Teachers - Наставници

Совети за изработка на презентација

Несомнено дека новиот начин на живеење бара и современа информациско-комуникациска технологија во наставата. За таа цел сведоци сме дека наставниците за време на своите предавања сè повеќе и повеќе користат компјутерски презентации.  Меѓутоа за да се планира, изготви, а потоа и презентира одреден материјал потребни е да се почитуваат одредени правила со цел презентацијата да предизвика интерес кај учениците, да биде прифатена од нивна страна и истата да биде лесно разбирлива.

Знаеме дека секоја презентација обично содржи неколку слајдови, а секој слајд покрај текстот може да содржи и фотографии, цртежи, графикони, табели звуци и сл. При изготвувањето на презентациите сè уште кај наставниците доминираат PowerPoint презентациите.

При планирањето на презентацијата потребно е да се одреди содржината и нејзиниот опфат, а тоа зависи од намената, предзнаењата на учениците за тој наставен материјал, како и расположливото време за презентација на тој наставен материјал.

При изготвувањето на презентацијата треба да се води сметка за:

  • Структурата на самата презентација која се состои од неколку чинители:
  • Воведен слајд (обично наслов)
  • Слајд на која е прикажана содржината
  • Наколку слајдови со содржината на презентацијата
  • Слајд со заклучни согледувања и
  • Слајд кој ги повикува учениците на дебата во однос на презентираното
  • Такстот кој е истакнат на слајдовите треба да претставува резиме, односно кратки суштински црти од наставна материја, а не цели реченици.
  • Обично трудете се еден слајд да ви претставува една осмислена целина, тоа подразбира таа целина да не се протега на неколку слајдови.
  • При пишувањето на текстот користете едноставен и читлив фонт, кој нема да биде во иста или слична боја со позадината на прзентацијата.
  • Големината на фонтот на основниот текст не би било пожелно да биде помал од 18-20.
  • За постигнувањето на поголема динамичност во однос на презентацијата, главните делови истакнете ги со различна боја, но не користете повеќе од 2-3 бои, може главните делови и да ги подвлечете (италик) или пак да ги прикажете здебелено (болд).
  • Поголема динамичност и важност на прзентацијата ќе ѝ дадете доколку користите и: фотографии, шеми, табели, графикони и сл.
  • За да биде вашата презентација „брендирана“, најдобро е на истата да го ставите логото или името на вашето училиште, или пак нешто што истата ќе ја карактеризира и потенцира и разликува од другите презентации.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.