблем во организирањето на информации кои доаѓаат од нашите сетила.
  • Разберете ја моќта на вашиот мозок.
  • Вашиот мозок нека биде ваше хоби.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.