Teachers - Наставници

Вештини поврзани со технологијата кои е пожелно да ги поседува секој наставник

Живееме во ера на брз технолошки развој кој и да сакаме нема да не одмине. Информациската технологија е присутна во сите сфери од човековото живеење па така стана и состевен дел од образованието и воспитанието. Од тие причини пожелно е секој наставник да поседува вештини поврзани со технолошките и информатичките процеси. За таа цел ќе наведеме одредени вештини кои е пожелно да ги поседува секој наставник, а кои се поврзани со новата информатичка технологија.

·  Вештини за обработка на текст – добро е наставниците да знаат одредени начини за обработка на пишан текст со цел текстот да има добро структуирана форма и да биде привлечен за работа на учениците.

·  Добро познавање на програмата Excel за да може наставникот да изготвува разни табеларни и статистички прикази согласно неговите потреби.

·  Наставниците треба да знаат како да изготвуваат бази на податоци каде ќе ги чуваат сите нивни дотогаш изготвени: презентации, табеларни прикази, текстови и сл.

· Вештини за изготвување на презентации – добро е наставниците да познаваат програми преку кои наставниот материјал кој го предаваат ќе го преточат во презентација со цел наставниот процес да биде модернизиран и поинтересен за учениците.

· Вештини за пребарување на web-стрници – со цел подобра подготовка за настава и прибирање информации поврзани со материјалот кој треба да го реализираат, како и добивање нови идеи за поефикасна и поефективна настава.

·    Изработка на web-стрница – сè е поголем трендот наставниците да имаат сопствена web-стрница преку која ќе го презентираат и споделат во пошироката јавност она што го работат. Истата се користи и за комуникација со учениците и нивните родители со што ја олеснуваат меѓусебната комуникација. Изготвувањето на web-стрницата бара и постојано ажурирање и надополнување со нов материјал.

· Во денешно време во голема мерка е распространето користењето на електронската пошта. За таа цел пожелно е секој наставник да има сопствен е-маил за комуникација со образовните институции, колегите, учениците, родителите итн.

·   Користење на дигитална камера – за наставниците во своето работење добро е да користат дигитална камера или дигитални фотоапарати преку кои ќе обезбедат докази за своите добри практики од воспитно-образовниот процес.

·     Добро познавање и применување на Microsoft office пакетот за работа.

· Познавање како да се преземе и инсталира софтвер од одредена web-страница.

·   Интерес за новите информатички технологи наменети за наставниците.

·   Поседување знаење како да се користи УСБ-стиковите.

·   Поседување знаења за скенирање на документација.

·    Ракување со компјутер, лаптоп, таблет итн.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.