Students - Ученици

Работата на наставникот со агресивни деца

Покрај задачата на наставникот да работи на образовната компонента со децата, не помалку важна и занемарлива е и работата на воспитната компонента. Во однос на воспитната компонента, основна задача на наставникот е да ги потикнува и развива позитивните облици на однесување кај децата за сметка на негативностите и девијантните појави. За таа цел, наставникот треба да ги воочи фактите кои допринесуваат детето да не се однесува согласно нормите на правилно и прифатливо однесување, како и оние факти кои позитивно влијаат на неговото позитивно однесување.

Во праксата во работењето со учениците како најчести пореметувања во нивното однесување се: пореметување кое се одликува со недостаток на невнимание и агресивно однесување, недостаток на интерес за учење, пореметувања поврзани со моторичките вештини, пореметувања поврзани со комуникацијата, пореметувања предизикани со лошиот начин на исхрана, однесување пропратено со тикови итн.

agresiven-2

Гледано целосно, сите деца може да бидат потенцијални „кандидати“ како носители на некои од претходно наведени пореметувања и несоодветни однесувања, но колку тие ќе бидат отстранети и во која мерка, тоа зависи од многу фактори и чинители, а еден од нив е и самиот наставник. Во понатамошниот текст ќе стане збор за насилното, односно агресивно однесување на учениците. Агресивното однесување на ученикот може да биде пропратено со физичко или вербално несоодветно однесување манифестирано кон лица и предмети преку различни облици. Некои од нив се: физичко и вербално малтретирање на соучениците, агресивно однесување кон наставниците, кршење и расипување на училишниот инвентар, несоработка, не почитување на училишните правила, лош успех во училиште, неоправдано отсуствување од училиште, групно насилно однесување манифестирано од повеќе ученици, носење на ладно или огнено оружје и негова употреба итн. Учениците кои ги одликуваат повеќе карактеристики и облици на несоодветно однесување, а кое го манифестираат не само во училиште, туку, и дома и на други места се потенцијални лица кои кога ќе бидат возрасни може да бидат оквалификувани во општеството како лица носители на криминал и несоодветно општествено однесување.

Агресивното однесување кај учениците

Агресивните деца имаат проблем со правилното однесување, за себе немаат некое добро мислење и самопочитување, за нив се виновни сите, сакаат да бидат забележани од околината и да бидат во центарот на вниманието. Општо земено желбата за внимание е присутна кај секое човечко суштество, па така и кај децата. Тие од што сакаат да бидат во центарот на внимание не бираат срдства и начини како да го привлечат вниманието на другите, а често тоа го прават и преку несоодветно однесување, важно да го привлечат вниманието на другите и да бидат забележени од околината. Затоа, на учениците постојано треба да им се укажува кое однесување е несоодветно и неприфатливо и дека за таквото однесување може да следат одредени негативни последици и казни. Траба да им се посочи кое однесување е прифатливо и го очекуваме од нив, а кое однесување секогаш треба да биде истакнувано, пофалувано и по можност наградувано. Но праксата во работењето со децата кои имаат нарушено позитивно однесување покажала дека е многу тешко и напорно тие да го сменат сопственото негативно однесување. Како причина за тоа најчесто е недостаток на мотивација, недостаток на континуирана поддршка од семејството и околината. Затоа многу е битно родителите, околината и наставниците да бидат упорни, трпеливи и истрајни во работата со овие агресивни ученици за да крајниот резултат биде создавање на ученик кој ќе манифестира прифатливо однесување во училишниот и општествениот живот. Во работењето со ваквите ученици многу е битно да се насочиме кон однесувањето на ученикот и да не му потенцираме постојано каков е тој и како е неприфатливо неговото однесување и истовремено да го навредуваме и омаловажуваме. Најважно од сè е да знаеме дека детето може да го смени своето однесување, но карактеристиките на личноста никогаш. Секогаш предвид треба да имаме дека агресивното однесување секогаш има некаква цел, дури и несоодветното агресивно однесување кон соучениците манифестирано со вербален или физички начин е со цел од нив да се добие нешто, затоа што неговите соученици имаат страв од него и му попуштаат.agresiven-3

Агресивното однесување исто така позитивно влијае и на емотивниот стрес и оптоворување со што агресивниот ученик ваквото однесување му служи како издувен вентил за неговата насобрана лиутина и стрес. За да се отстрани ваквото агресивно однесување на ученикот, тој мора да биде мотивиран и насочен кон друго прифатливо однесување. Децата кои девијантно се однесуваат сметаат дека тоа е единствениот начин да го добијат она што го посакуваат. Затоа наставникот и другите лица од неговото опружување на таквиот ученик треба да му посочат дека постојат други посоодветни начини на однесување како да се стигне кон нештото кое се сака. На ваквите ученицит треба да им се посочи примената на позитивна комуникација како фактор кој позитивно влијае во целокупното општество и како фактор преку кој се стекнува соодветен позитивен статус во општеството и начин преку кој се стекнуваат пријатели, соработници и познаници.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.