Students - Ученици

Играта и наставата

Играта е составен дел од позитивниот развој на секое дете. Играта помага во позитивниот емоционален разој на секое дете, а недостатокот на слободно време за игра кај детето може да предизвика стрес, потешкотии од различен вид, депресија. Преку игра децата го откриваат нивното опкружување и го осознаваат светот кој ги опкружува, ги развиваат сопствените способности и вештини стекнуваат нови искуства, играта ја потикнува нивната фантазија и креативност. Секое дете ужива во играњето, а играта ги мотивира и позитивно делува кај нив во процесот на учење. Играта всушност претставува најдобар облик за учење и стекнување нови знаења. Истражувањата покажале дека наученото преку игра е потрајно за разлика од некој друг облик на учење.

Од различни истражувања спроведени од врвни педагози во однос на предноста на играта како облик на учење произлегле следните резултати:

  • постигнување највисок степен на концентрација и внимание;
  • зголемена активност за ралика од другите видови и активности на учење;
  • децата, гледано емоционално, имаат многу позитивен став на учењето преку игра за ралика од другите видови на учење;
  • стекнатите знаења преку игра се подолготрајни од другите видови на учење;
  • преку примрна начинот на учење преку игра децата помалку се заморуваат за разлика од другите начини на учење;
  • учењето и памтењето на нови сознанија преку игра е исто како кога тие учат од готов текст или предавање, но сепак атмосферата кога се учи преку игра е попозитивна;
  • учењето преку игра ја зголемува мотивираноста и интересот на учениците за разлика од другите видови учења;
  • учењето преку игри на симулација на детето му се доловува пореалистично одредена работа и детето има подобра претстава за она што го учи;
  • учењето преку игра е применливо со деца од различни возрасти;
  • учењето преку игра многу позитивно влијае кај децата кои се социјално загрозени, депримирани или имаат одредени потешкотии.

Во однос на примената на учењето преку игра, наставниците треба да знаат дека тоа бара голем ангажман и посветеност од нивна страна и истовремено, треба да знаат со која цел и кој ефект ќе се постигне од таквиот начин на работа. Пред да се воведе учењето преку игра наставникот треба добро да ги познава учениците и нивните потреби. Пред да се примени овој начин на учење наставникот треба да ја приспособи играта согласно возраста на учениците и нивниот интелектуален развој и способност. Меѓу другото наставникот треба да има предвид и дека во училницата има ученици со различен интерес и постигнувања, затоа, наставникот треба да применува различни игри за различни ученици кои ќе ги усогласува според нивните можности. Од страна на наставникот најдобро е да се воведуваат игри чии барања нема да бидат предолги и да се има предвид времето предвидено за еден наставен час.

Учењето преку игра може да се примени при различни наставни часови, и тоа; вежби, повторување, вовед во нова наставна содржина или при усвојување на нови знаења. Од гледна точка на форма на работа учењето преку игра може да се примени при: работа во група, работа во парови или индивидуална работа.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.