Teachers - Наставници

Наставни вештини

За да се биде добар наставник, кон воспитно-образовен процес треба да се има темелен пристап. Да се биде добар наставник, треба да се знае како и со што да се поттикнат учениците да учат.

Наставничките вештини претставуваат своевидни наставнички активности кои учениците ги поттикнуваат да учат, истите се состојат од три важни елементи, и тоа:

  • Знаење – поврзано со наставниот предмет, учениците, наставниот програм и наставните методи и техники.
  • Одлучување – поврзано со изнаоѓање начини и средства за постигнување најдобри резултати од страна на учениците.
  • Активности – поврзани со однесување на наставникот преку кое учениците ќе бидат активирани и мотивирани да учат.

Успешен наставник

За успешен наставник се смета оној наставник кој:

  • навремено и темелно ја планира наставата користејќи ги белешките од минатата година од делот рефлексија
  • добро ја има осмислено наставната содржина која им ја предава на учениците преку нејзино јасно структуирање и изнаоѓање соодветни форми, методи и техники на реализација
  • создава пријатно опкружување и клима за работа во училницата
  • воспоставува јасни правила кои подеднакво треба да се почитуваат од сите
  • темелено, прецизно и јасно ги објаснуваат новите содржини кои треба да бидат усвоени од учениците
  • поставуваат високи очекувања кои се состојат од интелектуални предизвици
  • континуирано го следат напредувањето на секој ученик и им даваат брзи повратни информации кои се темелат на собрани докази и факти
  • учениците ги подучува нивното знаење да се базира на разбирање, а не учење напамет
  • подготвен е да применува доживотно учење во текот на неговиот целокупет работен век

Темелни (сеопфатени) вештини

Под поимот темелни (сеопфатни) вештини базирани на квалитететен и ефикасен воспитно-образовен процес се подразбираат следните активности кои треба да ги применува наставникот:

  • континуирано планирање и подготовка
  • ефикасна изведба на наставниот час
  • воспоставување позитивна атмосфера за учење
  • квалитетено водење на наставниот час
  • формативно и сумативно вреднување на постигањата на ученикот
  • одржување ред и дисциплина
  • способност за самостојно вреднување на работата

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.