School - Училиште

Планирање на наставата за успешна учебна година

За унапредување на наставниот процес големо значење има планирањето на кое му се посветува особено внимание. Тоа претставува добра основа за успешна реализација на содржините кои се наоѓаат во наставната програма. Планирањата претставуваат појдовна основа за реализирање на една успешна и квалитетна настава.

Кога станува збор за планирањето на наставата се мисли на нејзино групирање и поврзување по тематски целини, односно конкретизирање на наставните теми/подрачја, како и наставните содржини во нив, редоследно, според тоа како истите ќе се реализираат, конкретизирање на целите кои треба да се постигнат, потребното време за реализација, форми, методи, техники, нагледни срдства кои ќе се применуваат, постапки и средства за вреднување на постигнувањата на учениците. Колку плановите ќе бидат поквалитетно изготвени и содржајни, толку имаме право да се надеваме дека имаме една добра подлога како стартна основа за реализирање еден добар наставен процес со добри исходи и резултати. Тоа како на наставници ни дава право да се надеваме дека наставните содржини и палирани цели ќе бидат успешно совладани, а стекнатите знаења од страна на учениците практично применети.

планинг-2

За успешно планирање на наставниот процес, наставникот пред почетокот на учебната година треба да изврши одредени подготовки, и тоа:

  • целосно проучување на наставната програма која треба да ја реализира по соодветниот предмет за соодветното одделение, како и проучување на наставните програми по соодветниот предмет од претходната година и наставаната програма по наставниот предмет која следува за наредната година, ова во насока да знае наставникот со кои предзнаења доаѓаат учениците и како да направи поврзувања со содржините кои учениците ќе ги изучуваат следната учебна година;
  • да го проучи избраниот учебник преку кој ќе се реализираат наставните содржини, како и да ги проучи останатите наставни средства и можности за успешно реалзирање на наставните содржини (прирачници, помошна стручна литература, содржини од интернет итн.);
  • да ги проучи најновите достигнувања во областа (за предметот), односно наставните содржини кои ќе ги реализира;
  • да го провери книжниот и дигиталниот фонд со кој располага училишната библиотека и медиотека во однос на наставниот предмет и соодветното одделение со цел да знае дали од истите тој и учениците може да се служат со помошна литература и информации;
  • да се запознае со какви нагледни средства располага училиштето во однос на предметот (за соодветното одделени) кој го предава наставникот и да побара од раководството на училиштето да бидат набавени одредени неопходни нагледни средтва кои недостасуваат во училиштето;
  • да собере информации за предзнаењата на учениците, нивниот интерес, способност и желба за учење во однос на наставниот предмет кој наставникот го реализира.

Откако ќе заврши со овие подготовки, наставникот треба да пристапи кон конкретизирање и подготовка на планирањата кои тој ќе ги користи во текот на учебната година. Исто така тој се подготвува и размислува како поуспешно и поефикасно ги реализира целите од наставната програма. Покрај планирањето на редовната настава, наставникот размислува, планира и се подготвува во однос на изготвување на планирања поврзани со дополнителната и додатната настава во однос на предметот и слободните ученички активности и ученички секции.

Планирањето на наставата за соодветниот предмет ги опфаќа следните етапи:

  • планирање и изготвување годишен (глобален) план;
  • планирање и изготвување тематски планирања;
  • планирање и изготвување дневна подготовка (или дневно планирање, оперативен план за час)

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.