Students - Ученици

Надарени ученици

Надарените и талентирани ученици во општеството се идентификувани како деца кои може да имаат големи постигнувања. Овие деца треба навремено да се идентификуваат во општеството и за истите да се води посебна грижа во однос на нивниот третман поврзан со нивното образование и воспитание. Надлежните институци за нив треба да креираат диференцирани образовни програми кои ќе се базираат на поголеми барања во однос на постоечките образовни програми.

            Надарените ученици во однос на другите се одликуваат со високи интелектуални способности, љубопитност, желба за стекнување нови знаења и проширување на постоечките знаења, желба за сопствена афирмација и критичко расудување на нештата. Поседуваат иновативност, создавачко мислење и апстрактно расудување. Имаат интерес за квалитетно работење и создавање широк интерес во сите сфери на општествениот живот. Во училиште покажуваат особен интерес и сакаат да бидат ангажирни во сите училишни збиднувања.

Во табелата што следи прикажани се одредени карактеристики кои ги одликуваат надарените ученици.

Надарени ученици Карактеристики
-Имаат добро помнење

-Поставуваат многу прашања и се љубопитни

-Имаат големо знаење

-Бргу решаваат задачи

-За време на часовите сакаат да бидат активирани од страна на наставникот

-Лесно ги помнат новите информации

-Бргу ги усвојуваат новите знаења

-Имаат посебен интерес кон природните науки (посебно кон математиката)

-Знаат да читаат побргу и подобро во однос на другите ученици

-Го довршуваат она што наставникот им го кажува на учениците

-Имаат високи постигнувања во однос на другите ученици

-Знаат да ја попречуваат наставата сакајќи да се наметнат преку сопствените знаења

-На часовите се случува да им е досадно затоа што го знаат она што треба да го усвојат

-Задачите ги завршуваат предвреме

-Покажуваат отпор кон нешто што треба да се научи напамет

-Сакаат да бидат вклучени во сите училишни активности

-Сè ги интересира

– Сакаат предизвици

– Мотивирани се за усвојување нови знаења

– Сакајќи да се докажат преземаат премногу задолженија што може да им претстваува одредена потешкотија

-Одбиваат да работат во област која не е интересна за нив

-Имаат голем степен на мотивација

-Размислуваат независно

-Се произнесуваат со несекојдневни и оргинални размислувања

-Не прифаќаат критика

-Не прифаќаат авторитети

-Не им одговара работа во група

-Ги поврзуваат нештата кои просечните ученици не можат да ги согледаат

-Имаат несекојдневен, посебен пристап при разрешувањето на задачите

-Поседуваат разни вештини во насока на анализа, евалуација, синтеза…

-Често знаат да заборават да исполнат некои задолженија

-Забораваат да напишат домашна задача

-Сакаат да дебатираат за актуелни случувања од сите сфери од човековиот живот

-Имаат силно чувство за праведност

-Перфекционисти се во она што го работат

-Знаат често да бидат критични и самокритични

-Имаат смисла за хумор

-Сакаат игра на зборови

-Имаат специфична смисла за хумор

-Сакаат често да се мајтапат во училница

-Склони се кон шегачење

 

-Чувствителни се

-Поседуваат висок степен на добро изразување

-Секоја идеја добро ја анализираат пред да ја соопштат

-Поседуваат добри вештини поврзани со уметноста

-Често сакаат да бидат лидери при групното работење

-Соучениците често го нарекуваат „сезнајко“

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.