Teachers - Наставници

Улогата на наставникот во создавањето креативно образование

Отсекогаш задачата на учениците била да учат. За да учат, учениците треба да бидат поттикнати, а постојат различни начини на поттикнување. Некои од нив се: интересен наставен материјал, пофалбите искажани од нивните наставници и родители, желба за постигнување успех и лична афирмација, желбата за нивно понатамошно школување, наградите, па дури и стравот од родителите и наставниците. Како што постојат различни начини за поттикнување на учениците за учење, така постојат и многу нешта кои учењето им го прават одбивно, некои од тие начини се: наставен материјал кој не ги поттикнува да учат, лоши учебници, преголеми наставни лекции, лошо предавање на наставникот, лоша училишна клима, необјективно оценување, лоши услови за работа и учење итн.

Мотивацијата претставува главен предуслов за успешно поучување на учениците и работа со нив. Факт е дека наставникот е оној кој ги мотивира учениците, а резултатот од тоа е посветени и мотивирани ученици. Клучни носители на успешниот наставен процес се: мотивацијата, концентрацијата и активирањето.

Волјата претставува клучен фактор во постигнувањето на одредена посакувана цел. Волјата може да се спореди со одлучноста, упорноста и доследноста во извршувањето на одредена задача, поткрепа врз сопствените можности, доследно извршување на обврските и спроведување на зацртаната замисла.

Во однос на тоа што беше досега кажано улогата на наставникот е од големо значење. Улогата на наставникот е да ги поттикне учениците да го засакаат предметот кој го предава, да постигнат учениците добри резултати, квалитетно реализирање на наставните содржини, поттикнување на учениците за понатамошно продолжување на школувањето во насока согласно нивниот покажан интерес и успех за одредена област. Улогата на наставникот е да не дозволи учениците да се разочараат во училиштето, наставникот, и воопшто во наставниот процес. Наставникот не треба да направи грешка, односно пропуст и да ги тера учениците да постигнат нешто кое реално не е во согласност со нивните можности. За да не дојде до ова наставниците треба добро да ги проучат можностите на секој ученик посебно. За таа цел наставниците треба да им овозможат побрз напредок во усвојувањето на нови сознанија на учениците кои покажуваат посебен интерес и успех. Од тие причини барањата и задачите кои им ги дава на учениците треба да бидат во согласност со нивните можности, потреби и интереси. Врз основа на претходно спроведена диференцијација на учениците наставникот ќе има јасна слика за можностите на секој ученик. Ова не значи дека наставникот не треба да ги поттикнува и мотивира помалку заинтерисираните ученици, напротив, тој секогаш треба да ги мотивира и потикнува за работа и оние ученици кои не покажуваат посебен интерес за целокупниот воспитно-образовен процес. Во работењето со учениците наставниците треба да им овозможат услови тие самостојно да откријат кои се нивните можности и интереси и за која област се надарени за да со успех ги остваруваат работните задачи. Да ги насочат од кого и каде може да добијат конкретна и соодветна помош во однос на областа која нив ги интересира.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.