Students - Ученици

Злоупотреба на средствата за зависност (симптоми и знаци)

На самиот почеток од новата учебна година добро е да се каже во кратки црти и за злупотребата на средставата кои создаваат зависност кај учениците, посебно од страна на оние ученици кои се во фаза на адолесценција. Учениците кои се во фаза на адолесценција (лицата кои се во пубертет) се популација кај која е најевидентна промената на однесување пропратена со чести промени во однесувањето, потреба од докажување во околината, бунтовност, непочитување и кршење на правилата. Од тие причини од големо значење е со оваа популација ученици да се има посебен пристап кој би требало пред сè да се гради на едно взаемно почитување и создавање взаемна доверба (наставник-ученик). Во овој период на адолесценција учениците често сакаат да експериментираат и тоа во најразлични полиња: облекување, однесување, физички изглед итн., а неретко сакаат да се однесуваат како возрасни па овој период е оној кога тие најчесто посегнуваат по најразлични пороци од кои најопасни се средствата на зависност. Во овој период многу е тешко да се препознаат разликите помеѓу „нормалното“ вообичаено однесување на адолесцентот што подразбира променливо расположение и пркосење на родителите и наставниците во однос на злоупотребата на средствата за зависност. Знаци кои може да упатат и алармираат на претпазливост во однос на злоупотреба на средства за зависност од страна на ученикот се:

  • Промена на физичкиот изглед, недостаток на енергија, запоставеност во однос на личната хигиена.
  • Драстичен пресврт во однос на училишниот успех, целосно занемарување на училишните и домашните обврски, неоправдано и често отсуство од училиште, лоши оценки.
  • Зголемени трошоци од страна на ученикот, барање поголем џепрлак, исчезнување на вредни предмети и пари од дома.
  • Проблеми со законот реметење на јавниот ред и мир.
  • Проблеми во однос на социјалното однесување, несогласување и расправии со членовите на семејството и наставниците.

Во однос на оваа проблематика треба да се напомене дека адолесцентите кои злоупотребуваат средства на зависност во почетокот на секој можен начин ја прикриваат нивната зависност од овие средства, а со тек на време кон нив стануваат толерантни и одвикнувањето е многу тешко. Од тие причинини многу е важно адолесцентите кои стануваат зависници од овие средстав рано да се детектираат врз претходно кажаните симтопи со цел да се спречат истите да ги употребуваат и да им се помогне на секој можен начин вклучувајќи го семејството, училишното раководство, стручна служба, наставниците, лекарите итн.

Дрога-2

Постојат одредени физички и психолошки знаци кои може да укажат на злоупотреба на средствата за зависност и за едните и за другите ќе биде посебно кажано.

Знаци кои отсликуваат пореметено физичко однесување и се индикатори за злоупотреба на средства на зависност:

  • Нагло губење или добивање телесна тежина
  • Промена во апетитот, намален или зголемен апетит
  • Пореметен физички изглед и запуштање во однос на личната хигиена
  • Екстремна хиперактивност
  • Несоница, будење и спиење во невообичаено време
  • Несекојдневен мирис на здивот и облеката
  • Проширени зеници, закрвавени очи, поглед во празно
  • Успорено движење лоша координација на телото
  • Неразбирливо зборување
  • Неправилна работа на срцето
  • Трпнење на телото, потење на дланките
  • Зачестено кашлање, зачестено течење крв од нос
  • Румено или бледо лице, подуено лице
  • Претерано потење на целото тело, мачнини, поврачање
  • Траги од бодежи на игла по телото

Знаци кои отсликуваат пореметено психичко однесување и се индикатори за злоупотреба на средства на зависност:

  • Брза промена на расположението
  • Раздразливост, нерасположеност, нервоза, неконтролирани испади
  • Промена на ставови без некој конкретна причина
  • Заборавеност, потешкотии во концентрација и внимание
  • Општ недостаток во однос на мотивираноста, самодовербата и недостаток на енергија
  • Невообичаено повлекување во себе, изолација од останатите, депресија
  • Летаргија, отсутност со мислите
  • Брзо се навредува, невообичаена осетливост, напади на бес
  • Зачестено лажење и неискреност
  • Анксиозност, плашливост без причина, параноја

Дрога-3

Специфични знаци и симптоми карактеристични за злоупотреба на одредени средства на зависност

Знаците кои отсликуваат одредена зависност пропратени се со различни однесувања и симптоми, зависно од средствата на зависност. Во текстот што следи ќе бидат претставени одредени знаци и симптоми карактеристични за одредени средства на зависност:

Пушење – темножолти дамки по забите и прстите, мирис на тутун по целото тело и облека, остатоци од тутун во џебовите на облеката.

Алхохол – потешкоти при движењето, неразбирлив говор, неспретност, проширени зеници, поспаност, намалена моќ на размислување.

Марихуана – црвени очи, непрекинато смеење и повишен тон на зборување, поспаност, губиток на интерес и мотивација, варирање на телесната тежина (дебелеење или слабеење).

Инхалаторни средства (разредувач, лепак) – ослабен вид, насолзени очи, осип околу носот и устата, мачнини и главоболки, намалено помнење и мислење, поспаност, изобличен изглед, промена во апетитот, намалена функција на мускулатурата, раздразливост, неправилна работа на срцето.

Хероин – стеснати зеници, бодежи од игла, зеници кои не реагираат на светло, губење апетит, спиење во невобичаено време, поврачање, потење, кашлање и шмркање, чешање.

Психостимуланти (кокаин, екстази, метамфетамин, спид) – ансиозност, претерана разговорност по која следи депресија, хиперактивност, еуфорија, претерано спиење во невобичаено време, проширени зеници, сува уста и нос, губење тежина, подолго време нејадење и неспиење.

Халуциногени (ЛСД, фенициклидин, псилоцибин) – бизарно и ирационално однесување пропратено со агрсија, халуцинација, параноја, променливо расположение, проширени зеници, окуприност со сам себеси или некој предмет, збунетост, неразбирлив говор, отуѓување од другите луѓе.

Доколку се случи во вашето непосредно секојдневно опкружување да постојат ученици кои се зависни од одредени средства и истите ги злоупотребуваат, веднаш да се обратите до училишната стручна служба, соодветно медицинско лице или институција која се занимава со лица кои злоупотребуваат одредени средства и се зависници од истите. Што побаргу бидат детектирани ваквите ученици толку ќе бидат поголеми шансите и можностите за нивно лекување и одвикнување.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.