Teachers - Наставници

Годишно, тематско и дневно планирање

Годишен глобален план

Годишниот глобален план за соодветниот предмет произлегува од наставната програма за тој предмет и според кој наставникот се ориентира во работењето во текот на целата учебна година. Овој план служи за целосно, глобално осмислување на наставата за соодветниот предмет. При изготвувањето на овој план наставникот се води од бројот на теми, односно програмски подрачја кои ги содржи предметот, бројот на часови неопходен за реализација на наставните содржини за секоја тема или програмско подрачје, временска рамка за реализација на зададената тема, односно програмско подрачје. Од кажаното може да заклучиме дека овој план во себе ги содржи темите или програмските подрачја (може да се наведат и поттемите и потпрограмските подрачја), нивната квантификација по број на часови во текот на учебната година за реализација на наставните содржини кои се поврзани со нив, како и временската рамка за нивна реализација. На крај бројот на планирани часови за усвојување на нови знаења и бројот на часови за повторување и утврдување на знаењата треба да биде еднаков со бројот часовите кои се наведени во наставната програма за соодветниот предмет. Доколку дојде до одредени отстапувања (во текот на учебната година) во однос на бројот (помалку или повеќе) во однос на наставната програма, во забелешка треба да се наведат причините за таквите отстапувања.

Тематско планирање

Тематското планирање произлегува од годишното глобално планирање. Согласно спецификата на наставниот предмет и динамиката на реализирање на наставните содржини во тематското планирање, се пристапува кон негово изготвување. Под тематско планирање всушност се подразбира конкретизирање на содржините за обработка, бројот на часови и временска рамка на нивна реализација, како и целите кои треба да се реализираат. Тематскиот план покрај овие елементи во себе уште содржи корелација (внатре во самиот предмет) во однос на наставните содржини и корелација со други наставни предмети (во однос на содржините кои се реализираат), форми, методи и техники кои најчесто се користат за реализација на наставните содржини, најчесто користени нагледни средства за реализација на наставнит содржини, како и постапки и инструменти за следење и вреднување на постигнувањата на учениците. Бројот на часови содржан во сите тематски планирања за учебната година треба да биде соодветен со бројот на часови кои се наведени за реализација во наставната програма за соодветниот предмет. Доколку има одредени отстапувања во бројот на часови, треба да се наведат причините за таквата појава. Се препорачува тематските планирања да се изготвуваат етапно во текот на учебната година, а не сите тематски планирања да се изготват на почетокот на учебната година, заедно со годишниот глобален план. Ова се прпорачува од причина што во текот на учебната година може да дојде до различни отстапки во настават предизвикани од општествени или пак природни појави. Сепак да се напомене, секое тематско планирање треба да биде изгответно и предадено во училишната стручна служба најдоцна една недела пред неговото реализирање.

Lesson-Plans-WEB

Дневна подготовка (дневно планирање, оперативно планирање)

Кој од наведениве називи да се употреби, нема да се згрши, затоа што суштината и содржината на планирањето ќе биде иста. Дневното планирање за час произлегува од тематското и годишното глобално планирање. Тоа претставува најнепосредно конкретизирање на дневните активности на наставникот за време на наставниот час. Секое дневно планирање за час треба да ги содржи (покрај името и презимето на наставникот, името на училиштето, бројот на наставниот час кој се реализира) следниве елементи:

  • наслов на наставната содржина;
  • вид на час;
  • место на реализација на часот;
  • цели кои треба да се реализираат;
  • очекувани исходи;
  • наставни форми;
  • наставни методи;
  • наставни техники;
  • наставни средства;
  • тек на часот
  • воведен дел,
  • главен дел,
  • завршен дел,
  • постапки и средства за следење и вреднување на постигнувањата на учениците;
  • рефлексија од часот.

Откако наставникот ќе ги наведе идентификационите податоци во дневната подготовка за час, што подразбира име и прзиме на наставникот и училиште каде се реализира наставата, како и број кој час е по ред, се преминува кон насловот на наставната содржина која ќе се реализира на часот, видот на часот (дали ќе се реализира нова наставна содржина или на часот ќе се повторува и утврдува знаењето на учениците) и местото на реализација (училница или пак некоја друга просторија), следуваат целите кои треба учениците да ги усвојат на часот, а кои цели за разлика од целите во тематското планирање сега се јасни и конкретизирани и исходите кои ги очекува наставникот да бидат постигнати од часот од страна на учениците. Потоа наставникот ги наведува формите, методите и техниките кои ќе ги применува на часот за полесно да бидат совладани планираните цели за часот и исто така ги планира наставните средства кои ќе ги користи на часот (учебник, ИКТ технологија, прирачници, извори од интернет и сл.) Потоа наставникот го опишува текот на часот преку воведниот, главниот и завршниот дел.

Воведениот дел служи за поврзување на стекнатите знаења на учениците со знаењата кои учениците треба да ги усвојат на самиот час. За таа цел наставникот поведува разговор со учениците преку кој сака да ги мотивира и интеклектуално ангажира за она што ќе следува во наредниот дел од часот.

Главниот дел од часот ја опфаќа разработката на новата наставна содржина преку која треба учениците да ги усвојат предвидените цели за тој час. Овој дел, ако може така да се каже, е најважниот дел каде преку искажаната креативност и ангажман на наставникот зависат и целокупните резултати и исходи од самиот наставен час. Во овој дел од часот доминира примената на наставните методи, форми, техники и нагледни средства.

Завршниот дел од часот користи да се сублимираат најважните моменти од тековниот час, да се систематизираат најопштите, но најважните моменти во однос на наставната содржина.Овој дел од часот служи за давање напатствија и задолженија за домашна работа и напоменување за она што ќе следи на наредните часови.

Во дневната подготовка за час следат постапките и средствата кои ќе ги користи наставникот за следење и вреднување на напредокот на учениците на самиот час, следи рефлексијата за часот која наставникот ја потполнува по завршувањето на самиот часи и во која наведува кои елементи од часот биле во ред, кои можед да се користат во иднина, а кои треба да се заменат, подобрат или целосно отфрлат.

Преку дневната подготовка за час наставникот во суштина дава практичен одговор како ќе ги реализира, а учениците усвојат планираните цели за конкретниот наставен час.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.