Teachers - Наставници

Совети за работа и однесување на младите наставници

Праксата во повеќето случаи покажала дека искуството мудроста и смиреноста во извршувањето на работните задачи доаѓа со работното искуство. Истата ситуација е и со наставничката професија за која мора да се истакне дека претставува предизвик за работа и во себе содржи хуманистички повик. Младите наставници кои се на почетокот од работната кариера често предвреме „горат“ во желбата за извршување на воспитно-образовните задачи и сакајќи да покажат брз успех и врвни резултати во својата професија. Ваквото однесување кај нив може да предизвика стрес, заситеност, губиток на трпение и недостаток на креативност. Голема грешка на младите наставници е нивното претерано емотивно поврзување со учениците и незнаењето до каде треба да се оди со нив во слободниот начин на комуницирање и ставање граница што е прифатливо, односно неприфатливо при обострано однесување, а сето тоа се должи на нивното неискуство.

            На наставничките факултетити идните учители недоволно се подготвени за улогата која ќе ја имаат во текот на нивниот целокупен работен век. Притоа треба да се има предвид дека сите идни наставници немаат ист карактер, тие не се излезени од фабрички калап, со самото започнување на нивната работна кариера, нивниот прв работен час и ден, како и првата средба со учениците кај некои наставници ќе бидат манифестирани различни однесувања: некои од нив пребрзо ќе зборуваат; некои цело време ќе читаат од подготовките со цел да не пропуштат нешто да им кажат на учениците; некои наставници ќе стравуваат дека ништо не знаат; некои ќе заборават на правилната дикција и изговор на одредени зборови, а пак некои трудејќи се тоа да звучи што по литературно ќе звучи извитоперено и несекојдневно; некои ќе заборават на говорот на нивното тело и уште многу други работи. Сите овие почетнички грешки се должат на неискуството и почетничката трема, на кои по неколку години работно искуство наставниците со насмевка ќе се присетуваат.

Следат неколку совети кои на младите наставници почетници ќе им ја олеснат работата со учениците на почетокот од нивната работна кариера.

 млад и стар наставник

Барањето помош не е знак за слабост во работењето

Младиот наставник за помош најдобро е да се обрати кај поискусните колеги со повеќегодишно работно искуство и докажани практичари во своето работење. Пред да преземе одреден чекор пожелно е младиот наставник да се консултира и да побара мислење од својот поискусен и докажан колега. Иако младиот наставник на самиот почеток сака да покаже дека стручно владее со материјалот и често самостојно сака да спроведен одредена работна задача. добро е да се консултира, а консултирањето не е знак на незнаење. Барањето мислење и совет од поискусните колеги често во самиот старт може да спречат одредени несакани ситуации и постапки на младите колеги во било кој дел од работните задачи (однесување со проблематични ученици, примена на одредени форми, методи и техники или нагледни средства, начин на комуникација во училницата и сл.). Праксата покажала дека наставниците со подолг работен стаж и работно искуство се одлични ментори и соработници.

 Млад наставник

Секогаш подготвени за работа

Наставникот голем дел од свој работен век го поминува во подготовка и предвање на подготвениот наставен материјал на учениците. Наставникот доколку сака да биде подготвен и успешен во своето работење мора да подлежи на доживотно учење. Наставникот (во случајов младиот наставник) секогаш треба да има на ум дека секоја паралелка или клас не е ист, дека еден час со друг час без разлика што станува збор за иста наставна содржина не може да биде ист. Во работењето многу е битно поединечно познавање на секоја паралелка или клас и секој ученик. Познавајќи ги нивните потреби наставникот ќе знае како да се подготви и да го моделира наставниот процес согласно потребите на учениците со цел на крај тие да ги постигнат планираните цели, а со самото тоа да ги исполнат и планираните исходи од наставата. На младите наставници на почетокот на нивната работна кариера потребно им е одредено време да ги совладаат вештините на предавање како и стекнување навики за скојдневни подготвки за работа.

 Наставникот не треба да има „лош ден“

Без разлика на тоа колку може наставникот да има лош или проблематичен ден, тоа не смее да го манифестира и прикажува пред своите ученици. Сите домашни проблеми кои ги има најдобро е да ги остави дома или да ги закачи на училишната ограда пред да влезе в училиште. Ова го велиме затоа што учениците лесно ги рефлектираат однесувањата на своите наставници. Доколку наставникот е нервозен налутен и нерасположен, тоа негово однесување лесно може да се пренесе врз неговите ученици. Колку и да е тешко да се потиснат одредени негативни емоции наставникот тоа мора да го направи за да во училницата владее една позитивна атмосфера за работа.

Управување со училницата

Претходно рековме дека наставникот нема право нервозно и непримерно да се однесува во училиште, но тоа секогаш и не е правило за учениците. Тие знаат да бидат нервозни, нерасположени и своето однесување тешко да го контролираат, а за сметка на тоа јавно да го манифестираат во целата училница, па и училиште, ова е посебно карактеристично за учениците од пониските одделенија кои сè уште не знаат да ги контролираат своите реакции и емоции. Провокацијата, нетипичното и недоличното однесување, непристојното одговарање само се дел од неприфатливото однесување манифестирано од страна на учениците. Во вакви ситуации најдобро е наставникот да се самоконтролира, смирено да се однесува и да се прилагоди на новонастанатата ситуациија бидејќи наставникот е тој кој треба да има самоконтрола и кој треба да владее со ситуацијата и истата да ја донесе во нормала. За таа цел наставникот треба да се труди да води што поквалитетен начин на живеење во сите сегменти од својот живот.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.