School - Училиште

Совети за успешен почеток на новата учебна година

Со почетокот на новата учебна година сите чинители на воспитно-образовниот процес имаат одредена доза на возбуда поттикната од најразлични причини. За одредени ученици има нови наставници, а истото важи и за наставниците, одредени наставници се сретнуваат и започнуваат да предаваат на нови ученици. Одредени ученици преминуваат од одделенска во предметна настава, а пак други ученици од основно преминуваат во средно образование. Некои ученици се преселиле од едно на друго место или во друг град па се запознаваат со новото училиште, новите соученици, новите наставници. Промените со почетокот на учебната година се неизбежни. За таа цел наставникот има голема улога во однос на тоа тие промени што е можно повеќе да ги ублажи и да ги насочи во позитивна атмосфера со што на учениците им го олеснува почетокот на новата учебна година и создава позитивна клима за работа во училницата.

                Следуваат совети за наставниците кои сакаат на своите ученици да им го олеснат почетокот на новата учебна година.

Претставување

Претставувањето на наставникот е битен дел на почетокот од учебната година. Обично, наставникот се претставува на тој начин што го кажува своето име и презиме, предметот кој ќе им го предава на учениците, што тој предмет содржи и кои се неговите очекувања од учениците во однос на наставниот предмет кој го предава. Ова е добро и вообичаено претставување. Но, зошто понекогаш да не се избега од ова клише, едноставно да се излезе од овие стереотипни фрази. Новото, а посебно креативното претставување кај учениците ќе предизвика внимание и интерес. Обидете се на учениците да им се претставите поинаку, иако ве знаат од порано, раскажете им на учениците нешто интересно за вас, кажете им нешто што порано не го слушнале од вас, на пример кои се вашите интереси за музиката, кои се ваши омилени филмови, кои места сакате да ги посетите, која храна најмногу ја сакате, кое е вашето омилено животно и сл. Дајте им можност на учениците да ве прашаат нешто што ги интересира за вас, но секако имајте предвид дека вие сте наставникот, а тие вашите ученици. Тоа значи да се направи една динстинкција дека сепак вие сте наставникот, а тие уечниците и дека не може тие да бидат вашите маалски другари. Исто така со учениците избегнувајте да водите разговори околу чувствителни теми кои се однесуваат на вашата или нивната религија, вашата или нивна политичка определеност, случки од вашиот и нивниот приватен живот кои се поврзани со интимата и сл. На тој начин на учениците им давате до знаење дека сепак помеѓу вас како наставник и нив како ученици постои една јасна граница и разлика која меѓусебно треба да се почитува.

smiling little boy with big backpack jumping and having fun

Cheerful smiling little boy with big backpack jumping and having fun against blue wall. Looking at camera. School concept. Back to School

Запознајте ги вашите ученици

Доколку имате добиено нова паралелка, односно клас ученици, потрудете се што побргу да ги запомните нивните имиња. За таа цел првично претставете се, како што веќе кажавме претходно, и побарајте на ист начин и тие да се претствата, односно да кажат кои се нивните интереси или нешто интересно и значајно за нив. Сепак, имајте предвид дека постојат и срамежливи ученици, за таа цел поттикнете ги и охрабрете ги и нив преку некои вообичаени прашања или да кажат нешто што тие скааат без разлика за што и да е. Ваквиот начин на пристап и запознавање кај учениците влева една доверба и искреност за вас, затоа што тие ќе почувствуваат дека вие сакате што побргу да запомните како се викаат и дека вие се интересирате општо за нив.

Воспоставете правила, цели и очекувања

Без разлика на возраста на учениците сепак е потребно наставникот да воспостави едно структуирано работење и однесување со учениците. Сепак вие сте оној кој ја моделира наставата во училницата во однос на наставниот предмет кој го предавате и вие како наставник најдобро знаете како учениците ќе го постигнат она што вие го очекувате од нив. Преку воспоставувањето на одредени правила, цели и очекувања на учениците во суштина им давате насоки на однесувања и граница во однос на тоа што ќе биде прифатливо и толерантно, а што не. Секако, на учениците треба да им посочите дека овој начин на однесување преку воспоставување правила, цели и очекувања не значи дека тие треба да се плашат од вас. Преку воспоставување на претходно кажаните елементи превентивно делувате во однос на намалување на неприфатливото однесување од страна на учениците и намалување на несакани ситуации. Правилата кои сакате да ги воспоставите пред сè зависат од вас како наставник и она што сакате да го постигнете со учениците во однос на наставниот предмет. Слободно може правилата да ги претставите во печатена форма и да ги истакнете на видно место во училицата за да можат учениците истите секогаш да ги имаат предвид и да се потсетат што вие сте напоменале и побарале на почетокот од учебната година. Во правилата на однесување предлагаме да ставите: ненасилно однесување кон соучениците од целото училиште, редовно доаѓање на училиште, забрането користење на мобилните телефони за време на часот, пристојно однесување кон сите наставници и вработени во училиштето.

 Врачање в училиште

Нефункционалното станува функционално

Како наставници сведоци сме на различни генерации ученици, сме наидувале на паралелки, односно класови кои функционираат како едно, каде учениците меѓусебно се дружат, работат и помагаат. Мора да признаеме дека во последно време оваа појава е сè поретка и се должи на разно разни девијантни однесувања во нашево општество. Со цел во паралелката или класот да нема ученици кои би се почувствувале занемарени или отфрлени од нивните соученици, направете го следново. Уште на почеток од учебната година формирајте неколку групи ученици околу 4 и за да подобро се запознаат поделете им однапред подготвени прашања во насока на нивно меѓусебно запознавање. Како наставник гледано сумарно, сигурно сте забележиле дека инцијативноста кај учениците и не е толку голема, дека вие како наставник треба да ги поттикнувате и насочувате. Преку формирањето на групи вие всушност се трудите сите ученици да бидат припадници на нешто, да не бидат отфрлени во училницата од своите соученици. На ваков начин вие се трудите секој ученик училиштето да го памети како пријатна институција, негов втор дом од кој ќе понесе мноштво позитивни моменти и искуства. Секако, не заборавајате овие неколку групи да ги сплотите во една целина бидејќи истите претставуваат една паралелка, клас. Затоа, поставувајте им заеднички интереси и цели кои ќе ги обединуваат низ училишниот живот.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.